Осигурување
АСО додели награда за најдобар истражувачки труд од областа за управување со ризици во осигурувањето

Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО) додели награда за најдобар истражувачки труд на млад научник на тема од областа на управување со ризици во осигурувањето. Наградата на младиот научник м-р Филип Пеовски, асистент на Катедрата по математика и статистика на Економскиот факултет при УКИМ му ја додели проф. д-р. Крсте Шајноски, претседател на Советот на експерти на АСО. Плакетата на Пеовски му беше доделена по повод одбележувањето на Националниот ден на осигурувањето – 1 ноември, а за трудот кој е избран за победник предвидена е годишна награда во износ од 80.000 денари.
Трудот „Предвидување на осигурителните премии и штети во Северна Македонија: Постапка на експоненцијално израмнување“ на Филип Пеовски претставува сериозна и методолошки одлично конципирана истражувачка тема, а воедно и пионерски обид за воведување на метод на предвидување на движење на главните трендови во осигурителниот сектор во земјата, со крајна цел да го унапреди корпоративното управување на друштвата за осигурување, во делот на деловното планирање и поставување на рационални очекувања.
Авторот на трудот преку постапка за експоненцијално израмнување анализира трендови на бруто полисираната премија и бруто исплатените штети, во период од 10 години (2012 – 2022 година). Овој метод за предвидување е најефикасен кога сезонската и тренд компонентата се менуваат со текот на времето и е карактеристичен по тоа што им дава различна важност на опсервациите на временската серија. Тоа се постигнува со користење на константи за порамнување, кои ја одредуваат важноста на опсервациите преку доделување на тежински фактор. Авторот тоа го применува со вклучување на ефектите од пандемијата Ковид-19.
Трудот прави сублимат на наодите на концизен, јасен и системски начин. Во заклучокот се констатира дека со цел успешно интегрирање на методот на временски серии во деловната анализа, друштвата за осигурување треба да се ориентираат кон користење на обработка на големи податоци и машинско учење. Овој пристап, без сомнение ќе придонесе за подобри перформанси, поголема оптимизација, конкурентска предност и подобри очекувања за иднината.
Целта на конкурсот е да послужи како стимулација со која би придонела за зголемување на бројот и квалитетот на применетите научни трудови од областа на управување со ризици и осигурување во Македонија, а за трудот кој е избран за победник предвидена е годишна награда во износ од 80.000 денари.
Ова е 12 по ред конкурс што го распишува Агенцијата за супервизија на осигурување.
Осигурување
Триглав осигурување Живот се приклучи кон иницијативата на АСО – стипендија за дванаесеете најдобри студенти од Економскиот Факултет при УКИМ

Успешно е реализирана иницијативата на Агенцијата за супервизија во осигурувањето за стипендирање на најдобрите дванаесет студенти од четврта година на Економскиот Факултет при Универзитетот “Св.Кирил и Методиј во Скопје, од страна на осигурителните компании. (more…)
Осигурување
Осигурителните компании доделија стипендии и можност за вработување за 12 студенти со висок просек на Економски факултет – Скопје

Иницијативата на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) ја поддржаа 10 осигурителни компании кои ќе издвојат по 1.000 евра стипендија за секој од студентите и што е поважно ќе укажат простор за практична работа која може да прерасне и во вработување. (more…)
Осигурување
Речиси 300.000 граѓани имаат животно осигурување, вложиле над 25 милиони евра

Продолжува континуираниот раст на масовноста при вложувања во ризико осигурувањето на живот (кое нема штедна компонента) и најчесто е обезбедување за банкарски кредити на осигуреници – физички лица. За првите девет месеци лани во осигурување со штедна компонента граѓани вложиле 13,4 милиони евра,а во ризико осигурување 6,7 милиони евра. Заклучно со третиот квартал вкупната актива на петте друштва за осигурување живот, кои се солидно капитализирани, изнесува 180 милиони евра. (more…)
- Анализипред 5 days
ТЕШКА ГОДИНА – РЕКОРДНИ ПРОФИТИ: Трите најголеми македонски банки со добивка од 117 милиони евра во 2022 година
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Депозитипред 1 month
Халкбанк АД Скопје ги зголеми каматните стапки за физички лица на сите депозитни производи
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Интервјуапред 2 weeks
Очекувања 2023 година | МИЛКА ТОДОРОВА, УНИБанка АД СКОПЈЕ
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Силк Роуд Банка АД Скопје