Connect with us

Останато

Ангеловска: Ја стимулираме продуктивноста со активните мерки, субвенции и долгорочни политики

Објавено

на

Продуктивноста е нешто што треба да го адресира Владата за повисок економски раст. Работиме на подобрување на продуктивноста на сегашните и идните генерации преку долгорочни политики, но и преку пократкорочни меркина долг рок преку вложување во здравството, образованието и социјалата, додека на пократок рок преку активните мерки за вработување и субвенционирање на повисоките плати со цел да се задржат квалитетните кадри. Ова го истакна министерката за финансии Нина Ангеловска во интервју за „Утрински брифинг“.

„Продуктивноста е поврзана со инвестициите во човечки капитал. Индексот на човечки капитал на Светска банка за Северна Македонија изнесува 0,53. Денеска нашите млади, согласно со тоа колку сме инвестирале во нив преку здравствениот систем, образованието и социјалната заштита, во иднина ќе искористат само 53 проценти од нивната потенцијална продуктивност. Кај развиените земји овој индекс се движи околу 0,8, кај земјите од ЕУ околу 0,7, додека во регионот околу 0,6. Ова говори дека во изминатите години не сме вложувале доволно во човечкиот капитал”, посочи Ангеловска.

Таа додаде дека преку фокусот на здравството, образованието и социјалната грижа, кои меѓусебно се надополнуваат и го засилуваат ефектот, директно се придонесува кон посилен економски раст и развој. Затоа што само здрава, едуцирана работна сила може да заработи повеќе и да инвестира повеќе и во општеството, да гради, да инвестира, да биде продуктивна, да придонесува кон економски раст.

„Ако се согласуваме дека продуктивноста треба да расте, тогаш треба да вложуваме во неа, и ние како Влада тоа го правиме. Тоа го покажуваме и со субвенционирањето на придонесите за компаниите со цел да се зголемат платите, со што директно им се помага на компаниите кои имаат проблем да ги задржат и мотивираат своите работници”, укажа Ангеловска.

Во ноември, кога стартуваше мерката, веќе 12 проценти од компаниите или 8.200 компании ги зголемија платите на околу 45.000 вработени лица, а просечниот раст на платите е околу 4.100 денари, нагласи Ангеловска, додавајќи дека мерката е добро пречекана од страна на приватниот сектор.

Таа посочи дека и преку активните мерки за вработување во вредност од 1,3 милијарди денари се адресира продуктивноста, преку обуки, реквалификации и адаптирање на потребите на пазарот на труд.

„Би сакала државата да се развива по најдобрите модели и практики. Тоа значи  да биде дигитална како Естонија, да биде орентирана кон технологии како Изразел, кој е генератор на значителен дел од БДП, да биде со развиен човечки капитал колку Сингапур, каде овој процент е 85 отсто, да имаме образование како Финска и здравство како Швајцарија”, рече Ангеловска.

Осигурување

Приливи од над 18 милиони денари во пензиските фондови Сава пензиски фонд и Сава пензија плус

Објавено

на

Сава пензиско друштво а.д. Скопје инвестирајќи ги пензиските заштеди на членовите акумулирани во пензиските фондови Сава пензиски фонд и Сава пензија плус, остварува приливи по основ на камати и дивиденди во пензиските фондови. На овој начин расте вредноста на пензиските заштеди и се обезбедува соодветна пензија за членовите. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Раст на буџетските приходи за првпат од почетокот на корона кризата

Објавено

на

Во јули се забележува прв месечен раст на приходите во буџетот од почетокот на КОВИД-19 кризата, со месечен раст од 1,4% во однос на лани. Ова се должи на растот на придонесите, но и на повеќе видови даноци. По реализацијата во јуни која бележеше значително подобра наплата на приходите од април и мај, по олабавување на рестрикциите и реотварање на економијата, резултатите за јули укажуваат дека ревитализацијата на економијата се одвива со добра динамика. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Microsoft ќе го преземе кинески TikTok до средината на септември

Објавено

на

Американската технолошка компанија „Microsoft” потврди дека е во преговори со кинеската компанија „ByteDance” за купување на нивната популарна социјална апликација „TikTok”. (more…)

Продолжи со читање

Популарно