Connect with us

Останато

Арсовска: Зголемен пласман на македонските производи ќе го помогне економскиот раст

Објавено

на

Затворањето на економијата и ограниченото движење поради рестриктивните мерки за спречување на ширењето на корона вирусот ја предизвика најдлабоката рецесија на економија за што е показател падот од 12,7% на бруто домашниот производ. Иако, намалување се бележи во речиси сите носечки структурни елементи на БДП, сепак евидентен е падот на извозот на стоки и на услуги кој во номинална вредност изнесува 32% и падот на увозот каде намалувањето е 30,2%.

Во извештаите на Светската банка, нотирано е дека во услови на пандемија во балканските земји се поизразен е проблемот на загуби од над една милијарда американски долари годишно заради застој на граничните премини. Долгото време на чекање ги зголемува трошоците, ја намалува конкурентноста на учесниците во меѓународната трговска размена, увозно-извозните претпријатија и транспортните компании.

Претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија, Данела Арсовска потенцира дека во услови на криза развојот на земјата е лимитиран и во таа насока за побрзо опоравување ќе придонесе зголемување на извозот поради што е потребно да се даде поддршка на македонските извозно ориентирани претпријатија.

„Задржување на пласманот на производите и услугите на домашните извозно ориентирани претпријатија кои имаат докажан квалитет во своето работење е од голема важност за поддршка на економски раст кој го очекуваме со стабилизирање на состојбата по кризата. Поради пандемијата евидентен е негативниот ефект врз побарувачката на пазарите во ЕУ, каде се и нашите најголеми трговски партнери, а тоа се рефлектира и на работата на нашите производствени капацитети. И покрај кризата и отежнатото функционирање, намалената продажба и потешкотиите во производството и логистиката, голем дел од извозно ориентираните капацитети не ги затворија своите погони и континуирано работат. Она што е потребно во моментот е да не ги изгубат пласманите и да ги задржат воспоставените позиции. Доколку се случи откажување на договорите, потребно е да им се овозможи да склучат нови договори со потенцијални партнери заинтересирани да работат и соработуваат со Македонија. Во таа насока треба да се размислува и за потпишување на договори за слободна трговија, за ослободување од двојно оданочување со земји каде постои потенцијал за зголемување на трговската размена. Важно  е да не се дозволи надворешно трговскиот економски тек да прекине“, вели Арсовска.

Во таа насока Сојузот на стопански комори на Македонија апелира за надминување на бариерите, олеснување на протокот низ границите преку поедноставување на царинските формалности.

„Нашиот фокус треба да биде насочен кон креирање добра стратегија за надминување на потешкотиите во меѓународната економска соработка, со стратешки пристап особено со оглед на тоа дека ние сме мала земја со голем трговски дефицит. Потребно е да се обезбеди непречен проток при извоз на граничните премини“,  потенцира претседателот на ССК.

Согласно обемот на трговската размена топ десет најголеми трговски партнери на Македонија се Германија, Велика Британија, Србија, Грција, Кина, Бугарија, Италија, Турција, Унгарија и Романија.  Голем дел од овие земји регистрираа историски пад на БДП во последниот квартал. Меѓународните економски односи континуирано се важни за опстојување, раст и развој на националната економија.

Останато

Бесими: Ребалансот во тек, средствата ќе се насочат таму каде ќе дадат подобри резултати

Објавено

на

Буџетираните средства не се за на хартија, тие треба да се реализираат, за да може да се поттикне економската активност. Ќе се предвидат механизми за оние институции кои се поуспешни во реализацијата да се обезбедат повеќе средства, додека оние кои имаат послаба реализација, тие средства да се усмерат кон вистинските позиции каде има поголем учинок. Ребалансот на буџетот е во тек, а средствата од позициите со помала реализација ќе се насочат кон новиот пакет мерки, вели во интервју за вестите на Сител министерот за финансии Фатмир Бесими. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Фирмите што ќе остварат загуба годинава, нема да имаат обврска да исплатат К-15

Објавено

на

Правните субјекти кои оваа година нема да остварат добивка нема да треба да исплатат К-15 на своите вработени, но оние кои ќе остварат добивка, согласно закон и колективен договор треба да исплатат К-15 и други издатоци, изјави премиерот Зоран Заев, апелирајќи и до оние кои нема да остварат добивка, но имаат финансиска моќ да го сторат тоа. (more…)

Продолжи со читање

Останато

5 работи кои вработената на шалтер би сакала да ги знаете

Објавено

на

Порталот „Неа.мк” – портал наменет за припадничките на понежниот пол направи кратко истражување за жените кои работат во банка, на шалтер и секојдневно се соочуваат со „интересни“ ситуации. (more…)

Продолжи со читање

Популарно