Connect with us

Електронско банкарство

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија ги претстави планот и програмата за работа во 2018 година

Објавено

на

Денес во ЕУ Инфо Центар – Скопје со почеток од 13:30ч, Асоцијацијата за е-трговија на Македонија ја одржа својата прва прес-конфенреција на која го одбележа официјалното започнување со работа и ја претстави мисијата, целите и годишната програма. Исто така низ мулдимедијална презентација беа претставени клучните статистички податоци за подготвеноста на Република Македонија за е-трговија и колку, каде и што се купува онлајн. Беше претставен дел од сеопфатната анализа за состојбата со е-трговијата во земјава која ја изработува асоцијацијата за е-трговија на Македонија, а која е поддржана од Mastercard и тоа: состојбата 2017 година и растот во однос на 2010 година, но и каде се наоѓа Република Македонија во однос на Европските земји.

На прес-конференцијата се обратија:

Претседателот на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, Д-р. Нина Ангеловска, Гувернерот на Народната банка на Република Македонија, г-дин Димитар Богов, Mинистерот за информатичко општество и администрација, г-дин Дамјан Манчевски, и Регионалната директорка на Mastercard за Македонија и Бугарија,  г-ѓа Вања Манова.

За да знаеме каде сакаме да бидеме, за да знаеме кои ни се пречките и предизвиците, за да може структурно  да делуваме, да креираме планови и политики потребно е да знаеме каде се наоѓаме денес. Токму и сеоофатната анализа на состојбата со е-трговијата која ја изработува Асоцијацијата за е-трговија, со поддршка од Mastercard има за цел да ја мапира постојната состојба и врз таа основа да ги идентификува приоритетните мерки кои треба да се преземат за раст и креирање на поволна клима за развој на е-трговијата. Бидејќи бројките сами по себе на кажуваат многу ако не се споредиме, анализата вклучува споредба со другите земји од Европа. Анализата која ја работиме е поделена во три дела: подготвеност на Македонија за е-трговија, фактичката состојба со е-трговијата и препораки за развој. Иако во Република Македонија постојат предуслови за развој на е-трговијата, фактичката состојба со е-трговијата е на многу ниско ниво. Според податоците од Државниот завод за статистика и Еуростат во 2017 година само 19.5% од Македонците со пристап до интернет купиле/нарачале нешто онлајн во последните 12 месеци додека просекот во ЕУ (28) изнесува 68%. Од компаративната анализа може да заклучиме дека Македонците најмногу сакаат да го користат интернетот за социјални мрежи, телефонирање и играње игри, додека се далеку под просекот во користење на интернет за: праќање и примање емаил пораки, продавање производи и услуги, барање информации за производи и услуги, користење интернет банкарство и сл. Според НБРМ од вкупниот промет направен со платежни картички во РМ во 2017 година само 3% отпаѓа на вредност во е-трговија, 29% на ПОС терминали и дури 67% на подигнување и депонирање готовина од АТМ. Вкупната остварена вредност во оналјн реализирани трансакции изнесува 105 милиони евра во 2017 година, од кои 71% се кон странски е-трговци. Според податоците на НБРМ во земјава има вкупно регистрирани 789 виртуелни продажни места кои работат за процесирање на трансакциите со една од 5те банки кои ја нудат оваа услуга. Според нашата анализа моментално се активни 578 веб страни на е-трговци. Во оваа вредност треба да имаме предвид дека се земени и плаќањата сметки преку е-commerce каналите за телефон, вода, струја, владини услуги и сл“, изјави Д-р. Нина Ангеловска, претседател на првата Асоцијација за е-трговија на Македонија.

„Мора и можеме да направиме заеднички напори за промовирање на е-трговијата помеѓу крајните корисници и компаниите, подигнување на свеста на граѓаните за придобивките – купување од друг дел на светот, но и од локални продавници со брза испорака до домот, поевтини услуги/намалени трошоци, поголем избор на производи и добавувачи со можност за споредба и пронаоѓање на најповолниот производ, помалку потрошено време, купување од било каде, во било кое време итн. Потребен е систематичен и холистички пристап во креирање на средина која ќе стимулира е-трговија, елиминирање на бариерите и подобрување на бизнис климата. Како што спомена и Нина ниското ниво на дигитална писменост е една од бариерите на која ние како Влада заедно со вас може да работиме заедно со вас“, изјави Министерот за информатичкo општество и администрација г-дин Дамјан Манчевски, посакувајќи успешна работа и поддршка на асоцијацијата додавајќи дека на истата гледа како на партнер кон постигнување на заедничката цел – Македонија да оди во чекор со новите технологии.

