Business Man
Андреја Јосифовски го зајакнува својот акционерски капитал во Макпетрол АД Скопје

Макпетрол АД Скопје ја известува јавноста преку соопштение на Македонска берза дека г-н Андреја Јосифовски, Претседател на Управниот одбор, се стекна со 220 обични акции издадени од Макпетрол АД Скопје.
„Согласно член 34, став 1, алинеја 7 од Правилата за котација на Македонската Берза за хартии од вредност АД Скопје, известуваме дека Претседателот на Управниот одбор г-дин Андреја Јосифовски, се стекна со 220 обични акции од издавачот Макпетрол АД Скопје”, се вели во соопштението на Макпетрол АД Скопје.
Со оваа нова инвестиција од 220 купени акции од компанијата со која раководи, г-н Андреја Јосифовски дополнително го зголемува својот и онака голем акционерски капитал во Макпетрол АД Скопје, каде што вкупниот број на акции во моментов изнесува 112.382 обични акции со право на глас, а вредноста на една акција изнесува 71.949,70 денари.
Фото: a1on.mk
Business Man
Универзитетскиот професор Борче Треновски: Можен раст на каматите на кредитите, инфлацијата ќе бледнее на крај на годината

Зголемувањето на референтната каматна стапка на три проценти во догледно време може да ги зголеми каматните стапки на депозитите и на кредитите со флексибилна каматна стапка, а поради неизвесниот период во кој се наоѓаме, побарувачката на кредити и задолжувањето треба да биде претпазливо, оценува во изјава за МИА универзитетскиот професор Борче Треновски. (more…)
Business Man
ТРИФУН КОСТОВСКИ ЈА ОТВОРИ ПАНДОРИНАТА КУТИЈА – објасни каде завршиле парите на штедачите од „Еуростандард банка“

Бизнисменот Трифун Костовски ја одржа најавената прес-конференција на која изнесе сензитивни информации од истрагата која ја нарачал во врска со пропаѓањето на неговата „Еуростандард банка“. Костовски обвини дека парите кои биле повлекувани од неговата Еуростандард банка како кредити без покритие, во најголем дел оделе во фирми од Струмица блиски до поранешниот премиер на државата Зоран Заев. (more…)
Business Man
Трифун Костовски: На 22 август ќе ја објавам вистината за Еуростандард банка

На 12-ти август 2020 година, Народната банка, постапувајќи согласно со Законот за банките ја укина дозволата за основање и работење на Еуростандард банка АД Скопје. Укинувањето на дозволата се должеше на неисполнување на минимални законски услови за работење на една банка. (more…)
- Анализипред 3 days
ТЕШКА ГОДИНА – РЕКОРДНИ ПРОФИТИ: Трите најголеми македонски банки со добивка од 117 милиони евра во 2022 година
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Депозитипред 1 month
Халкбанк АД Скопје ги зголеми каматните стапки за физички лица на сите депозитни производи
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Интервјуапред 2 weeks
Очекувања 2023 година | МИЛКА ТОДОРОВА, УНИБанка АД СКОПЈЕ
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Домашни банкипред 4 weeks
Комерцијална банка воведе услуга за електронска идентификација на клиенти без посета на шалтер