Connect with us

НБРМ

Народната банка и Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) склучија нов меморандум за соработка

Објавено

на

Народната банка и Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) склучија нов меморандум, кој ќе придонесе за зајакнување и продлабочување на соработката помеѓу двете институции на повеќе нивоа, а со тоа и кон натамошно јакнење на финансиската стабилност. Меморандумот за соработка беше потпишан од страна на гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и претседателот на Советот на експерти на АСО, Крсте Шајноски.

Унапредувањето на соработката помеѓу Народната банка и АСО е од големо значење, имајќи ја предвид и интензивираната соработка меѓу банкарскиот и осигурителниот сектор, пред сѐ преку поврзување на банкарските и осигурителните производи. Продлабочената соработка меѓу двата сектора на финансискиот систем е фактор за поблиска координација и содејствување на двете институции  заради подобро управување и справување со можните ризици и одржување на стабилноста на финансискиот сектор.

Меморандумот содржи три групи активности за кои двете институции ќе се координираат и заедно ќе делуваат: соработка при изработка на регулативата,  размена на податоци и информации и можност за спроведување заеднички контроли доколку се оцени потреба од нив.

Поконкретно, со Меморандумот се предвидува и соработка помеѓу двете институции при изработка на подзаконските акти коишто се однесуваат на субјектите кои се од заеднички интерес. Предвидено е да се разменуваат мислења за нацрт-актите, како и формирање заеднички работни групи составени од претставници на Народната банка и АСО.

Согласно  со документот, ќе се зголеми и опфатот на податоци и информации коишто ќе ги разменуваат двете институции за потребите на анализите на финансиската стабилност, како и во доменот на микропрудентиот надзор. Исто така, се задржува континуитетот на размена на податоци за статистички цели.

Со одредбите од Меморандумот попрецизно се предвидува можност за организирање заеднички контроли во однос на субјектите што се од заеднички интерес, што е дополнителен влог кон одржувањето на стабилноста на двата сектора, а со тоа и на севкупната финансиска стабилност.

Финансиската стабилност е заеднички приоритет и обврска на финансиските регулатори. Поблиската соработка меѓу регулаторите во изминатиот период и новиот формат на Комитетот за финансиска стабилност воспоставен во април минатата година, во кој се вклучени сите финансиски регулатори, придонесуваат за напредок во остварувањето на заедничката цел – одржување на финансиската стабилност. Сето ова обврзува на натамошно унапредување на меѓусебната соработка, со цел јакнење на стабилноста и отпорноста на финансискиот систем како носечки столб на економијата.

Исто така, воспоставената соработка во сегментот на финансиската едукација, финансиската инклузија и заштитата на потрошувачите придонесува и за натамошен развој на финансискиот систем и за подобрување на благосостојбата на населението.

НБРМ

Народна банка: Фиксниот курс на денарот е механизам за макроекономска дисциплина и стабилни очекувања

Објавено

на

Фиксниот курс на денарот дава стабилност на граѓаните, фирмите и компаниите во отплатата на нивните кредити врзани за еврото, а исто така влијае да се избегнат високи ценовни флуктуации како резултат на увозните цени, наведува Народната банка во објава на „Фејсбук”. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Анкета за финансиската писменост на Народната банка: Половина од младите од 13 до 15 години велат дека знаат делумно да располагаат со парите

Објавено

на

Околу половина од младите помеѓу 13 и 15 години сметаат дека не располагаат со доволно знаење за управувањето со парите. Најголемиот дел од нив учат за управувањето со парите од своите семејства. Од финансискиот систем, најдобро ги познаваат функциите на банкарскиот сектор и сметаат дека најдобро можат да се стекнат со финансиски знаења преку класичната настава. Ова го покажуваат резултатите од Анкетата на Народната банка спроведена во 2021 година и првата половина од 2022 година. Според наодите, Народната банка продолжува со своите едукативни активности, а воедно создава и нови алатки во форма на предавања, презентации и едукативни материјали. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Во првото полугодие од 2022 година околу 1.700 ученици и наставници посетија предавања за финансиска едукација на Народната банка

Објавено

на

Тимот за финансиска едукација на Народната банка во првото полугодие од 2022 година, преку едукативни презентации, подготовка на едукативни материјали и организација на натпревари, продолжи да работи на натамошно унапредување на  финансиската писменост на населението. Од почетокот на годината реализирани се 32 предавања, со кои беа опфатени 1594 ученици, како и 88 наставници и професори од основни и средни училишта. (more…)

Продолжи со читање


Популарно