Connect with us

Осигурување

АСО: Осигуреници од штети наплатија 31,5 милиони евра, 20% повеќе од минатата година

Објавено

на

Компаниите за неживотно осигурување во првото полугодие годинава исплатиле 5,2 милиони евра повеќе штети на осигуреници во однос на истиот период лани. Раст на исплатите има кај трите големи групи класи: осигурување имот, осигурување моторни возила и останатите класи од неживотно осигурување.

Граѓани, компании и институции наплатија 1,94 милијарди денари (31,5 милиони евра) обештетување за штети покриени со осигурителни полиси за неживотно осигурување во првите шест месеци годинава, покажуваат официјалните податоци на Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО).

Во споредба со истиот период минатата година износот на бруто исплатени штети (БИШ) кои осигурителите ги платиле на осигуреници е повисок за 319,5 милиони денари (5,2 милиони евра односно) односно 20%.

Во значајна мерка влијание врз растот на исплатените штети има зголемувањето на вкупната мобилност како и активностите во сите општествени сфери. Тие се интензивираа по укинувањето на мерките и ограничувања кои, истиот период лани, беа на сила заради превенција од глобалната здравствена пандемија предизвика од вирусот COVID-19.

Значаен раст на исплатените штети има кај осигурувањето имот. Во првите шест месеци годинава 11 осигурителни друштва за неживотно осигурување на своите осигуреници за штети на осигурен имот им исплатиле 292 милиони денари (4,75 милиони евра) што е за 18,5% повеќе од истиот период минатата година.

Кај осигурувањето од автомобилска одговорност (најзастапено осигурување задолжително со закон) износот на исплатени штети изнесува 1,04 милијарди денари (17 милиони евра). Во споредба со истиот период лани износот на исплатени штети е зголемен за 21 отсто односно 182 милиони денари (3 милиони евра).

Кај класата на доброволно автомобилско осигурување т.е. каско осигурување за овој период компаниите исплатиле штети во вредност од 224 милиони денари (3,6 милиони евра).

Осигурителните друштва за останатите класи осигурување на своите осигуреници по пријавени штети им исплатиле 374 милиони денари (6,1 милиони евра) во првата половина годинава. Тоа е за 104,5 милиони денари (1,7 милиони евра) односно 38% повеќе во споредба со истиот период минатата година.

Од вкупно 11 компании за неживотно осигурување кај десет друштва се зголемени износите исплатени за надомест на штети. Најголем раст (во %) во овој период имаат: „Кроација осигурување – неживот“ со 64%, „Халк осигурување“ со 61%, „Уника“ со 42%,  “Евроинс осигурување“ и АДОР „Македонија“ со раст од 22% и „Сава осигурување„ со раст од 17%. Следува „Винер ВИГ“ со раст од 5% па „Триглав Осигурување“, „Еуролинк Осигурување“ и „Граве неживот“ со по 4% раст на износите на бруто исплатени штети.

Најголемо учество во вкупниот износ на исплатени штети за првото полугодие имаат „Триглав осигурување“ со 243 милиони денари (3,95 милиони евра) „Халк Осигурување“ и „Евроинс Осигурување“ кои исплатиле по 222 милиони денари (3,6 милиони евра). По нив следуваат: „Сава Осигурување“ и „Уника“ со по 200 милиони денари (3,25 милиони евра), „Еуролинк осигурување“ со исплатени 191 милиони денари (3,1 милиони евра), АДОР „Македонија“ и „Винер ВИГ“ со по 164 милиони денари (2,67 милиони евра). „Кроација осигурување – неживот“ исплатила 138 милиони денари (2,2 милиони евра), „Осигурителна полиса“ 127милиони денари (2,1 милиони евра) и „Граве неживот“ 65 милиони денари (1,06 милиони евра).

Осигурување

АСО реши 31% повеќе претставки во корист на осигуреници, изречени парични казни за две осигурителни компании

Објавено

на

Во првото полугодие годинава најбројни се претставките за исплата на штети од автомобилска одговорност и за осигуран имот. Најголем раст има кај бројот на претставки со кои осигурениците се жалат на рокот во кој компаниите ги решаваат штетите. Менаџментот на АСО во континуитет ја зголемува транспарентноста во работењето што резултира со постојан раст на бројот на добиени претставки. Во првите шест месеци бројот на претставки по кои постапува АСО се зголеми за 65% во споредба со истиот период лани. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Над 281.000 граѓани имаат животно осигурување, вложиле осум милиони евра за три месеци

Објавено

на

Петте компании за животно осигурување, во првиот квартал, склучиле нови 14.000 договори со кои животите ги осигурале над 20.000 граѓани. Од вложените 8 милиони евра во класичните осигурителни производи: ризико и осигурување со штедна компонента се вложени 6,3 милиони евра, а останатите се инвестирани во „јунит линкд“ осигурување. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Шпаркасе Банка го воведува UnitLinked во соработка со Винер Лајф Виена Иншуренс Груп АД Скопје

Објавено

на

Шпаркасе Банка АД Скопје, во соработка со Винер Лајф Виена Иншуренс Груп АД Скопје како стратешки долгорочен партнер и инвестицискиот фонд WVP, го збогатува своето портфолио на осигурителни производи, преку воведување на нов производ – Unit Linked, кој нуди животно осигурување со инвестирање. (more…)

Продолжи со читање


Популарно