Министерот Манчевски дополнитено ги престави проектите поврзани со дигитализација како што се: фокус кон широкопојасен интернет во белите зони, е-регистарот на население, унапредување на законот за електронска трговија и законот за потрошувачи и воедно ја нагласи потребата за соработка помеѓу земјите на Западен Балкан која ќе биде тема на Дигиталниот самит кој е дел од берлинскиот процес, а на кој оваа година Македонија е домаќин.

„Формирањето на Асоцијација е значајно бидејки може да одигра голема улога во унапредувањето на е-трговијата, а воедно да придонесе кон други позитивни аспекти за македонската економија. Народната банка се стреми за дигитализација на македонската економија, дигитализација на плаќањата и општеството во целина. Безготовинските плаќања кои се стимулираат со е-трговија се воедно начин за справување со сивата економија и овозможуваат лесна евиденција и следење“,изјави Гувернерот на Народната Банка на РМ г-дин Димитар Богов, упатувајќи поддршка и заблагодарувајќи се за поканата да се вклучи НБРМ како почесен член во АЕТМ. Исто така Гувернерот на Народната Банка на РМ г-дин Димитар Богов истакна дека е-трговијата може да го зголеми и извозот.

 

“Трендот во развојот на Интернет на нештата (Internet of things)  и се поголемиот број фукнционалности на поврзаните уреди, им овозможуваат на корисниците удобност во купувањето било каде, било кога и на начин кој го преферираат, но во исто време безбедноста на трансакциите станува поважна од било кога. За таа цел во изминатите три години Mastercard инвестираше повеќе од 1 билион долари во изградбата на безбедни и сигурни производи и мрежи, со употреба на најновите технологии и иновации”, изјави г-ѓа Вања Манова упатувајќи голема поддршка до Асоцијацијата за е-трговија на Македонија. Таа исто така истакна дека како поддржувачи на анализата која ја изработува асоцијацијата особено го охрабруваат пристапот за иницијално мапирање на состојбата и потоа врз база на тоа формирање на соодветни мерки“.

 

Прес-конференцијата беше проследена со networking коктел “Launch & Brunch” за присутните меѓу кои беа почесни гости, поддржувачи и членки на Асоцијацијата и претставници на медиумите. За време на настанот присутните имаа можност да се запознаат со најновите податоци за е-трговијата кои беа прикажани преку видео материјалите и презентациите кои се емитуваа на екраните, како и да разменат бизнис искуства и предизвици со кои се соочува македонската економија кога се во прашање дигиталните иновации и идните активности на Асоцијацијата.      

Сите заинтересирани компании може да се информираат повеќе на веб страната на АЕТМ – http://ecommerce.mk/ и да ги следат на нивната Facebook фан страна.

Електронско банкарство

3 начини како мобилното банкарство го олеснува животот

Објавено

на

Светот се менува па така и е банкарството. Мобилното банкарство ви овозможува да ги следите и контролирате вашите сметки од вашиот мобилен телефон, па информациите се безбедни и на дофат на вашата рака. Доколку сеуште не сте се придружиле на мобилно банкарство, пријавувањето воопшто не е проблем, и тоа ќе го трансформира начинот на којшто ги следите финансиите. Еве 3 начини како мобилно банкарство може да ви го олесни животот.

1. Инстант контрола
Замислете го ова сценарио: вашиот автомобил се расипал и сте го однеле на поправка. Без автомобил, како ќе стигнете до банката за да ги префрлите тие пари од вашиот фонд за итни штети на вашата сметка за трошење? Многу луѓе сакаат да го задржат најголемиот дел од своите пари во заштеди или да ги шират своите средства во неколку сметки. Ќе треба да потрошите многу време и енергија за да извршите плаќање на сметката за поправка. Мобилното банкарство може да ги реши овие типови на секојдневни борби.

Со мобилно банкарство, префрлањето на пари од една сметка на друга е лесна, удобна и моментална. Можете дури и да префрлувате пари додека сте чекате ред во самопослуга или седите на ручек. Секојдневните апликации за брз и лесен трансфер на пари значи дека никогаш не сте фатени без соодветни средства на вистинското место.

2. Помалку патувања до банка
Додадените налози во банката може да го направат вашиот ден хаотичен, или можеби вашите проверки се натрупуваат, чекајќи да ги депонирате. Вашето време е вредно, и наместо да трошите време за возење, да стоите во ред и да чекате, може да го поминете тоа време со вашето семејство или со пријателите.

Со мобилно банкарство, можете да менувате пари од дома, со што ќе ја елиминирате потребата за патување до банката. Се она што треба да го завршите во банка (освен директно уплаќање на пари на вашата сметка) може да го завршите преку мобилна апликација.

3. Лична финансиска свест
Знаејќи колку пари имате во банката може да ви помогне да направите информирани финансиски одлуки за вашите купувања.

Бидејќи можете да ја видите точната сума на пари на вашата сметка, ги спречувате пречекорувањата и придружните трошоци и со можноста за следење на користењето на картичката, може да се фатите сомнителна или измамлива активност во моменти. Имајќи ја оваа пристапност до информации за вашата банкарска сметка може да ве стави во контрола на вашата финансиска состојба.

Продолжи со читање

Електронско банкарство

Општество во кое кешот е проблем – не е решение

Објавено

на

Да почнеме со банките. Оние банки кои се меѓу првите кои прифаќаат нови промени и отстапуваат од традиционалните бизнис модели, претворајќи се кон клиентски-ориентиран пристап ( customer-centric ) во форма на дигитални производи, апликации и услуги, ќе можат да сметаат на најголем број корисници.

Личните односи на клиентите што еднаш се изградени со нивниот банки се намалија уште повеќе преку порастот на дигиталното банкарство. Додека беспрекорно дигитално искуство е од витално значење за модерните финансиски институции, потрошувачите сè уште го ценат тој допир на човекот, и останува клучот за формирање значајни односи и градење на лојалност. Ова претставува можност банките кои можат да постигнат вистинска рамнотежа меѓу доставување одлични дигитални искуства и повторно да бидат доверлив советник. За да се случи ова, банките треба да се префрлат од производ-ориентиран, трансакциски фокус, до модел кој е повеќе ориентиран кон клиентите.

Да го земеме примерот на нордиската држава. Таму, за потребите на клиентите, се развиваат производи кои речиси исклучиво функционираат на интернет – без физички канцеларии, без потреба од физичко потпишување документи и обезбедување на комплетно дигитално искуство: од вградување и регистрација до трансфер на пари и плаќање преку паметен телефон. Наша задача беше да ги поддржиме во улогата на трансформатори со цел да го приближиме целиот екосистем кон крајната цел – безготовинско општество ( cashless society ) на пазар кој целосно се потпира на дигитални трансакции и во кој пари претставува проблем, а не решение.

Продолжи со читање

Електронско банкарство

Заложба за безбедност на производи на онлајн пазарот

Објавено

на

Интернетот и дигиталните технологии го трансформираат нашиот свет. Но, постоечките бариери на интернет значaт дека граѓаните ги пропуштаат стоките и услугите, интернет компаниите и новоформираните претпријатија имаат неограничени хоризонти, а бизнисите и владите не можат сеуште целосно да имаат корист од дигиталните алатки. Време е да се направи единствен пазар на ЕУ погоден за дигиталната ера – соборувајќи ги регулаторните ѕидови и движејќи се од 28 национални пазари на еден. Ова може да придонесе за 415 милијарди евра годишно на европската економија и да создаде стотици илјади нови работни места.

Четирите големи онлајн пазари кои се активни во Европа – Alibaba, Amazon, eBay и Rakuten France – ја потпишаа Заложбата за безбедност на производите произлезена од Европската комисија. Тие побрзо ќе ги отстрануваат опасните и небезбедните продукти од нивните онлајн пазари. Онлајн продажбата претставува 20% од вкупната продажба во 2016 година во ЕУ (Еуростат).

Alibaba Group, Amazon, eBay и Rakuten-France се обврзаа да ги преземат следните чекори:

  • Реакција за два работни дена доколку локалните власти известат за продукт кој не е безбеден. Компаниите ќе ја следат ситуацијата и ќе ги информираат властите за преземените мерки.
  • Обезбедување јасен начин преку кој корисниците може да известат за небезбеден продукт во е-продавницата. За пријава од страна на корисниците за ваков продукт тие ќе одговорат во рок од 5 работни денови.
  • Ќе се консултираат со Системот на ЕУ за брзо предупредување за опасни производи, но и од други извори како органите одговорни за преземање соодветни акции од оваа област.
  • Ќе обезбедат контакт лице за надлежните институции од земјите членки на ЕУ за известување за опасни производи и за понатаможна комуникација за работи од областа на безбедни продукти.
  • Ќе преземат мерки за да се спречи повторно појавување на пазарот на продукти кои веќе биле отстранети поради безбедност.
  • Ќе обезбедат информации и тренинзи за е-трговците за зголемување на знаењата за европската легислатива за безбедност, ќе бараат да се делува согласно регулативата и ќе обезбедат линк на е-трговците од европската реглатива за безбедност на производи.

Е-трговците и Европската комисија ќе изготвуваат извештај за прoгресот на ова тема на секои 6 месеци.

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250
[ccpw id="39761"]

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange