Connect with us

Останато

АПСУРД! – Помошта од 6.000 денари ќе се исплати кон средината на месецов, а парите мора да се трошат до 25 декември

Објавено

на

Граѓаните  наскоро ќе добијат финансиска помош од 6.000 денари.

Владата се уште ја нема започнато исплатата на државната помош од по шест илјади денари за ранливите категории граѓани со кои треба да набавуваат македонски производи. Законот е објавен во службен весник што значи дека тој е стапен на сила.

Но, од Владата посочуваат дека парите на граѓаните ќе им легнат на нивните трансакциски сметки кон средината на овој месец, што го намалува рокот за трошење. Имено на граѓаните ќе им останат помалку од десет дена за искористување на оваа антикризна мерка, бидејќи парите треба да се потрошат најдоцна до 25-ти декември. Од владата не одговорија зошто процесот е пролонгиран. И Министерот за финансии  нема детали зошто доцни исплатата и дали граѓаните ќе имаат доволно време да ги искористат овие средства.

„Средствата кои ќе ги добијат граѓаните се предвидени во буџетот, а наменети се да ги користат средствата, со што ќе им се помогне на ранливите категории граѓани, но и на економијата”, изјави Фатмир Бесими министер за финансии.

Владата допрва треба да ја објави листата на граѓани на кои им следува оваа помош од шест илјади денари на интернет страницата „Купувам домашно“, а потоа граѓаните кои ќе бидат на оваа листа, а немаат трансакциска сметка или пак сметката им е блокирана треба да отворат нова во банката каде што владата ќе ги распредели.

„Финансиската поддршка во износ од 6.000 денари е намената за ранливите категории на граѓани, се однесува на стечајни работници, самохрани родители, корисници на пензија до 15.000 денари, пасивни баратели на работа, уметници, граѓани од 16 години до 29 години, деца без родители”, велат од Владата.

Првичните проценки се дека ваква помош од 6.000 денари ќе добијат околу 300 илјади граѓани.

Криптовалути

Објавено е првото тргување со фјучерси за биткоин

Објавено

на

Првото тргување на берзански фонд поврзано со фјучерси на биткоин беше извршено на Волстрит, што значи дека инвеститорите во криптовалути конечно го добија она што го бараа, пренесува „CNN”. (more…)

Продолжи со читање

Останато

ММФ: Авганистанската економија ќе има пад до 30 проценти, што може да доведе до бегалска криза

Објавено

на

Авганистанската економија може да се намали за 30 проценти оваа година, и тоа најверојатно ќе поттикне бегалска криза што ќе ги зафати соседните земји, Турција и Европа, објави Меѓународниот монетарен фонд. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Ковачевски: До крајот на 2022 година МФ ќе спроведе реформа во буџетското сметководство, од готовинско преминуваме на пресметковно начело

Објавено

на

Силни, ефективни и отчетни институции во јавниот сектор се клучни за воспоставување стабилно економско опкружување и одржлив раст, што се покажа и во услови на пандемијата предизвикана од ковид-19. Оттука, основната цел на водењето буџетско сметководство и буџетско известување е круцијално за управување со Буџетот и постигнување финансиска одговорност при изготвување и носење на деловните политики и одлуки, односно урамнотежено буџетско трошење од реално расположливите средства. (more…)

Продолжи со читање



Популарно