Connect with us

Останато

Асоцијација за е-трговија со нова иницијатива: “Хакирај ја сивата економија во е-трговија”

Објавено

на

Асоцијацијата зa е-трговија на Македонија, неодамна на Годишното Собрание ја претстави годишната програма за 2021 година, во која се дава посебен фокус на сивата економија во е-трговија. Од Асоцијацијата велат дека сите активности кои ги преземаат се резултат на анализи и следење на потребите на пазарот, во насока на отстранување на бариерите кои стојат на патот на развојот и креирање на поволна клима за забрзан раст на е-трговијата.

„Согласно Анализите на е-трговијата во 2018 и 2020 година, една од бариерите посочена од е-трговците е сивата економија, која креира нелојална конкуренција за регистраните бизниси. Загрижувачки се и сознанијата од спроведениот прашалник на 2.800 купувачи, од кои над 70% се изјасниле дека иако се свесни дека се дел од сивата економија кога прават нарачки од нерегистирани субјекти на социјални медиуми, сепак решаваат и понатаму да го прават тоа, што говори и за нискиот даночен морал на населението, кој е клучен фактор за сузбивање на сивата економија. Затоа, во 2021 година АЕТМ става посебен фокус на активности насочени кон намалување на сивата економија во е-трговија.” – објаснува Нина Ангеловска, Претседателката на АЕТМ.

Инаку, Ангеловска присуствуваше на дискусијата која се одржа минатата недела во Министерстото за финансии на која беше презентиран “Акцискиот план за сузбивање на сивата економија” на Министерството за финансии, каде зборуваше за придонесот и активностите кои ги реализира Асоцијацијта е-трговија насочени кон намалување на сивата економија во е-трговија. Акцискиот план содржи 6 приоритети меѓу кои „Адресирање на сивата економија во е-трговијата”.

Во првиот квартал од годината АЕТМ го објави првиот регистар за е-трговци и објави едукативно видео за последиците од сивата економија. Следната иницијатива е организацијата на првиот хакатон за намалување на сивата економија во е-трговија насловен “Хакирај ја сивата економија во е-трговија” кој ќе се одржи виртуелно од 14 до 16 мај. Хакатонот ќе биде организиран во соработка со Економскиот Факултет – Скопје и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство – ФИНКИ, а со поддршка од Mastercard како главен партнер.

Предизвикот на овој хакатон е „Како да се намали сивата економија во е-трговија?“ и истиот е поделен на две категории “Едуцирај и мотивирај“ и “Детектирај и сузбиј“. Студентите кои ќе бидат дел од хакатонот ќе имаат задача во текот на 48 часа да развијат иновативни решенија за намалување на сивата економија – одговарајќи на една од двете категории, со што преку категоријата „Едуцирај и мотивирај” ќе се креираат решенија кои ќе придонесат за подигнување на свеста за сивата економија и ќе мотивираат за нејзино избегнување, а преку категоријата „Детектирај и сузбиј” ќе се креираат решенија кои ќе придонесат за детектирање на сивата економија во е-трговијата и ќе делуваат корективно, преку вклучување на самите граѓани и е-купувачи. Бројот на студентите кои може да учествуваат на хакатонот е ограничен на 50 студенти од овие факултети, кои со помош на врвни експерти од домашни компании и државни институции во улога на ментори на хакатонот, ќе развијат иновативни и практични решенија за борба против сивата економија во е-трговијата.

За учесниците, овој хакатон претставува уникатна шанса да се информираат повеќе за сивата економија, да работат на решавање на реален општествен предизвик преку изработка на свое креативно решение, да добијат вреден фидбек од ментори од домашните компании и државни институции, да го поттикнат претприемачкото размислување и да бидат наградени. Победничките решенија, кои ќе бидат одбрани од комисијата за евалуација ќе бидат наградени со цел, во соработка и координација на АЕТМ, да ги имплементираат нивните решенија.

Пријавувањето за учество на хакатонот започнува денес, а сите заинтересирани студенти од Економски факултет – Скопје и ФИНКИ може да се пријавуваат преку веб страницата: https://hackathon.ecommerce.mk/, индивидуално или во тим, до 10ти мај.

Останато

Нина Ангеловска по втор пат избрана за “жена амбасадор за е-трговија” на УНКТАД

Објавено

на

Нина Ангeловска, по втор пат беше избрана за „жена амбасадор на e- трговија“ од страна на УНКТАД – телото на Обединетите нации за трговија, инвестиции и развој, заедно со уште пет други успешни жени претприемачи од целиот свет. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Дигитализацијата на образованието да се реализира во инклузивен процес

Објавено

на

Информациските и комуникациски технологии доколку се користат на соодветен начин можат да допринесат за значително подобрување на квалитетот на живот, работа и создавање нови вредности, со што повеќекратно се оправдуваат напорите за имплементација на овие технологии, реагира Саша Огненовски од ИКТ Комората на Македонија поврзано со полемиките кои се водат во јавноста околу воведување на дигитализација на учебниците во образовниот процес. (more…)

Продолжи со читање

Останато

МФ и УНДП потпишаа Меморандум за унапредување на фискалната децентрализација, реформи во јавните финансии и економски развој

Објавено

на

Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) ќе ги поддржи планираните реформи во насока на унапредување на фискалната децентрализација во земјава и зајакнување на капацитетите на локалните власти, како и градењето подобар систем на јавни финансии, воопшто. Помеѓу Министерството за финансии, претставувано од министерот за финансии, Фатмир Бесими и постојаната претставничка на УНДП во земјава, Нарин Сахакјан беше потпишан Меморандум за разбирање, којшто предвидува соработка во повеќе области. (more…)

Продолжи со читање


Популарно