Connect with us

Останато

АСО: Обуките и полагањето на стручните испити за застапници и брокери одложени се до целосно нормализирање на состојбата

Објавено

на

Агенцијата за супервизија на осигурување ги известува кандидатите пријавени за учество на обука и полагање на стручен испит за застапник во осигурување односно осигурителен брокер во мартовската едукативно испитна сесија (врз основа на објавено Соопштение за спроведување на обука и стручен испит на ден 2.3.2020 година), дека обуката и полагањето на стручните испити од двете обуки во организација на Агенцијата (кои претходно беа одложени), заради сеуште актуелната состојба предизвикана од пандемијата со COVID19 (корона вирус), нема да се спроведат се до целосно нормализирање на состојбата и овозможување на соодветни услови согласно здравствените протоколи донесени од Владата.

Сите кандидати пријавени на двете обуки во организација на Агенцијата, дополнително ќе бидат навремено известени за времето и местото на одржување на обуките и полагање на стручните испити согласно објавен календар на испити во Државниот испитен центар.

Останато

Ангеловска: Реотварањето на економијата – побрзо, приходите во јуни – подобри од очекуваното

Објавено

на

Наплатата на приходите во јуни значително подобра од проекциите, што укажува на тоа дека реотварањето на економијата ќе оди побрзо од очекуваното. За јуни наплатата на приходите во однос на лани е 9,6%, што е подобрување во однос на претходните два месеци. Дури има и натфрлање на одредени давачки за високи проценти во однос на лани како кај персоналниот данок на доход и придонесите. Ова го истакна министерката за финансии Нина Ангеловска на редовната прес-конференција за месечното извршување на буџетот, кои во насока на зголемена транспарентност е одржуваат од почетокот на COVID-19 кризата. (more…)

Продолжи со читање

Останато

УЈП: Се заокружи второто тримесечје на МојДДВ за 2020 година, исплата ќе се врши во август

Објавено

на

Управата за јавни приходи известува дека на 30.06.2020 година се заокружи второто тримесечје од 2020 година за поврат на ДДВ кај физичките лица. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Извршниот директор на „Airbnb“, Брајан Чески: „Ни требаа 12 години да го изградиме брендот, а изгубивме скоро сè за само 6 недели“

Објавено

на

Можете да поминете децении во градењето на вашиот сон, а светот може да го уништи со нешто што е случајно како пандемија на непознат вирус. Ова е точно она што и се случи на компанијата „Airbnb“ и на нејзиниот извршнен  директор Брајан Чески, со појавата на Ковид-19 годинава. (more…)

Продолжи со читање

Популарно