Осигурување
АСО предупредува: Детектирани случаи на нудење осигурителни услуги од друштва кои немаат дозвола за работа во земјава

Врз основа на следење на состојбата на осигурителниот пазар во земјата, посебно во делот на рекламирање и продажба на осигурителни производи, Агенцијата за супервизија на осигурување во последно време детектира случаи на нудење, рекламирање и склучување на полиси за осигурување издадени од странски друштва за осигурување (особено од Република Бугарија) кои немаат дозвола за вршење работи на осигурување од Агенцијата за супервизија на осигурување.
Агенцијата за супервизија на осигурување напоменува дека вршењето работи на осигурување, работи на застапување во осигурување односно осигурително брокерски работи без дозвола од Агенцијата претставува кривично дело за кое согласно Законот за супервизија на осигурување е предвидена казна затвор од три месеци до пет години.
Агенцијата за супервизија на осигурување ги предупредува сите субјекти кои вршат работи на осигурување, работи на застапување во осигурување односно осигурително брокерски работи без дозвола од страна на Агенцијата, дека во случај на идентификување на овие субјекти, против истите ќе бидат преземени сите со закон пропишани мерки и санкции.
Истовремено, Агенцијата ги информира правните лица и физичките лица кои вршат дејност како и граѓаните во Република Северна Македонија дека согласно Законот за супервизија на осигурување, може да се осигуруваат исклучиво во друштва за осигурување кои имаат дозвола од Агенцијата за супервизија на осигурување.
Поради сето горенаведено, Агенцијата апелира граѓаните да внимаваат од кои друштва за осигурување купуваат полиси за осигурување, а особено поради фактот што постои можност, доколку полисите ги купат од странски друштва за осигурување кои немаат дозвола од Агенцијата за супервизија на осигурување, во иднина, да не можат да ги остварат своите права од склучените договори за осигурување, за кои уредно од нивна страна е платена премија за осигурување.
Агенцијата за супервизија на осигурување ги информира граѓаните дека на веб страницата на Агенцијата (www.aso.mk) може да се информираат за сите субјекти кои се овластени да вршат работи на осигурување, работи на застапување во осигурување односно осигурително брокерски работи на територијата на Македонија.
Осигурување
Бројот на претставки решени во корист на осигуреници зголемен за 37%, најчесто се жалат на основ за исплата и висина на надомест

Продолжува да расте бројот на претставки кои до АСО ги поднесуваат незадоволни осигуреници што укажува на заклучок дека осигурениците ја препознаваат посветеноста на менаџментот и вработените на АСО во заштитата на правата на осигурениците. Очекувано најбројни, во првите три месеци годинава, се поплаките на осигуреници при обештетување од автомобилска одговорност. Во овој период не била поднесена претставка само за една од вкупно 16 компании за осигурување. (more…)
Компании
Вилма Учета Дузлевска на нова меѓународна позиција во рамки на Групацијата Триглав

По петнаесетина години поминати во осигурителниот сектор во земјава, од кои дванаесет на главна извршна позиција, Вилма Учета Дузлевска заминува од кормилото на Триглав Осигурување Живот. Надзорнот Одбор на Триглав Осигурување со седиште во Република Хрватска ја назначи Учета Дузлевска за Претседател на Управниот Одбор, а позицијата ќе ја извршува по добивање на потребните согласности од страна на хрватските надлежни тела. (more…)
Осигурување
Триглав Осигурување со нов производ за осигурување на дом – Мој дом

Триглав Осигурување го воведува Мој дом – нов производ за осигурување на домот. Мој дом нуди избор на повеќе пакети на покритија. Клиентите имаат можност да изберат пакет во согласност со нивните потреби и можности, како и да додадат во својот пакет одредени дополнителни покритија и предмети на осигурување и на тој начин самите да го креираат осигурувањето за својот дом. (more…)
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Стопанска Банка а.д. Битола
- Домашни банкипред 1 month
ПРВ КВАРТАЛ ОД СОНИШТАТА ЗА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА – добивката зголемена за речиси 100%!
- Платежни картичкипред 1 month
VISA TRAVEL – нова кредитна платежна картичка на Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје