Connect with us

Наградни игри

АСО објави конкурс за годишна награда за млади истражувачи за најдобар труд од областа на управување со ризици и осигурување

Објавено

на

Со цел стимулирање на развојот на научната мисла и изработка на трудови од областа на управување со ризици и осигурување во Република Северна Македонија, како и афирмација на млади и стручни кадри, Агенцијата за супервизија на осигурување доделува годишна награда за 2020 година за истражувачки труд од областа на управување со ризици и осигурување во Република Северна Македонија.

Годишната награда на Агенцијата за супервизија на осигурување изнесува 80.000 денари.

Трудот задолжително треба да содржи и осврт кон македонската економија на соодветната тема. Трудот не смее да надминува 15.000 зборови (без апстракт, библиографија и анекси) и препорачливо е да има стандардна структура на научно истражување кое ги содржи следните основни делови:

  • апстракт;
  • осврт на консултираната современа странска и домашна, научна и експертска литература од областа која се истражува;
  • опис на научно истражувачката методологија која се користи во трудот;
  • анализа;
  • заклучни согледувања и
  • библиографија.

Право за учество на конкурсот имаат државјани на Република Северна Македонија до триесет и петгодишна возраст, односно до денот на доделувањето на наградата на 01.11.2020 година, учесниците не треба да имаат наполнети триесет и шест години. Учесниците кои имаат стекнато титула доктор на науки до денот на поднесувањето на трудот немаат право на учество на конкурсот.

Трудовите се поднесуваат на македонски, албански или англиски јазик. Трудовите се поднесуваат до Агенцијата за супервизија на осигурување по електронски пат, на адреса: konkurs@aso.mk, со назнака: „За годишна награда на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2020 година“.

Краен рок за доставување на трудовите е 30.9.2020 година.

Повеќе за конкурсот на следниот линк.

Наградни игри

Нова наградна игра на Охридска банка во соработка со Виза – ВИЗАРАТА МОЖЕ СÈ!

Објавено

на

Охридска банка АД Скопје го проширува своето портфолио на производи со воведување на новата кредитна картичка од брендот Visa, наречена Визарата. (more…)

Продолжи со читање

Наградни игри

Финансиската едукација на младите – еден од приоритетите на Македонската банкарска асоцијација

Објавено

на

Македонската банкарска асоцијација ја известува јавноста дека како и во другите европски земји, заради пандемијата на ковид-19, националниот натпревар на Европскиот квиз на пари ќе се одржи на начин различен од претходно објавениот. (more…)

Продолжи со читање

Наградни игри

Триглав Осигурување ја воведе наградната игра „карантWin”

Објавено

на

Триглав Осигурување започнува со наградна игра под називот „карантWin”. Наградната игра им дава можност на учесниците да добијат награда, само со тоа што го почитуваат социјалното дистанцирање, коешто е еден од најголемите предизвици во овој период.

(more…)

Продолжи со читање

Популарно