Connect with us

Електронско банкарство

Асоцијација за е-трговија: Македонците најмногу пазарале онлајн во странство од е-продавници од Обединето Кралство и Унгарија

Објавено

на

Согласно објавените податоци од Народната Банка, Асоцијацијата за е-трговија го анализираше бројот и вредноста на реализирани онлајн трансакции со домашни платежни картички кон странски е-продажни места со цел да се креира слика каде најчесто Македонците купувале онлајн во текот на 2020 година.

Во текот на 2020 година македонците реализирале вкупно 7,3 милиони онлајн трансакции со вкупна вредност од 229,6 милиони евра, од кои 167,3 милиони евра кон домашни е-продавници, што претставува значајни 73% во вкупната вредност на онлајн трансакции. Со домашни платежни картички во странство, во 2020 година реализирани се вкупно 2.8 милиони онлајн трансакции со вкупна вредност од 62,3 милиони евра, наспроти 100 милиони евра во 2019 година што претставува пад од 17,9% во бројот на трансакции и 38% во вредноста на трансакциите. 

Од Асоцијацијата за е-трговија коментираат дека падот е очекуван ако се земе предвид дека поради пандемијата не се патува, па трансакциите за авио-билети и резервации на хотели се драстично намалени.

Од вкупниот износ во вредност од 62,3 милиони евра кои македонците во текот на 2020 година го потрошиле онлајн за пазарење во странство странство, дури 73,6% од вредноста на трансакциите се реализирале во корист на ТОП 10 земји.

Станува збор за следниве земји: 

Најголема вредност на трансакциите, односно најмногу онлајн плаќања македонците реализирале кон Обединето Кралство, Унгарија и Ирска и тоа до некаде е и очекувано имајќи предвид дека од овие земји потекнуваат Amazon UK, ASOS (Обединето Кралство), WizzAir (Унгарија) и Facebook, Google (Ирска).

Што се однесува до  бројот на онлајн трансакции со македонски платежни картички во странство, високи 80,6% од трансакциите завршиле во корист на ТОП 10 земјите прикажани во табелата во продолжение. Најголем број на трансакции со домашни платежни картички (вкупно 547.713) се реализирани во корист на веб продавници од Луксембург каде што е  регистрирана европската филијала на Amazon преку која се одвиваат трансакциите за најголемиот дел од Европските земји, без Обединето Кралство.

За разлика од претходната година, значително е намален бројот на плаќања кон компании регистрирани во Обединето Кралство и Унгарија поради драстичното намалување на патувањата и користењето на авио транспортот.

Од аспект на вредноста на трансакциите, просечна трансакција со платежни картички од земјава кон Обединето Кралство изнесува 1.530,00 денари и кон оваа земја е реализиран најголем износ на плаќања. Највисока просечнна вредност се евидентира од плаќањата кон Унгарија, каде доминираат плаќања кон WizzAir и просечната вредност изнесува 5.566,00 денари, додека најмала просечна вредност се евидентира кон Луксембург на износ од 645,00 денари.

 

Електронско банкарство

Најмногу онлајн купувања од странство кон домашни е-трговци извршени со платежни картички од САД

Објавено

на

Согласно објавените податоци од Народната Банка на Република Северна Македонија, Асоцијацијата за е-трговија го анализираше бројот и вредноста на реализирани онлајн трансакции со странски платежни картички кон домашни е-трговци со цел да даде слика каде најчесто имателите на картички од странство купувале онлајн во Македонија во текот на 2020 година. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Оваа пролет плаќајте со НЛБ Pay мобилниот паричник и добијте можност за нов велосипед

Објавено

на

Во периодот од 12.4.2021 до 30.5.2021 година НЛБ Банка води промотивна кампања за НЛБ Pay мобилниот паричник пришто корисниците ќе добијат можност оваа пролет да се подноват со нов градски велосипед. (more…)

Продолжи со читање

Електронско банкарство

Асоцијација за е-трговија анализира: Прометот кај домашните е-трговци пораснал за 135% во 2020 година

Објавено

на

Од започнувањето на пандeмијата, е-трговијата на глобално ниво забележува значително забрзан раст. И во Република Северна Македонија се забележува значителен раст во бројот и вредноста на реализирани онлајн трансакции и тоа најмногу во трансакциите реализини со домашни картички кон домашни е-трговци. (more…)

Продолжи со читање


Популарно