Connect with us

Анализи

Аргументи за и против одржување на режим на фиксен девизен курс со посебен осврт на Република Македонија

Објавено

на

Во денешното променливо и динамично опкружување, еднаш избран режим на девизен курс не подразбира негово постојано одржување. Изборот на соодветен режим на девизен курс за една земја зависи од специфичните околности и карактеристики на земјата како и од условите во даден временски период. Во поглед на дилемата за и против одржување на режим на фиксен девизен курс во Република Македонија, стратегијата за таргетирање на девизниот курс и одржувањето на дефакто фиксен режим на девизен курс несомнено се покажаа како ефикасни за македонската економија.

Македонија како мала и отворена економија, со висок степен на евроизација, имајќи го еврото како доминантна валута во севкупните увозно/извозни плаќања е земја чии особини го поддржуваат фиксирањето на курсот. Имено, најзначајниот аргумент за одржување на фиксен режим е постигнувањето на крајната цел на централната банка, ценовна стабилност и одржување на ниско ниво на инфлација. Преку таргетирањето на девизниот курс успешно се намали инфлацијата на едноцифрено ниво и се одржува стабилност на цените низ времето. Отсуството пак на потполна либерализација на капиталните текови, оттука и слабата финансиска интеграција на земјата, овозможува фиксирањето и понатаму да е соодветен режим на девизен курс за македонската економија. Нискиот индикатор на монетизацијата на економијата укажува на ниското ниво на финансиски развој, па така со фиксен девизен курс економијата е помалку подложна на финансиски ризици. Ова го потврдува и финансискиот пазар кој е плиток. Силната економска и трговска интегираност со своите трговски партнери укажува на големиот бенефит од фиксниот курс, кој всушност промовира трговија. Дополнително, синхронизираноста на економиите и економските циклуси на домашната економија со главните трговски партнери е во корист на стабилен девизен курс. Трендот на намалување на примарните добра во вкупната извозна структура како и растот на производи од преработувачката индустрија во вкупниот извоз не сугерираат на потреба од еволуирање на девизниот курс кон некој пофлексибилен режим. Намалувањето на значајноста на номиналните шокови и кредибилитетот на централната банка би укажало на простор за еволуирање на курсот, меѓутоа опасноста од реални шокови при ниска мобилност на капиталот е во корист на одржување на режим на фиксен девизен курс.

Ефективноста на трансмисиониот канал на каматните стапки укажува на одржливоста на режимот на фиксен девизен курс во Република Македонија поради тоа што како трансмисионен канал е сѐ уште неефективен за пренос на монетарни сигнали во македонската економија. Меѓутоа, добиените резултати треба да се интерпретираат со доза на резервираност поради состојбата на вишок на ликвидност во која се наоѓа банкарскиот сектор. Промената на оваа состојба, како и развојот на финансискиот пазар може да предизвикаат подобрување на каналот на  каматни стапки. Се дотогаш, девизниот курс како трансмисионен канал најдобро го пренесува влијанието на монетарната политика во македонската економија.

Иако согледувањата за ценовната стабилност наспроти економскиот раст укажаа дека режимот на девизен курс делува неутрално врз растот на економијата, потребно е да се направат подетални анализи за ефектите кои би настанале во економијата при одржување на некој пофлексибилен режим на девизен курс. Разгледувањето на излезните стратегии од режимот на фиксен девизен курс треба да се согледаат низ призма на кост-бенефит анализа како и на подготвеноста на македонската економија и монетарните власти и институции да имплеменираат нов режим на девизен курс и нова монетарна стратегија.

м-р Ана Јовановска

Анализи

FT: Зголемувањето на просечната плата не се должи на зголемувањето на минималната плата, туку на сезонските ефекти

Објавено

на

Во февруари 2018, просечната нето плата во Република Македонија забележа значителен пад на месечно ниво од -3,6%, притоа одржувајќи го започнатиот тренд на годишен раст од претходно, од +3.6%. Претходно, во јануари 2018, годишниот раст изнесуваше 5,6%, поради што нето платата за првпат се искачи над 24.000 денари. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

PEPPER – интерактивниот хуманоиден робот беше во посета на Стопанска банка АД – Скопје во соработка со MasterCard

Објавено

на

Брзиот развој на технологијата влијае на сите нас како и на се околу нас, па затоа Стопанска банка АД – Скопје имаше можност да биде домаќин на интерактивниот хуманоиден робот Pepper. Преку роботот Pepper, Банката се обиде на јавноста да и ги презентира предностите на оваа напредна технологија и како истата може да се искористи за позитивна деловна промена. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Piperevski & Associates: Што е GDPR и какво ќе биде неговото влијание?

Објавено

на

На почетокот на 2016 година Парламентот на ЕУ ја одобри новата Регулатива за заштита на лични податоци – General Data Protection Regulation (GDPR) која ќе ја замени постојната Директива за заштита на податоци 95/46/EC од 1995 година. (more…)

Продолжи со читање
P2_P_MK_300x250

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange