Connect with us

Домашни банки

Антонио Аргир ја направи првата трансакција преку NLB Pay апликацијата со која донираше средства за Специјална Олимпијада Македонија

Објавено

на

НЛБ Банка ја промовираше новата бесплатна услуга, NLB Pay мобилен паричник – која овозможува бесконтактно плаќање на продажните места само со доближување на мобилен телефон до ПОС терминал. NLB Pay е уште една современа дигитална услуга на Банката, која е лесна за користење, безбедна и овозможува брзи и едноставни плаќања.

Преку апликацијата, клиентите добиваат заштеда на време и средства, како и можност да ги завршат своите банкарски обврски 24 часа на ден, седум дена во неделата директно преку мобилен телефон. NLB Pay е услуга наменета за физички лица, корисници на Mastercard платежните картички, кои поседуваат мобилен уред со Andorid оперативен систем. NLB Pay мобилниот паричник ги дигитализира Mastercard картичките и со тоа овозможува плаќање на бесконтактни ПОС терминали во земјата и странство. Клиентите можат да ја активираат оваа услуга самостојно, без потреба од посета на експозитура. NLB Pay паричникот не само што ќе го поедностави плаќањето за физички лица туку ќе придонесе и за побрзо и поедноставно спроведување на наплатата во малопродажба, што сметаме дека е исклучително важно за Retail бизнисите и продажните места генерално.

Освен иновативната компонента, настанот кој се однесуваше на воведувањето на услугата NLB Pay имаше и хуман аспект. Имено, присутните клиенти на НЛБ Банка имаа можност да направат трансакција преку која ќе донираат средства за поддршка на Специјална Олимпијада Македонија. Притоа, НЛБ Банка за секоја донација одвојува исто толку средства за поддршка, односно го удвојува износот на донирани средства.

Презентирајќи ја апликацијата и начинот на плаќање преку мобилниот паричник, првата трансакција и донација на настанот ја направи претседателот на Управниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје, г-дин Антонио Аргир, притоа апелирајќи до присутните да ја инсталираат апликацијата, да ги параметризираат картичките и да донираат средства кон Специјална Олимпијада Македонија.

Домашни банки

ОФИЦИЈАЛНО: “УНИБанка” издаде перпетуална обврзница по пат на приватна понуда

Објавено

на

На 11.01.2019 година, УНИБанка преку Македонска берза објави дека банката донесе одлука за издавање на капитален инструмент по пат на приватна понуда. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Халкбанк АД Скопје ги извлече добитниците од наградната игра ,,Халквантура”

Објавено

на

Халкбанк АД Скопје на ден 16.01.2019 година во просториите на Деловниот Центар на Халкбанк АД Скопје во Скопје ги извлече добитниците на награди од наградната игра ,,Халквантура’’. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Нови престижни награди за Стопанска банка а.д. Битола

Објавено

на

Остварените резултатите, постигнатиот успех, континуираниот развој на нови технологии и производи се само дел од критериумите врз база на кои светски реномираните магазини ги доделуваат глобалните и регионалните награди за најдобрите во банкарскиот свет. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange