Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Останато

Арсовска: Не ни треба “мал шенген” со Србија и Албанија, туку реформи за влез во ЕУ

Објавено

на

Иницијативата на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за создавање на таканаречен „мал Шенген“ меѓу Албанија, Македонија и Србија, како земји во регионот кои се многу мали за да влијаат врз економските показатели во Европа е тема која е актуелна изминатава недела. Српскиот претседател пред неколку дена, најави дека премиерите на Македонија и на Албанија, на 9 и 10 октомври  во Србија ќе присуствуваат на состанок посветен на отстранување на царинските бариери или како што е истакнато, со нив ја иницирал идејата за понатамошно отстранување на различните бариери за водење бизнис на територијата на трите држави и слободниот проток на стоки, луѓе и услуги, односно создавање на еден вид „мал шенген“.

Под изговор дека економското здружување е важно и дека ова е чист економски интерес за нашите земји да ги отстранат царинските и трговските бариери, се заговара нова изолација во микро регион каде Белград ќе ги води Скопје и Тирана во економски поход.  За Србија имаме одлична геостратешка позиција и важно е Србија да има пристап до Грција и албанските пристаништа. Но што ќе има Македонија од овој концепт, освен пристап до затворен систем од 3 држави кои наместо да се интегрираат во ЕУ, ќе бидат убедувани дека одлично е и ова решение. Кога на исток и југ граничиме со земји на ЕУ логично би било приоритет да ни е зголемување на таа соработка и интеграција кон единствениот економски пазар на ЕУ.

Во време кога сме условно пред вратите на НАТО и со можности за отпочнување преговори со Европската Унија, чудна е идејата да влеземе во економска дива градба „мал шенген“ со Србија која има различни определби од македонските во надворешната политика, особено во пристапување кон северноатланската  алијанса, додека македонските ЕУ и НАТО определби, се повеќе од јасни. Од друга страна Албанија во сите извештаи на ЕУ е чекор зад Македонија во напредокот и оваа насока на превземање чекори за заедничко економско делување не би придонело значително за наш побрз развој.

Како да не ни беше доволно тоа што сме сегрегирани во гетото Западен Балкан, сега во уште помал формат ќе се изолираме во „мал шенген“, со некаква илузија дека така економски ќе процветаме. По ретрограден став од овој одамна не е понуден, мал шенген за Србија, Македонија и Албанија е идеја која треба да згасне уште пред да се роди.

Зошто би правеле вакви микро економски сојузи кога целта треба да ни е да ги спроведеме структурните економски реформи потребни да станеме дел од единствениот економски пазар на Европската Унија, а не вечно да чекаме пред вратите на ЕУ како диво месо отцепено од интеграциите со утеха на тоа дека сме дел од некаков „мал шенген“. Не, благодариме.

Криптовалути

Цукерберг ставен на маки – Ја доби првата тужба за Libra

Објавено

на

Facebook не може да крене глава од проблеми поврзани со амбициозно најавената крипто платформа Libra која никако да се етаблира според замислите. Сега Facebook ја доби првата тужба и тоа за нарушување на авторски права, поточно за копирање на лого.

Тужбата ја покрена Current, компанија која се занимава со мобилно банкарство. Нивното лого е речиси идентично како и на Calibra, компанијата која беше основана од Facebook за да управува со Libra проектот.

Логоата на двете компании се изработени од истата фирма, Character од Сан Франциско. Current тврди дека нивното лого било регистрирано неколку дена пред Facebook да објави дека ќе развива сопствена криптовалута и посебен крипто дигитален паричник за управување со трансакциите.

„Facebook ги има сите пари и ресурси во светот. Ако тие навистина сакаат да го направат банкарството повеќе инклузивно, фер и достапно, тогаш требаше да смислат сопствени идеи и брендинг како што ние направивме“, истакна Стјуар Соп главниот извршен директор на Current.

Исто така Facebook ги изгуби речиси сите значајни партнери во Libra асоцијацијата меѓу кои PayPal, e-Bay, Stripe, MasterCard и Visa кои истакнаа дека повеќе нема да бидат дел од платформата и тоа пред да се одржи првиот состанок на бордот на директори во понеделник.

Продолжи со читање

Останато

Средба Ангеловска-Герберих: Трговската размена со Германија пораснала за 18%

Објавено

на

Германија е најзначaјниот трговски партнер на Република Сeвeрна Македонија. Само во првите седум месеци од годинава земјата во СР Германија извезла стоки во вредност 1,8 милијарди евра, што е покачување за 22% во однос на лани, додека вкупната трговска размена пораснала за 18%. За 1,3 милијарди евра извезуваме повеќе стоки во Германија отколку што увезуваме, односно нашата земја остварува трговски суфицит. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Грција за прв пат во историјата издаде благајнички записи со негативна каматна стапка

Објавено

на

Грција денеска издаде благајнички записи со негативна каматна стапка за време на денешната аукција, а грчкиот премиер, Кирјакос Мицотакис, рече дека ова се случува прв пат во историјата на земјата, jави дописничката на МИА од Атина. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange