НБРМ
Анкета за финансиската писменост на Народната банка: Половина од младите од 13 до 15 години велат дека знаат делумно да располагаат со парите

Околу половина од младите помеѓу 13 и 15 години сметаат дека не располагаат со доволно знаење за управувањето со парите. Најголемиот дел од нив учат за управувањето со парите од своите семејства. Од финансискиот систем, најдобро ги познаваат функциите на банкарскиот сектор и сметаат дека најдобро можат да се стекнат со финансиски знаења преку класичната настава. Ова го покажуваат резултатите од Анкетата на Народната банка спроведена во 2021 година и првата половина од 2022 година. Според наодите, Народната банка продолжува со своите едукативни активности, а воедно создава и нови алатки во форма на предавања, презентации и едукативни материјали.
На прашањето „Дали сметате дека имате доволно знаење да управувате со расположливите парични средства?“, во 2021 година 41% одговориле дека имаат делумно знаење, додека 56% рекле дека имаат знаење. Во 2022 година, 55% од испитаниците сметале дека располагаат со делумно знаење за управувањето со парите, додека 43% сметале дека располагаат со знаење. Овие резултати укажуваат дека има широк простор за унапредување на финансиската едукација кај оваа возраст.
Од аспект на тоа од каде се информираат за функциите и управувањето со парите, и во 2021, и во 2022 година испитаниците го посочиле семејството како главен извор со 37%, односно 41% од сите анкетирани. Понатаму со речиси иста застапеност се училиштето, интернетот и медиумите.
Според Анкетата, учениците се најзапознаени со услугите на банкарскиот систем, и тоа 42%, односно 33% во 2021 и 2022 година, соодветно. Овие резултати соодветствуваат со структурата на финансискиот систем во државата. Сепак, тоа укажува дека има потреба од едуцирање и за останатите сегменти од финансискиот систем.
На прашањето каква едукација претпочитаат учениците, најголемиот дел од нив, или 35%, односно 29% во 2021 и 2022 година, соодветно, одговориле дека претпочитаат класична настава. Втори на листата посакувани едукативни методи се видеоматеријалите, па едукативните текстови на интернет и печатените брошури.
Предавања од областа на финансиската едукација од страна на Народната банка, може да се закажуваат на следнава врска: https://www.nbrm.mk/baranje-za-e-predavanje-fin-edu.nspx
Народната банка го преведе и Водичот за лични финансии (https://www.nbrm.mk/content/Pametno_upravuvanje_so_parite__web.pdf) на албански јазик, достапен на следнава врска: https://www.nbrm.mk/content/Menaxhimi-i-men%C3%A7ur-i-parave-web.pdf.
НБРМ
Ангеловска-Бежоска ‒ Агелер: Расте поддршката на банкарскиот сектор за инвестиции во обновливи извори на енергија

Најновите податоци за кредитната активност на банкарскиот систем укажуваат на солидна кредитна поддршка на корпоративниот сектор (11,5% во декември), при солиден раст на кредитите за инвестиции во обновливи извори на енергија. (more…)
НБРМ
Поголема транспарентност и поширок опфат на податоци од банките, како поддршка на финансиската стабилност

Советот на Народната банка, на својата редовна седница, ја донесе Одлуката за објавување извештаи и податоци од страна на банките, со која се вршат позначителни промени за зголемување на опфатот на податоците коишто ги објавуваат банките и на фреквенцијата на објавите. Промените се однесуваат на зголемување на транспарентноста на банките, како кон супервизорските органи, така и кон јавноста. Со ова се врши натамошно усогласување со европските регулативи, но и со подзаконската банкарска регулатива донесена од страна на Народната банка во изминатиот период за зголемување на претпазливоста. (more…)
НБРМ
Ангеловска-Бежоска: Ги преземаме сите мерки за осигурување на среднорочната ценовна стабилност

„Како централна банка постојано работиме на обезбедување среднорочна ценовна стабилност. Тековното затегнување на монетарната политика има за цел да придонесе за намалување на инфлациските очекувања и стабилизирање на инфлацијата. Како резултат на постепеното намалување на цените на примарните производи, но и на мерките преземени досега, од ноември се забележува постепено забавување на инфлацијата, во услови на задржана стабилност на девизниот курс и на финансискиот сектор”, рече гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, говорејќи на панел-дискусијата под наслов „Фискални, монетарни и даночни политики во време на криза“, во рамките на годишната владина конференција, насловена „Година на нови можности“. (more…)
- Анализипред 2 days
ТЕШКА ГОДИНА – РЕКОРДНИ ПРОФИТИ: Трите најголеми македонски банки со добивка од 117 милиони евра во 2022 година
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Депозитипред 1 month
Халкбанк АД Скопје ги зголеми каматните стапки за физички лица на сите депозитни производи
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Интервјуапред 2 weeks
Очекувања 2023 година | МИЛКА ТОДОРОВА, УНИБанка АД СКОПЈЕ
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Домашни банкипред 4 weeks
Комерцијална банка воведе услуга за електронска идентификација на клиенти без посета на шалтер