Connect with us

Останато

Ангеловска: Со сет мерки против нерегистрираната е-трговија

Објавено

на

Со конкретни мерки ќе се адресира сивата економија во е-трговијата. Со скенирање на пратките и технолошко поврзување на електронските продавници со Управата за јавни приходи, ќе се подобри контролата во  дигиталната трговија. Исто така, ќе се отвори е-платформа на која граѓаните ќе можат да ги пријавуваат сите оние кои вршат нерегистрирана е-трговија. Ова беа дел од заклучоците на работната средба во организација на Министерството за финансии и Асоцијацијата за е-трговија за сузбивање на сивата економија, на која присуствуваа министерката за финансии Нина Ангеловска, како и директорите на царинската, даночната управа и финансиската полиција – Ѓоко Танaсоски, Сања Лукаревска и Арафат Муареми, како и преставници на бизнис секторот.

Ангеловска рече дека ќе следат засилени контроли кај оние субјекти кои воопшто не се регистрирани, како и дека ќе се изработи акциски план во кој ќе се дефинираат сите чекори за да се испорачаат максимални резултати, за што има поддршка и од Германското друштво за интернационална соработка (ГИЗ).

Министерката за финансии рече дека со мерките кои ќе се преземаат ќе се заштитат оние компании кои работат легално и плаќаат давачки, но ќе се заштитат и интересите на потрошувачите.

“Кога зборуваме за нерегистрирана дејност, потребен ни е холистички пристап – Владата да биде партнер со бизнисот, но и самите институции да се поврзат меѓу себе. Затоа ќе формираме работна група на оваа тема. Затоа што производите влегуваат на пазарот има некој кој ги продава нерегистрирано, на социјални мрежи. На крајот го имате купувачот кој му е испорачан производот за кој не добива фискална сметка. Ако не е задоволен поднесува жалба до Државниот пазарен инспекторат, но оттаму му велат дека не можат да постапат по Законот за заштита на потрошувачи бидејќи немаат фискална сметка” -рече Ангеловска.

Директорката на Управата за јавни приходи рече дека со проектот МојДДВ пријавите против случаи од сивата економија се зголемиле за 100% на дневна основа во однос на лани. Таа посочи дека Управата врши редовни контроли и дека работи на сузбивање на сивата економија.

Согласно најновите податоци од Асоцијацијата за електронска трговија обемот на плаќање со картички кај електронски продавници пораснал за 26%, односно изнесува 86 милиони евра во првото полугодие од годинава. Од друга страна во легалната електронска трговија плаќањето на врата учествува со 70%-80%. Министерката посочи дека овие бројки покажуваат дека електронската трговија е во пораст. Субјектите кои работат надвор од системот се проценуваат на околу 30%. Со решавање на сивата економија освен подобрување на приходите во државната каса, ќе се подобрат условите за работа за оние компании кои работат според законот.

Останато

Богатството на Џеф Безос расте се повеќе и повеќе, надминувајќи 180 милијарди долари

Објавено

на

Богатството на најбогатиот човек во светот Џеф Безос достигна рекордни 180 милијарди американски долари во услови на зголемување на цените на акциите на неговата компанија „Amazon“, соопшти „Forbes“. (more…)

Продолжи со читање

Останато

ОДНОВО СЕ ПАЛИ АЛАРМОТ: Стопанската комора на Србија повторно го активираше Ковид-19 инфо сервисот

Објавено

на

Стопанската комора на Србија ја реактивираше специјализираниот информативен сервис Ковид-19, преку кој бизнисмените можат да добијат информации за сите клучни деловни проблеми. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Извештај на ОЕЦД за Западен Балкан: Република Северна Македонија со најдобра бизнис-клима во регионот

Објавено

на

Република Северна Македонија има најповолна бизнис-клима во регионот, а исто така има и помалку фискални ризици во однос на другите земји. Ова се главните поенти за нашата земја во извештајот на ОЕЦД за земјите од Западен Балкан („Government at a glance: Western Balkans 2020“). Во извештајот се нотира дека земјава е регионален лидер во обезбедување поволна бизнис-клима и има подобри резултати во однос на просекот на земјите на ОЕЦД и од просекот на земјите на ОЕЦД коишто се членки на ЕУ. (more…)

Продолжи со читање

Популарно