Останато
Аргентина се соочува со банкрот по деветти пат!?


Министерот за економија на Аргентина, Мартин Гузман, предложи аргентинската влада да размисли и навремено да прогласи дека државата банкротирала по деветти пат, пренесува „Financial Times“.
Тоа би бил неверојатен деветти пат Аргентина да банкротира во својата историја, по осамостојувањето во 1816 година.
Според Гузман, банкрот би можел да се објави ако доверителите не се согласат да ги олеснат условите на аргентинскиот долг.
Кон средината на април, аргентинската влада предложи план за реструктуирање на долг од 65 милијарди американски долари за приватни доверители. Планот предвидува тригодишен мораториум за плаќања, продолжување на периоди на отплата на долговите до 2030 година, отпишувајќи 62% од каматата (37 милијарди американски долари) и 5,4% (3,6 милијарди американски долари) на главницата на долгот.
Сепак, од планот на владата барем во догледно време нема да се оствари со оглед на податокот дека доверителите го отфрлија предлогот на министерот Гузман, изјавувајќи дека нема стимул за прифаќање на договор што не им дава ништо до средината на 2023 година, кога владата ќе се приближи до крајот на мандатот.
Крајниот рок за двете страни да се договорат за отплата на долговите е 8 мај, додека следниот рок за плаќање на камата е 22 мај.
Доколку не се постигне договор до 22 мај, тогаш ќе се активира банкротот на државата по неверојатен деветти пат. Кога ова последен пат се случи во 2001 година, Аргентина беше затворена за меѓународните пазари цели 15 години.
Јасно е дека и двете страни треба да направат своевиден компромис со цел овој пат за да избегнат таков исход кој би имал погубни последици за сите засегнати страни.
Останато
Од 28-ми започнува етапната исплата на јунските пензии


Владата на Република Северна Македонија на последната седница ја усвои Информацијата за исплата на пензии за месец јуни 2022 година со задолжување на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27 јуни. (more…)
Останато
Инфлацијата во Велика Британија највисока во последните 40 години


Инфлацијата во Велика Британија се зголеми на 9,1 проценти на годишно ниво во мај, што е највисоко во изминатите 40 години, покажува извештајот објавен од Националната канцеларија за статистика на Обединетото Кралство. (more…)
Останато
Економиите на САД и ЕУ во пад, расте ризикот од глобална рецесија


Економиите на САД и на Европската Унија покажуваат значаен пад во јуни, како резултат на порастот на цените за храната, цените на енергенсите и намалената побарувачка на останатите производи и услуги. Со тоа се зголемува ризикот за глобална рецесија. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Кредитипред 4 weeks
Брз и евтин кредит – прва помош за вашиот паричник
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје