Connect with us

Странски банки

Андреас Трајхл, од Ерсте Групација е прогласен за “банкар на годината” за 2019 година

Објавено

на

Андреас Трајхл, претседател на извршниот одбор на Ерсте Група, е прогласен за “банкар на годината” за 2019 година во рамките на доделувањето на годишните награди на магазинот “Euromoney“.

Жири комисијата го признала придонесот на Андреас Трајхл во развојот на банкарскиот сектор во европските земји во развој, посветеноста на финансиската инклузија и долгорочно ориентираната дигитална стратегија која Ерсте Група ја спроведува преку платформата “Џорџ”.

Во својата одлука, жирито на магазинот “Euromoney” нагласи дека, во текот на 22-те години со Андреас Трајхл на чело на извршниот одбор, Ерсте Групаcijata прерасна од традиционална штедилница во Австрија во компанија која котира на берза со членки во седум земји од Централна и Источна европа, повеќе од 16 милиони клиенти и повеќе од 47.000 вработени. Од самиот почеток, Андреас Трајхл ги фокусирал активностите на Ерсте на нудење банкарски услуги на средната класа во регионот која доживува раст. Посветеноста на финансиската инклузија, заедно со амбициозната програма на социјално банкарство, дополнително го зајакнува овој стратешки фокус кој се потпира на 200-годишните корени на банката како понудувач на финансиски услуги на клиентите.

Андреас Трајхл уште во 2012 година, како начин за зголемување на просперитетот, ги дефинираше плановите преку кои Ерсте банка развиваше нова банкарска платформа. Лансирана во 2015 година, дигиталната платформа “Џорџ” во меѓувреме стана најголема банкарска платформа и во моментов опслужува над пет милиони клиенти на Ерсте Групацијата на неколку различни пазари.

Ерсте е најдобра банка во Австрија, Романија и Словачка

Во склоп со образложението на жири комисијата и доделеното признание на Андреас Трајхл, во текот на церемонијата доделени се награди за остварените резултати на “Ерсте Група” преку награда за најдобра банка во неколку различни земји.

“Ерсте Банка Австрија” е добитник на признанието “Најдобра банка во Австрија”. Дополнително, “Награда за исклучителност” за 2019 година доби “Словенска спорителна Банка” од Словачка која по шести пат е прогласена за најдобра банка во оваа земја. Романската “БЦР” е прогласена за “Најдобра банка во Романија”, откако во 2017 година беше прогласена за “Банка со најдобра трансформација” во Централна и Источна Европа.

Банки

Европските банки да се подложат на нов стрес тест

Објавено

на

Европското банкарско регулаторно тело има идеја да воведе нови стандарди и критериуми при спроведувањето на стрес тест за банките. Според Жозе Мануел Кампа, директорот на ова тело, стрес тестот наменет за европските банки не е променет откако се случи големата финансиска и должничка криза во Европа.

Затоа Кампа предложува да се види како се движи капиталот и ликвидноста на банките под надворешен притисок но, во сценарио кое денес е пореално.

Прилагодувањето на стрес тестот на поактулени и пореални економски, финансии и надворешни закани не значи дека веднаш и многу лесно ќе се спроведе особено што за дел од европските банки овој период на ниско каматни стапки може да укаже на нови слабости кои пак, според нив може да предизвикаат непотребна паника.

Имено Deutsche Bank е под лупа дека добивала полесни стрес тестови од ECB за да не се предизвикаат дополнителни потреси во и онака деликатната корпоративна состојба на една од некогаш најмоќните финансиски институции.

Без оглед на заложбите на Европскиот банкарски авторитет не постои надлежност да се наметне нивниот стрес тест во споредба со националниот регулатор без оглед што е тело на Европската Унија, односно локалниот регулатор го спроведува стрес тестот сам според дадените препораки.

Сепак, заложбите на ЕБА ќе бидат во насока стрес тестот да даде поголем број на информации за состојбите на банките според насоките, а процедурите да бидат поевтини и поедноставни за спроведување.

Продолжи со читање

Странски банки

Девизните резерви на Русија достигнаа 557 милијарди долари

Објавено

на

Златните и девизните резерви на Русија достигнаа 557,5 милијарди американски долари во првите 10 дена од новата година, според најновите податоци на Централната банка на Русија. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Кина вбризга 58 милијарди долари во финансискиот систем

Објавено

на

Кинеската централна банка инјектира околу 58 милијарди американски долари во домашниот финансиски систем, пренесува „Bloomberg“. (more…)

Продолжи со читање

Популарно