Останато
Асоцијацијата за е-трговија спроведува анализа за напредокот на е-трговијата во земјава

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија започна со израбoтка на сеопфатна годишна анализа за напредокот на е-трговијата во нашата земја. За таа цел изработен е прашалник за онлајн купување, наменет за сите оние кои купиле/ платиле/ нарачале барем еднаш онлајн. Врз основа на дадените одговори во прашалниците, ќе се носат заклучоци и препораки за понатамошен развој на е-трговијата во земјава.
Целта, како што информираат е да земат предвид што повеќе искуства на домашните купувачи, за да им помогнат на новите е-трговци од 2020 година чиј број е 203, заклучно со 30 јуни 2020 и постоечките 1022 е-трговци заклучно до 31 декември 2019), за да ги подобрат услугите што ги нудат на домашниот пазар, а ова е многу значајно, со оглед на тоа што е-трговијата во нашата земја доживеа огромен раст, особено од почетокот на ситуацијата со Covid-19.
Прашалникот ќе биде активен заклучно со петок, 30 октомври, до крајот на денот, а може да се отвори на следниот линк.
Прашалникот се пополнува за неколку минути, а Асоцијацијата обезбедува и 30 награди по случаен избор за оние кои што ќе ги остават своите контакт податоци на крајот на прашалникот.
Останато
Синдикатот на Халкбанк АД Скопје со општествено одговорна акција за донирање

Во организација на Синдикатот на Халкбанк АД Скопје, вработените донираа облека, храна и постелнини за социјално ранливи семејства. (more…)
Останато
Економски факултет-Скопје свечено ги промовираше дипломираните студенти за академската 2022/2023 година

Во Аулата на Економски факултет-Скопје се одржа свечената церемонија на која беа промовирани дипломираните студенти на прв циклус на студии за академската 2022/2023 година.
Останато
Реизбран Управниот одбор на КаСис АД

Надзорниот Одбор на единствениот македонски процесор од областа на картичното работење, електронска трговија и сертифицирано биро за персонализација на картички КаСис АД повторно му ја даде довербата на актуелниот Управен одбор. г-ѓа Филомена Пљаковска – Аспровска, претседател и Главен извршен директор, г-ѓа Лидија Вучидолова – Богоевска, член и извршен директор и г-дин Дамјан Андоновски, член и извршен директор во наредните четири години ќе бидат на чело на компанијата која бележи континуиран раст во земјата и сигурно се пробива на пазарите во регионот. (more…)
- Домашни банкипред 2 months
Халкбанк со тројца нови членови на Управниот одбор – Беркан Имери, Александар Иљов и Мухамед Хаџипази
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Осигурувањепред 2 months
АСО со обуки ќе ја гради и зајакнува финансиската едукација на средношколци – математичари
- Домашни банкипред 1 month
Компании во земјава реализираат 20 „зелени“ проекти од кредитната линија на ЕБОР преку Стопанска банка
- Домашни банкипред 4 weeks
Данијела Јовческа, Никола Горгиевски и Марија Танаскоска се најдобрите банкарски службеници од Шпаркасе Банка во 2023 година
- Банкипред 1 month
Шпаркасе Банка АД Скопје вработува Член на Управен Одбор
- Business Manпред 2 months
Проф. Д-р Драгољуб Арсовски се стекна со 3.003 обични акции издадени од ТТК Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Шпаркасе Банка го активираше порталот за тестирање на платформата за отворено банкарство