Connect with us

Вработување

Асоцијацијата за е-трговија во Македонија вработува!

Објавено

на

Асоцијацијата за е-трговија на Македонија е првата и единствена асоцијација во земјава чија мисија е да ја креира иднината на е-трговијата во Македонија. Целите на АЕТМ се да ги поддржи интересите на компаниите, да придонесе кон знаењето за е-трговија и негово проширување вклучувајќи ги поврзаните услуги и технологии и да ги намали и елиминира бариерите кои го ограничуваат растот и развојот на идустријата. За помалку од една година постоење асоцијацијата успеа да ја придобие довербата од над 40 компании и организации кои се нејзини членки и поддржувачи.

Прочитај повеќе за нашата работа и активности во објавениот полугодишен извештај.

Бараме некој со пасија за е-трговија и желба за работа кој е спремен да се впушти и посвети кон реализирање на целите и менување на индустријата заедно со нас. Ако ова ти звучи возбудливо сакаме да те запознаеме.

Во што се состои работата:

  • Активно учество во работењето на асоцијацијата
  • Истражување и пишување на проектни апликации
  • Работење на проекти кои ќе ги спроведува асоцијацијата
  • Одржување на постојан контакт и редовно известување на членовите за тековните активности
  • Креирање и поставување на содржини за социјални медиуми на АЕТМ
  • Пишување на блог постови за актуелни теми поврзани со е-трговијата
  • Подготовка на програми и учество во организација на обуки и настани
  • Подготовка на документи за работење на асоцијацијата за разни цели
  • Уредно водење на документација и администрирање на документи

Што бараме:

  • Желба за надградување и учење во полето на е-трговија
  • Преземање одговорност, иницијатива и проактивност
  • Позитивен тимски дух и енергија
  • Адаптибилност на промени, желба за учење и личен напредок
  • Почитување на рокови/deadlines
  • Одлично познавање на англиски јазик (говорење и пишување)
  • Одлично познавање на MS Office (Word, Excel, Power Point)

Се смета за предност:

  • Претходно искуство во работа со асоцијации и здруженија
  • Познавање на правна и законска регулатива од областа на здруженија/асоцијации
  • Oсновни познавања на Photoshop или друга алатка за основно едитирање на фотографии

Што нудиме:

  • Солидна компензација + можност за хонорар од проекти
  • Отворена работна средина за напредок и опкружување од одличен тим
  • Менторирање и учење
  • Работа во општествено одговорна асоцијација и залагање за промени кон подобро
  • Иницирање и реализирање на нови идеи и проекти со целосно водство
  • Можност за развивање на нови skills & competencies
  • Креативна и динаминча работна средина во која се охрабрува проактивност
  • Фер однос и мотивирачки систем на наградување каде напорната и квалитетна работа е препознаена.

Како да аплицираш? Испрати ни го следното на raboti@ecommercе.mk

  • CV и мотивациско писмо
  • Tекст (блог пост) на релевантна/актуелна тема за е-трговија по твој избор

Банки

Стопанска банка АД – Скопје оглас за вработување

Објавено

на

Одлична шанса да се приклучите кон реномирана меѓународна финансиска групација и да станете дел од професионален меѓународен тим на Внатрешна ревизија, кој во соработка со Одборот за ревизија, Управниот одбор и менаџментот на Банката обезбедува постоење на, и усогласеност со, системот на интерни контроли и ефикасни оперативни практики.

 

ИТ Ревизор во Дирекција за ревизија на Информациони Системи

 

Значајни должности:

  • Самостојно планирање и извршување на ревизии на информационите системи на Банката, како и учество во интегрирани ревизии на останатите функции во Банката (во соработка со Менаџерот на ревизијата);
  • Извршување на детални анализи за оценка на ефективноста и ефикасноста на ревидираниот процес/функција, како и неговата усогласеност со локалната регулатива и корпоративните политики и процедури;
  • Подготвување и презентација на ревизорски извештаи до Директорот на Сектор за внатрешна ревизија/Менаџерот на ревизијата и Менаџерот на ревидираниот процес/функција, и обезбедување на периодичен мониторинг на спроведувањето на плановите на менаџментот за корективни акции;
  • Учествува во активностите на надворешните ревизии, внатрешната ревизија на НБГ Групацијата, супервизија на НБРМ и останати државни институции;
  • Учествува во проектите за примена и усогласување на работењето на Банката согласно барањата на релевантните тела на Банката и НБГ Групацијата, како и надворешни релевантни регулаторни тела, законски регулативи и стандарди.

