Осигурување
АСО додели награди и пофалници на ученици за цртежи и творби по повод деновите на финансиска писменост

АСО награди и пофали над 30 ученици од десетина основни и средни училишта ширум земјава и со тоа ги започна своите едукативни активности по повод деновите на финансиска писменост кои ги организираат сите регулатори на финансискиот пазар.
Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) награди девет ученици и издаде пофалници на уште 27 основци и средношколци кои креираа цртежи, есеи и песни на теми поврзани со значењето на осигурувањето. Со овој настан АСО ги започна активностите по повод седмицата на финансиска писменост, а воедно успешно го реализираше јубилејниот односно десети по ред Конкурс за избор на теми по повод 1 ноември – денот на осигурувањето.
На темите „осигурувањето ме заштитува од ризици“, „моја инвестиција – полиса за осигурување“ и „осигурувањето е моја финансиска сигурност“ годинава АСО доби повеќе од 80 трудови од ученици од десетина градови и населени места ширум земјава.
По тој повод Крсте Шајноски, претседател на Советот на екпперти на АСО ги додели наградите и признанијата на учениците и ученичките од основните и од средните училишта. Шајноски се заблагодари на сите пристигнати творби и им порача на децата дека тие сега се партнери на АСО во ширењето на финансиската писменост и во активностите за подигање на свеста за значењето на осигурувањето како за индивудуата така и за целото општество.
Со овој настан АСО ги започна активностите со кои се одбележуваат деновите на финансиска писменост кои ги организираат сите регулаторни тела од областа на финансиите (Народната банка, Комисијата за хартии од вредност, Агенцијата за супервизија на осигурување – АСО и Агенцијата за супервизија на капитално-финансирано пензиско осиурување МАПАС).
АСО во рамки на своите активности од почетокот на ноември има посети училишта во кои преку соодветни форми ќе едуцира ученици за значењето на осигурувањето, учество на ТВ емисија од едукативен формат, а ќе публикува и содржини на социјалните мрежи со изразена едукативна компонента за атрубитите на осигурителните производи и за заштитата на правата на осигурениците.
Осигурување
Вложувањата во неживотно осигурување надминаа 10 милијарди денари, продажбата на полиси зголемена за 16%

Осигурениците и осигурителните компании лани склучија над 1,71 милиони договори за осигурување вредни над 10,5 милијарди денари. Најпопуларно меѓу сите неживотни осигурувања останува приватното здравствено осигурување кое три години по ред има најголем раст на продажба. Од сите доброволни класи и понатаму најмногу се вложува во осигурување имот. Најголемо учество во вкупната продажба и минатата година има задолжителното осигурување од автомобилска одговорност. Од сите 11 компании за неживотно осигурување дури десет друштва лани бележат раст на приходите од продажба на осигурителни полиси. (more…)
Осигурување
Осигурениците наплатија 71 милион евра, осигурителните компании исплатија над 100.000 штети

Осигурителните компании исплатија 30 отсто повеќе пари за штети покриени со осигурување лани во споредба со претходната година. Најголем број штети се исплатени за покривање медицински трошоци покриени со дополнително здравствено осигурување, а од сите класи доброволно осигурување најмногу средства се исплатени за штети покриени со осигурување имот. (more…)
Осигурување
КАСИЧКА, детско осигурување со штедење на Триглав Осигурување Живот – нов производ за заштита и сигурност на децата

Грижата за семејството е главната причина која не наведува да донесеме одлука за обезбедување на сигурност без несакани потешкотии во иднина. Финансиската стабилност на нашите деца е можеби една од најважните сегменти при сечие размислување, па поседувањето на полиса за осигурување на живот која би го намалило ризикот при несакани тешки финансиски последици на родителите го прави производот Касичка вистински заштитник за сигурна иднина. (more…)
- Анализипред 2 weeks
8 МАРТ АНАЛИЗА: Колку се застапени жените во Управните одбори на банките во Македонија?
- Анализипред 2 months
ТЕШКА ГОДИНА – РЕКОРДНИ ПРОФИТИ: Трите најголеми македонски банки со добивка од 117 милиони евра во 2022 година
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Интервјуапред 2 months
Очекувања 2023 година | МИЛКА ТОДОРОВА, УНИБанка АД СКОПЈЕ
- Интервјуапред 2 months
Очекувања 2023 година | Д-Р БИЛАЛ СУЏУБАШИ, ХАЛКБАНК АД СКОПЈЕ
- Банкипред 1 week
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Комерцијална банка