Connect with us

Останато

Анкета пред Давос: Луѓето сметаат дека капитализмот „прави повеќе штета отколку корист“

Објавено

на

Повеќето луѓе во светот веруваат дека капитализмот, во сегашната форма, прави повеќе штета отколку што носи корист, открива истражувањето во пресрет на Форумот на политичката и економската елита во Давос.

Барометарот „Edelman Trust“, ​​кој анкетирал десетици илјади луѓе во текот на изминатите две децении за нивната доверба во клучните институции, за првпат се обиде да открие што мислат луѓето за капитализмот.

Авторите на студијата наведуваат дека претходните истражувања покажале зголемено чувство за нееднаквост и ги натерале да ги прашаат граѓаните дали започнале да имаат подлабоки сомнежи за западните демократии засновани на капитализмот.

„Одговорот е – да”, изјави Дејвид Берсоф, шеф на истражувањето спроведено од американската компанија „Edelman Trust“.

„Луѓето се прашуваат дали она што го имаме денес и светот во кој живееме денес е идеално за нивната иднина”, рече Берсоф.

Во истражувањето учествувале 34.000 луѓе од 28 земји.

Беа анкетирани граѓани на западните либерални демократии, како САД и Франција и граѓаните на Кина и Русија.

Повеќе од половина од анкетираните, 56 проценти, веруваат дека „денешниот капитализам прави повеќе штета отколку добро во светот“.

Истражувањето започна во 2000 година и се обиде да ги потврди теориите на политичкиот филозоф Френсис Фукујама, кој рече по падот на комунизмот дека либералната демократија сега се смета за „крај на историјата“.

На национално ниво, недостигот на доверба во капитализмот е најзастапен во Тајланд (75%), Индија (74%) и Франција (69%). Во другите азиски и европски земји и оние во Персискиот Залив, како и во африканските и латиноамериканските земји, преовладува истиот рејтинг од над 50 проценти.

Само во Австралија, Канада, САД, Јужна Кореја, Хонг Конг и Јапонија, повеќето од испитаниците не се согласуваат со тврдењето дека капитализмот во моментот прави повеќе штета отколку добро.

Истражувањето потврди различни видови на грижи на граѓаните, почнувајќи од брзиот технолошки развој и несигурноста на работните места, до недовербата во медиумите и чувството дека националните влади не се во состојба да се справат со денешните предизвици.

Податоците се малку поразлични – Азијците се пооптимистички од другите во светот кога станува збор за економски изгледи. Мислењата исто така се разликуваат во зависност од статусот, така што оние подобро образовани имаат поголема самодоверба во начинот на кој се водат работите.

Останато

Еcommerce4all.eu – бесплатна едукативна платформа за развој на прекуграничната е-трговија во ЦЕФТА

Објавено

на

Неодамна е комплетирана – ecommerce4all. eu – првата регионална платформа за е-трговија која претставува информативен центар е-трговија во ЦЕФТА регионот. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Европската комисија предвидува раст од 2 проценти на македонската економија за годинава

Објавено

на

Европската комисија предвидува дека македонската економија годинава ќе забележи раст од два отсто, а во 2024 од 3,1 проценти. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Ќе се издава граѓанска обврзница за финансирање на развојни проекти

Објавено

на

Министерството за финансии планира во јуни да издаде граѓанска обврзница со рок од две години и со примамлива камата. Според министерот за финансии, Фатмир Бесими, новиот финансиски инструмент ќе им овозможи на граѓаните да купат обврзница од минимум 10.000 денари, а со цел развој на финансикиот пазар. (more…)

Продолжи со читање

Популарно