Потребни квалификации:

  • Универзитетско образование од областа на информатичките науки;
  • Релевантно работно искуство во извршување на ИТ ревизии или сродно искуство во областа на информациони системи;
  • Професионални сертификати од областа (CISA, CISM или еквивалентно) ќе се сметаат како значајна предност;
  • Познавање и искуство во спроведување на Меѓународните стандарди за професионална практика на внатрешната ревизија, ќе се сметаат како значајна предност;
  • Одлични способности за тимска работа, комуникација и меѓучовечки односи;
  • Кандидатот треба да биде способен/на да работи независно и самостојно;
  • Значајни аналитички и презентациски способности и способност за писмено известување;
  • Одлично познавање (вербално и писмено) на англиски јазик, како и стручно и напредно користење на MS Office.

 

Стопанска банка АД – Скопје нуди атрактивен компензационен пакет и можности за континуиран професионален развој кои ја рефлектираат нејзината улога на водечка финансиска институција.

Месечниот надомест ќе биде утврден согласно искуството и квалификациите на кандидатот.

Доколку сте заинтересирани и квалификувани за наведената позиција, Ве молиме аплицирајте со поднесување на Вашето CV и Писмо за интерес на англиски и македонски јазик, електронски на: human.resources@stb.com.mk.

 

Пријавувањето можете да го извршите најдоцна до 27 август 2018.

 

Единствено квалификуваните кандидати во потесен избор ќе бидат понатаму контактирани.

 

Стопанска банка АД – Скопје

За повеќе информации видете тука.

Продолжи со читање

Банки

Комерцијална банка АД Скопје објавува Оглас за вработување

Објавено

на

Помлад соработник за платен промет во земјата и работа со население, во Комерцијална банка АД Скопје – Филијала Струмица, 2 (два) извршитела на определено работно време од 12 месеци, со можност за продолжување на Договорот за вработување.

 

Потребни квалификации и способности:

  • Завршен Економски факултет, со најмалку 180 кредити според ЕКТС или VII/1 степен,
  • Без работно искуство,
  • Познавање англиски јазик и работа со компјутери,
  • Комуникациски и организациски вештини, ориентираност кон клиенти, способност за тимска работа и професионално однесување.

 

Работно време: 40 часа неделно, организирано во две смени во рамки на работното време на Филијалата од понеделник до петок: од 08:00 до 17:00 часот,  и во сабота од 08:00 до 14:00 часот.

 

Почетна основна нето – плата: 19.180,00 денари.

 

Огласот трае 8 (осум) работни дена, сметано од денот на објавување на огласот. Изборот ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пријавени кандидати.

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горенаведените критериуми треба да пратат кратка биографија (CV), мотивациско писмо и копија од диплома за завршено високо образование, на следната адреса: Сектор за човечки ресурси и општи работи, Комерцијална банка АД Скопје, ул.Орце Николов бр.3, 1000 Скопје, или на e-mail адреса vrabotuvanje@kb.com.mk со назнака: „Oглас за вработување во Филијала Струмица“

 

Лице за контакт: Симона Белимова, тел.: 3-168-470

 

Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање, нема да биде разгледувана.

На интервју ќе бидат повикани само апликантите кои ќе влезат во потесен круг.

За повеќе информации видете тука.

Продолжи со читање

Банки

Заинтересирани сте за пракса во НЛБ Банка?

Објавено

на

НЛБ Банка го поддржува развојот на младите кадри и ја поттикнуваме младата студентска иницијатива. Традиционално овозможуваат практична работа на млади и амбициозни луѓе кои се во текот на нивните универзитетски студии од областа на економијата и информациските технологии. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange