Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Анализи

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија ja промовираше Анализата за е-трговија

Објавено

на

Денес се одржа промоцијата на извештајот од сеопфатната анализа за е-трговијата во Македонија насловен “Подготвеност, потенцијал, фактичка состојба, бариери и препораки за развој на е-трговијата во Република Македонија”, инициран и изработен од првата Асоцијација за е-трговија на Македонија, а поддржан од Mastercard.

Анализата е структурирана во три дела – првиот дел ја анализара подготвеноста на Македонија за е-трговија земaјќи ги предвид четирите пилари: инфоматичко-комуникациска технологија, платежен систем, достава и регулаторна рамка, дополнети со неколку клучни индекси кои ја оценуваат подготвеноста за е-трговија на една земја, вториот дел ја разгледува фактичката состојба на Македонија преку анализа на македонскиот е-купувач и тековната понуда на пазазрот преку анализа на македонските е-трговци; додека третиот дел е посветен на препораки за елиминирање на бариерите во е-трговијата со цел креирање на поволна клима за раст и развој на е-трговијата. Извештајот вклучува споредба на Македонија со европските земји, анализа на секундарни податоци и примарни податоци од анкети и интервјуа со засегнатите страни, како и студии на случаи.

Претседателот на АЕТМ и ко-автор на анализата, Д-р Нина Ангеловска  ги презентираше главните резултати од сеопфатната анализа и ги сподели клучните препораки формирани со цел елиминирање на бариерите и креирање на поволна клима за раст и развој на индустријата.

„Според направената анализа, Република Македонија има голем напредок во обезбедување на потенцијал или неопходни услови за обавување на е-трговијата во однос на 2010 година и во споредба со земјите од регионот има обезбедено подобри услови за развој на е-трговијата. Иако имаме напредок во условите, сепак само 20% од населението со пристап до интернет направило нарачка онлајн, што ја става Македонија на дното, единствено пред Црна Гора. И покрај напредокот во создавање на услови за раст на е-трговијата индикативно е што имаме пад во рангот на одредени индекси со соодветни индикатори, како: Индекс на логистички перформанси и Индекс за подготвеност за е-трговија..“ – вели Д-р Нина Ангеловска, косопственик и директор на Grouper.mk и Претседател на АЕТМ.

Овие сознанија, како и  добиените наоди во сеопфатната анализа  детектираа предизвици кон кои може да се насочат препораки. Предложени се сет мерки насочени кон понудата и кон побарувачката, за раст и развој на е-трговијата и тоа препораки насочени кон компаниите учесници на пазарот односно кон подобрување и зголемување на понудата во е-трговијата и препораки насочени кон побарувачката односно крајните корисници во е-трговијата (населението). Дополнително се дадени препораките кои се заеднички за двете страни. На страната на понудата формирани се 26 мерки или идникативни акции претставени со очекуваниот резултат од имплементација на секоја мерка. На страната на побарувачката предложени се 9 мерки и како заеднички за двете страни има 2 индикативни акции.

„Потребно е зголемување на свеста и капацитетите на ММСП за е-трговијата, но и едукација на населението за јакнење и зголемување на дигиталните вештини зошто 49% од анкетираните е-трговци како најголем предизвик го наведуваат наоѓањето на соодветен кадар за работа, а од оние кои не нарачале онлајн, како една од причините го наведуваат немањето на потребни вештини. Ревидирање на постоечкта регулатива и нејзино усогласување со европската е уште еден чекор кон раст на е-трговијата.. Преку воведување на регистар на е-трговци ќе се помогне за нивна промоција, но и ќе се овозможи сигрност на потрошувачите. Даночните олеснувања и субвенции за достава при извоз се уште еден механизам преку кој може да се помогне на е-трговците.“ – додава Англеловска.

Оние кои се заинтересирани да прочитаат повеќе може да се информираат на ecommerce.mk/report2018, како и да ги следат активностите на АЕТМ на нивната Facebook фан страна. 

Анализи

Finance Think: Зголемениот минималец нема да влијае врз работните места

Објавено

на

Владата најави дека се очекува минималната (нето) плата да се зголеми на 13.000 денари, почнувајќи од 1 јули 2019 година. Минималната плата, како инструмент на политиките, беше воспоставена во 2012 година, на тогашното ниво од 8,050 денари (6.263 денари во секторите текстил, кожа и обувки). (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Рекордна профитабилност на банките во изминатата 2018 година, но странци го собираат профитот

Објавено

на

Банките во земјава за претходната 2018 година оствариле нето-добивка од работењето во износ од 8,4 милијарди денари или околу 136 милиони евра, што во споредба со претходната 2017 година е зголемување за 27,4%, покажува најновиот годишен извештај за ризиците во банкарскиот сектор на Народната банка. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

АНАЛИЗА: Избори и кредитирање – што се случува во банкарскиот сектор?

Објавено

на

Претседателски избори, догодина редовни парламентарни избори а во 2021 та година редовни локани избори – дали сите овие последователни изборни циклуси ќе се рефлектираат и во банкарскиот сектор, конкретно врз кредитирањето и шедењето? По завршување на првиот економски квартал Народната банка ги сумираше резултатите, на месечно ниво ( март/февруари) депозитната база е зголемена за 0,4% а кај кредитирањето порастот изнесува 1.0%, пишува неделната економска анализа на Portalb.mk. Само по основ на потрошувачки кредити граѓаните во банките, на крајот од првото тромесечје должеле 1,3 милијарди евра. (more…)

Продолжи со читање
Unibanka_banner_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange