Connect with us

Електронско банкарство

Асоцијација за е-трговија анализира: Прометот кај домашните е-трговци пораснал за 135% во 2020 година

Објавено

на

Од започнувањето на пандeмијата, е-трговијата на глобално ниво забележува значително забрзан раст. И во Република Северна Македонија се забележува значителен раст во бројот и вредноста на реализирани онлајн трансакции и тоа најмногу во трансакциите реализини со домашни картички кон домашни е-трговци.

Согласно последните објавени податоци за платежна статистика од Народната Банка на Република Северна Македонија, растот на вредноста на реализирани онлајн трансакции кон домашни интернет продажни места изнесува 135% во 2020 споредено со 2019 година. Во 2020 година реализирани се 178 милиони евра кон домашните е-трговци (од кои 6% или 11 милиони евра се направени со странски картички), додека во 2019 вредноста на реализираните трансакции кон домашните е-трговци изнесувала 75 милиони евра. Што се однесува до вредноста на реализирани трансакции со домашни картички кон странски е-трговци, истата бележи пад од 54% во 2020 година споредено со 2019 година или во апсолутен износ реализирани се 62 милиони евра во 2020, наспроти 135 милиони евра во 2019 година. Секако, ова е очекувано со оглед на пандемијата и рестрикциите за патувања. Оттука, падот на трансакциите направени кон странски е-трговци во најголема мера може да се каже дека се должи на авио-билети, хотелски сметувања и слично.

Што се однесува до бројот на трансакциите, во текот на 2020 година реализирани се вкупно 10 милиони онлајн трансакции во земјата и во странство, наспроти 6,7 милиони во текот на 2019 година што претставува пораст од 50,1%.

Доколку се погледне вкупната вредност на трансакциите, во 2020 година, Македонците потрошиле 229,5 милиони евра онлајн кон домашни и странски онлајн трговци. Се менува структурата на реализираните трансакции и сѐ повеќе се купува од домашни е-трговци. Споредено со 2019 година кога вкупната вредност на реализирани онлајн трансакции од Македонците изнесуваше 169 милиони, растот во 2020 не е значително поголем споредено со растот од претходните години, односно изнесува 35.6%. Меѓутоа, се забележува значајна промена во структурата на реализирани трансакции во 2020 година, односно ако во 2019 од вкупно потрошената вредност само 41% отпаѓаше на домашните е-трговци, во 2020 година кога 73% од вредноста на онлајн трансакциите е реализирана кон домашни е-трговци, сликата е сосема поинаква.

На графикот подолу е прикажана вредноста и растот на трансакциите остварени кон домашните е-трговци по квартали за 2020 година каде може да се забележи троциферениот раст почнувајќи од вториот квартал, односно по започнувањето на пандемијата.

На вториот график е прикажана вредноста и растот кон домашни и странски е-трговци од 2016 до 2020 година. 178 милиони евра е прометот остварен кон домашните е-трговци во 2020, со домашни и странски картички, што е раст од 135% споредено со 2019 година, кога изнесувал 76 милиони евра.

Според најновите податоци на Државниот завод за статистика во 2020 година, 40,1% од поединците со интернет пристап направиле нарачи/купиле онлајн во последните 12 месеци, напроти 36% во 2019 година. Во 2017 само 20% купувале онлајн. Секако треба да се има предвид дека податоците на Државниот за статистика според методолгијата се однесуваат за првото тромесечие од годината кога се спроведува анкетата што значи дека се собрани пред започнување на пандемијата.

Расте и домашната понуда во е-трговија, односно бројот на новоотворени онлајн продавници бележи раст од 43% во 2020 година. Во текот на 2020 година се отвориле 439 нови вируелни (интернет) продажни места, со што вкупниот број на е-продажни места на крајот на 2020 изнесува 1459.

Македонците во текот на 2020 година стекнуваат се повеќе доверба во онлајн купувањето кај домашните е-трговци, што може да се забележи од порастот на вредноста на трансакциите со домашни картички кон домашни е-тргови кој бележи раст од 143% споредено со 2019 година.

Иако податоците за растот кон домашните е-трговци се охрабрувачки, треба да се напоменат и слабостите во однос на известувањето за е-трговијата и недостатокот на достапни податоци – вкупните реализирани онлајн трансацкии не се однесуваат само на малопродажба односно во истите се вклучени и плаќање на сметки и останати трошоци. За да можеме да видиме пореална слика за е-трговијата, треба да имаме податоци за вкупната малопродажба во земјата и подетални податоци за е-трговијата како би можеле да кажеме колкав дел од малопродажбата е онлајн, колку уделот се зголемил за време на пандемијата, односно кај нас сѐ уште отсуствува стандардизиран начин за мерење и известување кој е присутен во речиси сите земји.” – велат од Асоцијацијата за е-трговија на Македонија.

Електронско банкарство

Најмногу онлајн купувања од странство кон домашни е-трговци извршени со платежни картички од САД

Објавено

на

Согласно објавените податоци од Народната Банка на Република Северна Македонија, Асоцијацијата за е-трговија го анализираше бројот и вредноста на реализирани онлајн трансакции со странски платежни картички кон домашни е-трговци со цел да даде слика каде најчесто имателите на картички од странство купувале онлајн во Македонија во текот на 2020 година. (more…)

Продолжи со читање

Електронско банкарство

Асоцијација за е-трговија: Македонците најмногу пазарале онлајн во странство од е-продавници од Обединето Кралство и Унгарија

Објавено

на

Согласно објавените податоци од Народната Банка, Асоцијацијата за е-трговија го анализираше бројот и вредноста на реализирани онлајн трансакции со домашни платежни картички кон странски е-продажни места со цел да се креира слика каде најчесто Македонците купувале онлајн во текот на 2020 година. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Оваа пролет плаќајте со НЛБ Pay мобилниот паричник и добијте можност за нов велосипед

Објавено

на

Во периодот од 12.4.2021 до 30.5.2021 година НЛБ Банка води промотивна кампања за НЛБ Pay мобилниот паричник пришто корисниците ќе добијат можност оваа пролет да се подноват со нов градски велосипед. (more…)

Продолжи со читање




Популарно