Connect with us

Останато

Ангеловска: 402 милиони евра поврат на ДДВ кон фирмите во 2019 година

Објавено

на

Минатата година фирмите добиле поврат на ДДВ од 402 милиони евра или за 7,5% повеќе во однос на 2018 година или дури 44% повеќе во однос на 2016 година. Добрата динамика на поврат на ДДВ продолжува и годинава, што е од големо значење за ликвидноста на фирмите, нивното работење и инвестиции, рече министерката за финансии Нина Ангеловска на прес-конференција во Владата на Република Северна Македонија. 

„Во првите 16 дена од јануари е извршен поврат на ДДВ кон фирмите во износ од 926 милиони денари или 15 милиони евра. Со ова продолжува добрата динамика од минатата година во која на фирмите по основ на ДДВ им беше извршен поврат од 401,9 милиони евра. Ова е за 7,46% повеќе во однос на 2018 година, 28,18% повеќе во однос на 2017 година, 44,19% повеќе во однос на 2016 година и 42,46% повеќе во однос на 2015 година. Ова е од исклучително значење за фирмите, бидејќи на овој начин се одржува ликвидноста, потребна за тековно работење, но и планирање на инвестициската дејност” – рече Ангеловска.

Ангеловска посочи дека и повратот на ДДВ кон граѓаните во раки на мерката МојДДВ ќе се изврши следниот месец и тоа за месеците октомври, ноември и декември во 2019, за што повратот изнесува околу 3,8 милиони евра.

„Инаку во првите две тримесечја мерката има одлични резултати – 213 илјади корисници, 52,5 милиони скенирани сметки со промет од 26 милијарди денари, од кои е наплатен ДДВ од 2,8 милијарди денари. Преку наградната игра МојДДВ #МојаНаграда досега се доделени 1,8 милиони денари награди и тоа 340.000 денари дневни награди и 1,5 милиони денари за месечните награди од по 100.000 денари”– рече Ангеловска.

Министерката за финансии посочи дека буџетот е во добра кондиција, дека финансиите се стабилни, како и дека расходите редовно се сервисираат. Следниот месец ќе бидат исплатени покачувањата на платите во образованието и пензиите, а во март и покачувањето на платите во здравството, рече Ангеловска.

Останато

Подобра координација меѓу институциите за навремена исплата на помошта од економските мерки

Објавено

на

Во подготовка на законските решенија за имплементација на економските мерки од четвртиот пакет да постои подобра координација меѓу надлежните институции и да бидат прифатени забелешките во однос на процедурите кои ги дава приватниот сектор, побара Комората на сметководители на Македонија на денешната прес-конференција. Само така ќе се донесат функционални решенија кои ќе овозможат  предвидената помош за надминување на штетните ефекти од пандемијата врз стопанството да стигне до оние на кои им е најпотребна и нема да се остави простор за различни толкувања на законските одредби што ќе создаде дополнителна правна несигурноста. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Кој е најголемиот победник од коронавирусот?

Објавено

на

Додека светот се соочува со новиот бран на коронавирусот и секојдневно брои голем број на новозаразени, но и починати лица, а економската криза предизвикана од пандемијата се вжештува, во позадина, американско-кинеската економска војна продолжува да го зазема и воспоставува првото место во светот. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Стратегијата на Атлантик Група е отпорна на кризи

Објавено

на

Работењето на Атлантик Група покажа високо ниво на стабилност во текот на првите девет месеци од 2020 година, и покрај економските превирања предизвикани од пандемијата КОВИД-19. Компанијата оствари 518,3 милиони евра приход од продажба, што е за 3,1% помалку од истиот 2019 година, но кога ќе се земат во предвид деловите од бизнисот кои во меѓувреме беа деинвестирани, приходот остана на истото ниво како од првите девет месеци минатата година. Заработката пред камати, даноции амортизација (EBITDA) изнесува 78,1 милиони евра и е пониска за 7,7 проценти, додека без еднократни ставки порасна за 2,4 проценти. Нето добивката изнесува 41,2 милиони евра и без еднократни ставки се зголеми за 5,6 проценти во споредба со првите девет месеци од 2019 година, додека номинално се намали за 12,7 проценти. (more…)

Продолжи со читање

Популарно