Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Електронско банкарство

Асоцијацијата за е-трговија доделува 5 бесплатни влезници за првата конференција за е-трговија во Македонија

Објавено

на

Студентите се важен сегмент во општеството на една земја чија креативност и визија е секогаш добредојдена преку иницијативите за имплементација на иновативни проекти или научни трудови кои ќе придонесат кон поедноставување на секојдневнието.

Присуството на настани како конференцијата за е-трговија им нуди можност за стекнување на знаење и контакти кои во иднина може да придонесат кон напредок на нивниот образовен и кариерен план и активно да ги вклучат студентите во градењето на Република Македонија како е-општество.

Токму поради овие причини Асоцијацијата за е-трговија на Македонија доделува 5 гратис влезници за студенти за првата конференција за е-трговија во Македонија под називот “eCommerce: The eFuture for eMacedonia!” која ќе се одржи на 26 октомври во Хотел Мериот – Скопје.

Конференцијата вклучува четири главни теми: развој, плаќања, дистрибуција и маркетинг организирани во десет главни говори и три панел дискусии во кои ќе учествуваат повеќе од дваесет македонски и странски говорници.

Се што треба да направите доколку сте активен студент на еден од факултетите на територијата на Република Македонија е да го одговорите прашалникот и со тоа станувате учесник во извлекувањето и потенцијален добитник на влезница на првата конференција за е-трговија на Македонија.

Аплицирањето е отворено до 1 октомври, додека Добитиниците ќе бидат одбрани по случаен избор на 2 октомври и за истото ќе бидат известени по email.

Повеќе информации за првата конференцијата за е-трговија во Македонија можете да погледнете ТУКА.

Електронско банкарство

Grouper наскоро започнува со работа на пазарот во Косово

Објавено

на

Кога зборуваме за успешни македонски старт-ап приказни во топ 3 секогаш го вбројуваме Grouper.mk, кој прерасна во препознатлив и влијателен бренд на мекедонскиот пазар и водечка компанија за е-трговија  која ја промени оваа индустрија во земјава. Преку понудата на атрактивни попусти Grouper успеа да привлече илјадици граѓани да ја направат својата прва онлајн трансакција и со тоа да се позиционира како game-changer на македонскиот пазар.  (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

НЛБ Банка со новитети во мобилното и електронското банкарство

Објавено

на

НЛБ Банка воведе нова верзија со нови функционалности на НЛБ мКлик мобилното банкарство, како и нова платформа на НЛБ Клик електронското банкарство за физички лица, со што ја продолжува репутацијата на Банка предвесник во дигитализацијата на банкарството во нашата земја. (more…)

Продолжи со читање

Електронско банкарство

Асоцијација за е-трговија на Македонија го одржа второто годишно собрание

Објавено

на

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија вчера го одржа своето второ годишно Собрание во конференциската сала во Воденица Мулино. Во последнава година асоцијацијата успеа да ја крене свеста за значењето и потенцијалност  на е-трговијата за стимулирање на прогрес и економски раст на земјава. (more…)

Продолжи со читање
Unibanka_banner_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange