Connect with us

Странски банки

Андреас Трајхл [Ерсте]: Треба да им овозможиме на младите луѓе да стекнат богатство!

Објавено

на

Директорот на Ерсте банка, кој од финансискиот магазин “Euromoney” беше прогласен за банкар на годината – 2019, вели дека ниските каматни стапки на штедните влогови во Европа ќе продолжи и во следните 10 – 15 години.

Постоечката политика на ЕЦБ, која нуди ниска каматна стапка не нуди заработка. Поради таквата ситуација, сега навиките за штедење се многу променети. Граѓаните на Австрија во 2018 година загубија повеќе од 5 милијарди евра поради ниските каматни стапки и недостатокот на алтернативни инвестиции. Се е претворено во недвижен имот, дури и богатите луѓе инвестираат во недвижност” – рече Трајхл.

Трајхл се залагаше за изнаоѓање алтернативни инвестиции со висок приход, така што цените на недвижностите повторно ќе паѓаат.

Постоечкиот економски систем мора да претрпи одредени промени. Пазарната економија мора да биде достапна за повеќе луѓе во светот. Младите луѓе треба да соберат богатство, но тоа е премногу тешко со вакви каматни стапки” – додаде тој.

Aндреас Трахјл говореше на форумот „Капитализам и демократија – борбата за моќ?“ во планинското село во Тирол, Алпабах. 

Странски банки

Корона-кризата започнува да го забавува работењето на словенечките банки

Објавено

на

Тековната корона-криза и воведените мерки за ограничување на ширењето на пандемијата негативно влијаат врз работата на словенечките банки, при што растот на кредитите за домаќинствата се преполови, а растот на корпоративните кредити, исто така, постепено забавува во периодот од јануари до мај, соопшти Централната банка на Словенија. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

ЕБОР и ЕУ ќе го зголемат финансирањето на малите и средните претпријатија на Западен Балкан

Објавено

на

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Европската Унија (ЕУ) ја зголемуваат поддршката на малите и средните претпријатија (МСП) на Западен Балкан, со дополнително финансирање по појавување на пандемијата на коронавирусот. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Commerzbank ќе затвори повеќе од половина од своите филијали низ Германија!?

Објавено

на

Според „Börsen-Zeitung”, извршниот одбор на германската „Commerzbank AG” планира да затвори повеќе од половина од 1.000-те филијали низ целата земја до крајот на 2023 година. Покрај тоа, се планира да се намалат речиси 10.000 работни места од вкупно 32.792 колку што во моментов брои германскиот банкарски гигант. (more…)

Продолжи со читање

Популарно