Connect with us

Платежни картички

Ангеловска: 55.000 граѓани користат домашна платежна картичка

Објавено

на

Педесет и пет илјади граѓани веќе ги имаат добиено платежните картички и активно може да ги користат и да купуваат домашни производи и услуги. Вкупно, над 320 илјади граѓани треба да добијат домашна платежна картичка. Испечатени се 220 илјади картички. Банките интензивно работат и секојдневно издаваат по илјадници картички, а имаше поднесено 50 илјади приговори, од кои 20 илјади се со прашања, а 30.000 се со матични броеви кои сметаат дека ги исполнуваат критериумите и тие се проверуваат, по проверката, доколку ги исполнуваат условите ќе ја добијат домашната платежна картичка.

Ова го соопшти министерката за финансии Нина Ангеловска во видео обраќање во живо на својот ФБ профил, која порача дека сите кои не ја добиле картичката, а се корисници да се информираат преку веб-страниците или кол центрите на банките и сите кои поднеле приговори ги увери дека на сите на кои им следува картичката, истата ќе им биде доделена.

„До денеска, односно заклучно со вчера вкупно се издадени 55 илјади домашни платежни картички и граѓаните  веќе ги користат активно и плаќаат домашни производи и услуги со нив. Финансиска поддршка ќе добијат 320 илјади граѓани. Целата мерка е 28 милиони евра, средства што веднаш ги префрливме кон банките, а од нив 10,7 милиони евра се исплатени на наменските сметки на корисниците на картичките”, истакна министерката.

Таа појасни дека за мерката се пратени 50 илјади меилови со забелешки, од кои 20 илјади се одговорени и се однесуваа на прашања од граѓаните во врска со активирање, подигнување на картичките…, додека 30.000 се со матични броеви, кои се распределуваат  до надлежните институции, се проверуваат и сите граѓани што поднеле приговор и доколку се утврди дека ги исполнуваат критериумите ќе добијат картички.

Повика на трпение и најави дека до крајот на неделата ќе ги добијат сите информации од институциите што ја вршат проверката и граѓаните ќе бидат информирани.

„Ве уверувам дека сите на кои им следи по проверките ќе ја добијат. Нема никој да биде заборавен и нема да биде изоставен”, потенцира Ангеловска.

Мерката Домашна платежна картичка е дел од третиот пакет мерки на Владата, а целта е да влијае на амортизирање на ударот врз економијата, односно подобро да се справиме со ударот врз економијата како резултат на забавување на економската активност.

„Сега кога сме во фаза на реотворање на сите капацитети кои беа затворени потребно е да ја зајакнеме домашанта потрошувачка” – рече министерката.

Покрај поддршката на над 320 илјада граѓани, очекуваме и дополнителни ефекти, како што е промена на навиките за безготовинско плаќање, што повеќе трговци да постават ПОС терминали во своите маопродажни објекти, и со тоа понатаму не само да се влијае на навиките и да одиме кон безготовинско плаќање, туку дополнително да се справиме и со неформалната економија.

Картичките ги издаваат девет банки, најголем број, односно  280 илјади ги издаваат поголемите банки НЛБ Банка,  Комерцијална и Стопанска банка.

Може да се користат во хотели, одморалишта, туристички агенции, угостителски објекти, ресторани, супермаркети, продавници за храна, пилјари, пекари, мебел, производи за домаќинство, книжарници, спортскаопрема, облека, аптеки, салони за убавина, фризерски салони…, и во сите овие продавници може да купуваат домашни, односно македонски производи и услуги.

Ангеловска појасни дека во продажните објекти македонските производи се поставени на посебни полици, рафтови или се посебно означени со “КУПУВАМ ДОМАШНО” за граѓаните да може лесно да ги препознаат. Како македонски производи се сметаат оние кај кои на декларацијата е наведено дека производот е произведен во Република Северна Македонија, како и сите услуги извршени од домашни компании и вршители на дејност.

Иако во фискалните сметки трговците имаат обврска да го издвојат “прометот од македонски производи” до сега отсуствуваше јасното дефинирање за кои производи треба да се најдат означени како македонски во истите. Сега, со измената на правилникот тоа е јасно дефинирано – како што посочи Ангеловска.

Домашни банки

Како да го испланирате вашето патување, за безгрижно истражување на дестинацијата

Објавено

на

Во светот во кој патувањата станаа составен дел од нашите животи, планирањето на совршен одмор никогаш не било поважно. Темелното истражување на вашата следна дестинација може да придонесе за безгрижно и пријатно запознавање на вашата посакувана локација. Еве неколку совети кои ќе ви помогнат ефикасно да го испланирате вашето патување: (more…)

Продолжи со читање

Домашни банки

Банките апелираат до граѓаните да не отвараат сомнителни СМС пораки и да не споделуваат податоци од платежните картички

Објавено

на

Банките апелираат до граѓаните да внимаваат на обиди за злоупотреби на нивните платежни картички. (more…)

Продолжи со читање

Платежни картички

Стопанска банка – Скопје апелира на внимание при внес на лични и финансиски податоци

Објавено

на

Овие денови актуелна е измамничка кампања, под закрилата на лажна веб страница која испраќа СМС и e-mail пораки поврзани со наводна “погрешна адреса“ и “вратена пратка“ со линк кој понатаму бара да се внесат лични и финансиски податоци. Не кликајте на линкот доколку не сте ја побарале таа услуга! (more…)

Продолжи со читање

Популарно

https://austinpublishinggroup.com/a/judi-bola-euro-2024/ https://austinpublishinggroup.com/a/parlay/ https://austinpublishinggroup.com/a/judi-bola/ https://austinpublishinggroup.com/a/sbobet/ https://compendiumapp.com/comp/dominoqq/ https://bankarstvo.mk/wp-includes/bandarqq/ https://bankarstvo.mk/wp-includes/dominoqq/ https://tickerapp.agilesolutions.pe/wp-includes/js/pkv-games/ https://tickerapp.agilesolutions.pe/wp-includes/js/bandarqq/ https://tickerapp.agilesolutions.pe/wp-includes/js/dominoqq/ https://tickerapp.agilesolutions.pe/wp-includes/js/slot-depo-5k/ https://austinpublishinggroup.com/group/pkv-games/ https://austinpublishinggroup.com/group/bandarqq/ https://compendiumapp.com/comp/pkv-games/ https://compendiumapp.com/comp/bandarqq/ https://bankarstvo.mk/PCB/pkv-games/ http://compendium.pairserver.com/ http://compendium.pairserver.com/bandarqq/ http://compendium.pairserver.com/dominoqq/ http://compendium.pairserver.com/slot-depo-5k/ https://compendiumapp.com/app/slot-depo-5k/ https://compendiumapp.com/app/slot-depo-10k/ https://bankarstvo.mk/PCB/slot-depo-5k/ https://austinpublishinggroup.com/group/dominoqq/ https://austinpublishinggroup.com/group/slot-depo-5k/ https://austinpublishinggroup.com/group/slot77/ https://compendiumapp.com/ckeditor/judi-bola-euro-2024/ https://compendiumapp.com/ckeditor/sbobet/ https://compendiumapp.com/ckeditor/parlay/ https://sabriaromas.com.ar/wp-includes/js/pkv-games/ https://www.europark.lv/uploads/Informativi/pkv-games.html/ https://www.europark.lv/uploads/Informativi/bandarqq.html/ https://www.europark.lv/uploads/Informativi/dominoqq.html/ https://www.europark.lv/uploads/Informativi/slot-thailand.html/ https://www.europark.lv/uploads/Informativi/slot-depo-10k.html/ https://www.europark.lv/uploads/Informativi/slot-kakek-zeus.html/ https://www.europark.lv/uploads/Informativi/rtp-slot.html/ https://www.europark.lv/uploads/Informativi/parlay.html/ https://www.europark.lv/uploads/Informativi/sbobet.html/ https://st-geniez-dolt.com/css/images/pkv-games/ https://st-geniez-dolt.com/css/images/bandarqq/ http://128.199.219.76/img/pkv-games/ http://128.199.219.76/img/bandarqq/ http://128.199.219.76/img/dominoqq/ https://st-geniez-dolt.com/css/images/dominoqq/ https://www.knowafest.com/files/uploads/pkv-games.html/ https://www.knowafest.com/files/uploads/bandarqq.html/ https://www.knowafest.com/files/uploads/dominoqq.html https://www.knowafest.com/files/uploads/slot-depo-5k.html/ https://www.knowafest.com/files/uploads/slot-depo-10k.html/ https://www.knowafest.com/files/uploads/slot77.html/ https://tsamedicalspa.com/wp-includes/js/slot-5k/ https://gseda.nida.ac.th/wp-includes/js/pkv-games/ https://gseda.nida.ac.th/wp-includes/js/bandarqq/ https://gseda.nida.ac.th/wp-includes/js/dominoqq/