Connect with us

НБРМ

Анкета на Народната банка: Се очекува постепено надминување на кризата и закрепнување во следните две години

Објавено

на

Народната банка ги објави резултатите од најновата Анкета за инфлациските очекувања и очекувањата за движењето на реалниот БДП, спроведена во септември оваа година со анкетирање економски аналитичари од земјата.

Резултатите од Анкетата не упатуваат на позначителни промени во очекувањата на анкетираните економски аналитичари за просечната стапка на инфлација. Поконкретно, просечните очекувања за 2020, 2021 и 2022 година се речиси непроменети во однос на претходната анкета спроведена во јуни и упатуваат на просечна стапка од 0,6% во 2020 година, додека за 2021 и 2022 година и натаму посочуваат на просечна инфлација од 1,3% и 1,6%, соодветно. Оттука, и оцените на анкетираните економски аналитичари упатуваат на очекувања за ниска и стабилна инфлација, како до крајот на оваа година, така и во претстојниот двегодишен период, со постепен раст на цените.

Во следните две години, испитаниците очекуваат постепено надминување на кризата и закрепнување на економијата. Во поглед на економската активност, во споредба со претходната анкета, анкетираните аналитичари очекуваат подлабок пад на домашната економија оваа година од 4,3%, но и нешто повисок економски раст во 2021 и 2022 година од 2,7% и 3,4%, соодветно. Слично како и во претходната анкета, ваквите очекувања се поврзуваат со: неизвесноста од глобалната криза од вирусот ковид-19 и можноста за воведување нови рестриктивни мерки за справување со него, неизвесната странска побарувачка и нејзиното влијание врз домашната економија, намалувањето на домашната побарувачка, како и воздржаноста на странските и домашните инвеститори и пониската кредитна активност. Од друга страна, аналитичарите очекуваат дека преземените монетарни и фискални мерки, напредокот во евроатланските интеграции и оптимизмот за пронаоѓање на вакцината којашто би била ефикасна за справување со корона-вирусот, како и забрзаното остварување на капиталните проекти ќе имаат позитивно влијание врз економијата во наредниот период и ќе придонесат за посткризно забрзување на нејзиниот раст.

Заклучоците од оваа анкета којашто Народната банка ја спроведува четирипати годишно ги претставуваат ставовите на испитаниците економски аналитичари.

НБРМ

Ангеловска-Бежоска на Универзитетот во Штип: Дефицитот на тековната сметка во 2023 година ќе се намали при помали цени на енергентите

Објавено

на

Во рамките на посетата на Универзитетот „Гоце Делчев“ ‒ Штип, гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, оствари средба со ректорот на Универзитетот, проф. д-р Дејан Мираковски и со проф. д-р Дарко Лазаров на која беа разгледани можностите за продлабочување на соработката помеѓу Народната банка и Универзитетот во делот на истражувачката работа и макроекономското моделирање. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

ЕУ оцени дека одговорот на монетарната политика е соодветен и банкарскиот сектор е стабилен

Објавено

на

Инфлациските притисоци во македонската економија, главно се движени од цените на примарните производи при високо учество на храната и енергијата во потрошувачката кошничка. Во услови на зголемена неизвесност, поради надворешните шокови забележани се и одредени притисоци врз валутните преференции. Народната банка даде соодветен одговор  на растот на инфлацијата и повисоката склоност за странска валута, со соодветно затегнување  на монетарната политика. Ова се посочува во заклучоците од овогодинешниот економски и финансиски дијалог на Европската Унија со земјите од Западен Балкан и Турција, кој има за цел да ги подготви земјите за идното учество во координацијата на економските политики на ЕУ (Европски семестар). (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Митреска на состанокот на БИС: Соодветна монетарна и фискална комбинација на ЦИЈИЕ, како поддршка на процесот на стабилизирање на растот на цените

Објавено

на

„Среднорочните фискални прогнози за земјите од Централнa, Источна и Југоисточна Европа упатуваат на фискална консолидација, што обезбедува поддршка на монетарната политика во напорите за намалување и стабилизирање на инфлацијата“, посочи вицегувернерката Ана Митреска, на 22. состанок за монетарната политика на Банката за меѓународни порамнувања (БИС) за земјите од Централна и Источна Европа. (more…)

Продолжи со читање

Популарно