Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Останато

Атлантик Група го дезинвестираше и последниот дел од спортската и активна исхрана

Објавено

на

Атлантик Група заедно со долгорочниот партнер во дистрибуција на спортска и функционална храна, германскиот Genuportom, потпиша договор за продажба на бизнис области на спортска и функционална храна која ги вклучува брендовите Multipower, Champ и Multaben, кои во 2018 година беа 2,5 отсто од вкупниот приход од продажби Атлантик Група.

Ова е продолжение на корпоративната стратегија на дезинвестирање на не-стратешки бизнис операции во рамки на кои производствените погони за спорт и функционална храна се веќе претходно продадени на белгискиот Aminolabsu.

Германската компанија Genuport, како поранешен дистрибутер, влегува во сопственост на пазарно етаблираните брендови со одлично познавање на пазарот и потенцијалните брендови кои се дел од сегментот на спортска и функционална храна и како таква таа беше логичен избор како партнер во овој процес. Ние веруваме дека Genuport ќе продолжи фокусирано и посветено да ги развива овие брендови кои бележат долга традиција и веруваме дека со знаењето кое го  имаат во областа на дистрибуција ќе допринесат за уште подобро позиционирање во овој брзорастечки сегмент од пазарот”, изјави заменик-претседателот на Атлантик Група за корпоративни прашања Невен Вранковиќ, додавајќи дека износот на трансакцијата и двете компании се третира како деловна тајна.

Multipower е повеќе од 40 години препознатлив бренд и еден од лидери на пазарот во Европа за спортска и функционална храна, познат по своите високквалитетни производи и протеински додатоци за спортисти и аматери. Дел е од системот на Атлантик Група од 2005 година, со придружните брендови Champ и Multaben познати на германската и пошироката европска публика. Genuport е една од водечките германски компании за дистрибуција со долга референтна листа на партнерските компании како Wandera, Mondeleza, Snyder’s Lancea, Weetabixa и многу други.

Останато

Јовановиќ: Мислев дека “метлата” требаше да ги фати оние кои работеа за личен интерес и местеа милионски тендери

Објавено

на

Поранешниот советник во Министерството за финансии, Бранимир Јовановиќ, се огласи по повод промената која ја најави премиерот Зоран Заев за смената на Министерот за финансии, Драган Тевдовски. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Истражување – Колкави се просечните месечни нето примања во ИТ секторот?

Објавено

на

Во периодот од 6 февруари до 6 март 2019 година, македонскиот портал за информатичка и комуникациска технологија IT.mk спроведе опсежна анкета за состојбата на македонската ИТ работна сила. Анкетата, во која земаа учество повеќе од илјада професионалци од ИТ индустријата, прикажува клучни факти за програмерите, девелоперите, графичките дизајнери и професионалците од областа на дигиталниот маркетинг во Македонија. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Вчера во Битола се отвори нов мултифункционален комплекс „СН СООБРАЌАЕН ЦЕНТАР” Инвестиција вредна 5,5 милиони евра

Објавено

на

Вчера во Битола СН Осигурителен Брокер АД Битола отвора нов мултифункционален комплекс „СН СООБРАЌАЕН ЦЕНТАР”, единствен од ваков тип на територијата на Битола и околината. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange