Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Домашни банки

Антонио Аргир доби нов мандат на чело на НЛБ Банка АД Скопје

Објавено

на

НЛБ Банка АД Скопје преку соопштение објавено на веб страната на Македонска берза ја информираше јавноста за следниве промени во Управниот одбор на банката.

Ве известуваме дека Г-дин Антонио Аргир повторно е именуван за член на Управниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје, а воедно и за Претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје, за период од 4 (четири) години, почнувајќи од 09.07.2019 година.” – се вели во соопштението.

Аргир е на позицијата прв човек на НЛБ Банка од јануари 2016 година, наследувајќи го долгогодишниот претседател на Управниот одбор, Ѓорѓи Јанчевски.

Во моментот на инаугурација, г-дин Аргир ја даде следнава изјава: “Во иднина, одговорно и тимски ќе го практикуваме она што го изградивме низ годините до сега. Ќе бидеме посветени на воведување на современи услуги прилагодени на новите генерации. Ќе ја продолжиме успешната соработка со физичките лица, микро и малите претпријатија, корпоративно банкарство, дигитализирање на начинот на работа, мобилно банкарство до клиентите не само во делот на он лајн плаќањето туку и за советодавни и канали за комуникација со клиентите.

Домашни банки

ОФИЦИЈАЛНО: Sparkasse од Грац доби дозвола за преземање на Охридска банка АД Скопје

Објавено

на

Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија на ден 20 септември 2019 година ја одржа својата 40-та седница со која претседаваше Претседателот на КХВ М-р Нора Алити. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

ТТК Банка АД Скопје ја регистрираше првата емисија на корпоративна обврзница во Централниот депозитар за хартии од вредност

Објавено

на

ТТК Банка АД Скопје на ден 18.09.2019 година, ја регистрираше во Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје првата емисија на долгорочни должнички хартии од вредност –  корпоративна обврзница – 1.500 корпоративни обврзници по номинална вредност од 1.000 ЕУР и вкупна номинална вредност од 1.500.000 ЕУР, односно 92.236.500,00 денари. (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Комерцијална банка по деветти пат спонзор на Пензионерските спортски натпревари

Објавено

на

Комерцијална банка АД Скопје како општествено одговорна компанија и оваа година придонесе за поквалитетен живот на пензионерите. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange