Connect with us

Останато

АНКЕТА: Речиси 90 проценти од вработените сакаат да работат од дома и по пандемијата

Објавено

на

Речиси 90 проценти од работниците сакаат да имаат избор да работат од дома или од канцеларија откако ќе се отстранат ограничувањата во борбата против коронавирусот. Тие исто така сакаат поголема автономија во однос на работното време, се наведува во истражувањето од страна на компанијата Циско системи (Cisco Systems).

Пандемијата брзо го смени односот кон работата од дома, покажува студијата, бидејќи две третини од работниците имаат повисока оценка за придобивките и предизвиците на работењето од дистанца.

Иако, само 5 проценти од испитаниците работеле од дома пред пандемијата, сега 87 проценти од вработените сакаат да добијат можност да изберат каде, како и кога да работат, комбинација на канцелариска работа и работа од дома, се наведува во извештајот на Циско.

Потпретседателот на Циско, Гордон Томсон, вели дека компаниите ќе треба да направат измени за да ги исполнат новите барања на вработените, кои, пред сè, им даваат приоритет на ефективната комуникација и соработката.

Тој истакна дека технологијата мора да се користи за да се осигура безбедноста на вработените и заштитата на нивните податоци во нивното работно опкружување, без разлика дали се дома или во канцеларија.

Според него, ова може да вклучува сензори што ја следат топлината и светлината на работното место или технологија што ја проверува социјалната оддалеченост и дали луѓето носат маски во канцеларијата.

„Веќе не станува збор само за поврзување на луѓето, туку за искуство што им го пружате на луѓето додека се поврзуваат” – додаде Томсон.

Во анкетата се опфатени 10.000 луѓе на 12 пазари во Европа, Блискиот исток и Русија, како дел од студијата на Циско за иднината на работните места.

Останато

Инфлацијата во Хрватска достигна рекордни 12,3 проценти

Објавено

на

Потрошувачките цени во Хрватска во јули пораснаа 12,3 проценти во однос на истиот месец минатата година, што претставува највисока стапка на инфлација откако Државниот завод за статистика (ДЗС) ги евидентира податоците. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Бесими за МИА: И да не отворевме дебата за даночните реформи, има закони кои стапуваат во сила од 1 јануари

Објавено

на

И да не ја отворевме дебатата за даночните реформи, има законски решенија кои стапуваат во сила од 1 јануари 2023 година, како што се за оданочувањето на приходите над милион денари годишно и оданочувањето на каматите на депозитите, вели министерот за финансии Фатмир Бесими во интервјуто за „МИА”. (more…)

Продолжи со читање

Останато

ЗА НИВ НЕМА КРИЗА – Словенечкиот БДП скокна за 8,2 проценти во вториот квартал

Објавено

на

Според податоците на Националното биро за статистика на Словенија (Сурс) обемот на бруто домашниот производ на Словенија во вториот квартал од годинава се зголеми за 8,2 проценти на годишна основа. (more…)

Продолжи со читање


Популарно