Connect with us

НБРМ

Анкета на Народната банка: Довербата во домашниот финансиски систем е висока

Објавено

на

Довербата во домашниот финансиски систем е висока и во споредба со минатата година останува на високо непроменето ниво, потврдуваат резултатите од годишната Анкета за оцена на ризиците врз финансиската стабилност, коишто се објавени неодамна. Оваа анкета се спроведува еднаш годишно, во текот на првиот квартал, а годинава се прошири опфатот на испитаниците. Покрај до банките, кои претходно беа единствените учесници, оваа година, анкетата беше доставена и до штедилниците, друштвата за управување со пензиските фондови, осигурителните друштва, финансиските друштва, брокерските друштва, друштвата за управување со инвестициските фондови и економските аналитичари.

Според резултатите од Анкетата, значаен дел од испитаниците сметаат дека промените во меѓународната и домашната регулатива, кредитоспособноста на домаќинствата и политичката стабилност се значајни за финансиската стабилност. Во тој контекст, согледано од денешна перспектива, значајно е што е остварен забележлив кредитен раст и над проектираниот и што измените на домашната регулатива и по отпочнување на ковид-кризата се димензионирани соодветно за континуирано одржување на стабилноста на финансискиот сектор и во условите наметнати од пандемијата на ковид-19.  

Меѓу другото, резултатите посочуваат дека еден дел од испитаниците, во рамки на Aнкетата имаат дадено и оцени дека амбиентот на ниски каматни стапки е значаен за работењето на финансиските институции. Во однос на надворешното окружување, близу половината од испитаниците сметаат дека се значајни промените во меѓународните стандарди и регулативата. Кај групата останати ризици, околу 40% од одговорите како значајни ги посочуваат ризиците од ИТ-системите и нападите од дигиталниот простор. Во изминатите години, состојбата во нашиот финансиски сектор во поглед на заштитата од сајбер-нападите постојано се унапредува, вклучително и преку зајакнување на регулаторната рамка.

Резултатите од Анкетата за оцена на ризиците врз финансиската стабилност се надоврзуваат на веќе објавените согледувања на меѓународните финансиски институции, коишто во рамки на своите извештаи искажаа позитивни оцени за стабилноста на нашиот финансиски систем.

НБРМ

Ангеловска-Бежоска на конференција на ММФ и ХНБ: Структурни реформи и пристап до меѓународно финансирање за поддршка на растот на регионот

Објавено

на

Според последниот извештај на Светскиот економски форум, ризикот од фрагментација на глобалната економија (деглобализација) е еден од трите најголеми глобални ризици, заедно со кризата на трошоците на животот и климатските ризици. Процесот на деглобализација може особено неповолно да делува на малите економии коишто по својата природа се повеќе зависни од надворешна трговија и пристап до надворешно финансирање. Ова беше дел од дискусијата на гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, на тркалезната маса којашто ја водеше директорката на ММФ, Кристалина Георгиева, во рамките на конференцијата под наслов „Водење политики во немирни води: Јакнење на отпорноста на Централна, Источна и Југоисточна Европа“, во организација на Хрватската народна банка (ХНБ) и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Конференцијата ја отвори директорката на ММФ, Кристалина Георгиева, заедно со премиерот на Република Хрватска, Андреј Пленковиќ и гувернерот на Хрватската народна банка, Борис Вујчиќ. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Гувернерката Ангеловска-Бежоска на конференција од висок профил во Хрватска во организација на ХНБ и ММФ

Објавено

на

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска учествува на конференција во организација на Хрватската народна банка (ХНБ) и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), која се одржува од 2 до 3 јуни во Дубровник, Хрватска. Конференцијата насловена „Водење политики во немирни води: Јакнење на отпорноста на Централна, Источна и Југоисточна Европа“, е настан од висок профил, кој традиционално обединува гувернери, министри за финансии од регионот на ЦИЈЕ и високи претставници на меѓународни финансиски организации, а оваа година учество ќе земе и претседателката на Меѓународниот монетарен фонд, Кристалина Георгиева. (more…)

Продолжи со читање

НБРМ

Народната банка им ги пренесува искуствата за изготвување статистика на финансиските сметки на другите централни банки

Објавено

на

Народната банка, покрај тоа што е посветена на развојот на институционалниот капацитет на своите вработени, ги пренесува и своите знаења, професионално искуство и најдобри практики во областите коишто се предизвик за другите институции во земјите од Југоисточна Европа и пошироко. Директорката на Дирекцијата за статистика при Народната банка, Снежана Јанеска-Поповска, учествуваше како предавач на Работилницата за финансиската статистика, во организација на Центарот за извонредност во финансиите (ЦЕФ), меѓународна организација којашто функционира како центар за размена на знаења и соработка во нашата конституенца. Темите што се обработуваа на Работилницата се однесуваа на различните практични и концептуални аспекти на составувањето на статистиката на финансиските сметки, со осврт на секторите и финансиските инструменти, конзистентноста на националните секторски сметки, изворите на статистички податоци, изготвувањето податоци за состојбите и тековите, преку искуствата на неколку европски централни банки, ЕЦБ и ММФ. (more…)

Продолжи со читање

Популарно