Connect with us

Компании

Андријана Поповска го замени Артон Лена во Одборот на директори на ВФП Фонд Менаџмент АД Скопје

Објавено

на

ВФП Фонд Менаџмент АД Скопје преку соопштение на Македонска берза ја известува јавноста за измени во органите на управување на компанијата.

„Комисијата за хартии од вредност донесе Решение број УП1 08-241 од 05.08.2022 година со кое се дава согласнос на одлуката број 0201 – 36/4 од 07.07.2022 година за измени на Статут на Друштвото за управување со отворени и затворени инвестициски фондови ВФП Фонд Менаџмент АД Скопје, односно на пречистениот текст на Статутот  број 0201 – 36/5 од 07.07.2022 година донесени на Собрание на акционери на Друштвото.

Измената на Член 75 став 1 точка 2 и Член 75 став 3 се прави поради отповикување на досегашниот извршен член на Одборот на директори на друштвото г-дин Артон Лена и именување на г-ѓица Андријана Поповска за нов извршен член на Одборот на директори на друштвото”, се вели во соопштението на ВФП Фонд Менаџмент АД Скопје.

Одбор на директори:

  • MAG. Руперт Стробл – Претседател на Одборот на директори и на Инвестицискиот одбор на ВФП Фонд менаџмент АД Скопје
  • Петар Андреевски – Главен извршен директор
  • Андријана Поповска – Извршен член на Одборот на директори
  • Блаже Петрески – член на Одборот на директори
  • МAG. Вили Стефан Сајбл – член на Одборот на директори

Компании

Иуте донира 12 000 евра за фамилиите засегнати од земјотресот во Турција

Објавено

на

Компанијата Иуте донираше 12 000 евра за фамилиите од Турција засегнати од земјотресот. Минатиот месец, Ѓоксу Тугаи – групациска директорка за корисничко искуство во групацијата Иуте започна донаторска акција за вработените за поддршка на фамилиите во Турција засегнати од земјотресот. Како резултат на донациите повеќе од 12 000 евра беа собрани и донирани. Средствата се донирани на невладина организација која внимателно беше избрана – Türkiye Earthquake Relief Fund, која заедно со организацијата AHBAP се вклучени во помош при земјотреси низ годините. (more…)

Продолжи со читање

Компании

Оглас за вработување во Штедилница Можности

Објавено

на

Градете ја својата кариера и развивајте се како професионалец во примената на ИТ технологиите во областа на финансии и банкарство со Штедилница Можности. (more…)

Продолжи со читање

Компании

Мастеркард отвора претставништво во Скопје и назначува нов генерален директор за Југоисточна Европа

Објавено

на

Технолошкиот лидер „Мастеркард“ (Mastercard) преку огранокот за Европа го отвoра своето долгоочекувано претставништво во Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Популарно