Connect with us

Електронско банкарство

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија започна со градење капацитети за раст на е-трговијата

Објавено

на

Изминатите два дена беа целосно посветени на содржините од Дигиталниот самит, но во исто време и со иста цел – кон “Дигитална Македонија”, се случуваа и дводневните обуки за е-трговија која претставува интегрален дел од едно дигитално општество. Под името “Жени во е-трговија”, Асоцијацијата за е-трговија на Македонија успешно ги реализираше дводневните обуки и тренинзи како дел од програмата која ја презентираа на прес-конференцијата пред неполн месец. 

Обуките беа посетени од 30 претставници на компании и бизниси од Македонија кои сакаат да ја унапредат е-трговијата во своите компании или едноставно да научат повеќе за истата.  Учесничките имаа прилика да соберат нови знаења за голем број на аспекти во е-трговијата распределени во 13 предавања и 2 работилници кои ги покрија 16 говорници, сите искусни во своите области. Благодарение на поддршката од Швајцарската Програма за претприемнишво (SwissEP) учесниците имаа можност да слушнат и интернационални искуства од петте претприемачи кои доаѓаа од Обединетото Кралство и САД.

Дел од темите кои што се најдоа во сеопфатната агенда беа: развојот на е-трговијата во Македонија, плаќања во е-трговија, испорака кон дома и надвор, правна регулатива, дигитален маркетинг, email маркетинг, growth hacking, платено рекламирање на Facebook и Instagram, можности за жени во е-трговија и др. Дополнително четири говорници ги презентираа своите успешни приказни во 4 различни индустрии (групни попусти, едукација, малопродажба и супермаркет), предизвиците со кои се соочиле и како ги надминале.

Овие обуки покажаа дека на македонските компании им недостасуваат вакви едукативни настани каде покрај тоа што собирираат нови знаења, имаат можност и да разменат искуства и предизвици со кои се соочуваат, да видат како другите се справуваат со истите и кои се најдобрите практики кои може да ги применат во своите компании. Особено не радува отвореноста која ја покажаа сите учесници преку плодната дискусија и активното учество. Нашата цел е да ја унапредиме е-трговијата во Македонија и да креираме поволна клима за нејзин раст, а еден од начините за да го направиме тоа е токму едукацијата која ќе помогне во градења на капацитетите и зголемување на понудата во е-трговијата на пазарот која е клучна за раст на индустријата.” – вели Д-р Нина Ангеловска, косопственик и директор на Grouper.mk и Претседател на АЕТМ.

АЕТМ започна со работа во декември 2017, а веќе има 32 членки кои заеднички ќе работат и застапуваат за создавање поволна клима за развој на електронската трговија во Македонија. Во неполни 4 месеци работа асоцијацијата ја формираше својата програма за 2018 година, го одржа своето прво Собрание, организираше прес конференција, гостуваше во голем број емисии и настани кревајќи ја свеста за е-трговијата, објави податоци за е-трговијата во Македонија како дел од сеопфатната анализа за состојбата со е-трговијата во Македонија која е во процес на изработка, ги организираше првите едукативни тренинзи под името „Ladies in eCommerce“, и оствари контакти и размени искуства за соработки со повеќе асоцијации од други земји.

Сите компании кои сакаат да се придружат на АЕТМ може да се информираат повеќе на  http://ecommerce.mk/ и да ги следат активностите на нивната Facebook фан страна.

Електронско банкарство

Шпаркасе Банка Македонија – иднината на бизнисите е дигитална!

Објавено

на

Вашата компанија е веројатно да се соочи со исчезнување ако не се дигитализираат внатрешните процеси во следните 10 години. И додека може да видите дека доаѓа сериозна промена, можеби нема да имате доволно време да ја зачувате вашата компанија. (more…)

Продолжи со читање

Електронско банкарство

Граѓаните да внимаваат при нарачување на Facebook – предупредуваат од ДПИ

Објавено

на

Државен Пазарен Инспекторат на Република Македонија се стреми да ги следи трендовите, па така благодарение на соработката со Проектот на УСАИД за модернизација на инспекциските служби се одржа обука на тема ″Инспекцискиот надзор во е-трговија во Република Македонија″. Инспекторите имаа прилика да слушнат повеќе за е-трговијата,  нејзиниот раст, развој но и предизвиците кои ги носи истата за нив како институција. Во изминатиот период од Државниот пазарен инспекторат велат дека се во пораст пријавите од измамени граѓани кои извршиле купување преку интернет, особено преку социјалните мрежи од нерегистрирани трговци за најразлични производи или услуги. Она што го добиваат не соодејствува со она што го нарачале а кога неможат да си ги остварат правата се обраќаат до Државниот пазарен инспекторат за помош. (more…)

Продолжи со читање

Електронско банкарство

АЕТМ: Над 400 000 граѓани на Република Македонија нарачале / купиле онлајн

Објавено

на

За развој на е-трговијата потребен е холистички пристап и партнерски однос помеѓу бизнисите, банките, владата и корисниците. Во 2017 година се формираше Асоцијацијата за е-трговија на Македонија токму за поврзување на сите засегнати страни со цел соработка за раст и развој на е-трговијата. Објавените резултати за 2018 година од страна на Државниот завод за статистика се охрабрувачки и можат да дадат мотивација за понатаомшни активности и работа за постигнување поголеми резулатати. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange