Connect with us

Останато

Ангеловска: Со проектна документација за изградба на 270 километри локални патишта го поттикнуваме локалниот развој во 78 општини

Објавено

на

Локални патишта во должина од 270 километри ќе бидат изградени или санирани со проектната документација што 78 општини ја добиват од Министерство за финансии. Во рамки на Проектот за подобрување на општински услуги (МСИП) што со Светска банка го реализира посебна проектна единица на Министерството за финансии, обезбени се грант средства од 1,1 милион евра како техничка помош за општините. На доделувањето на проектната документација на општините министерката за финансии Нина Ангеловска рече дека со тоа се надминува проблемот со недоволно искористување на средствата од меѓународните фондови.

„Досегашното искуство покажа дека општините или воопшто немаат техничка документација за проектите кои сакаат да ги реализираат, или пак немаат комплетна техничка документација, согласно насоките и барањата на меѓународните фондови. Тоа често доведува до недоволна искористеност на меѓународните фондови. За да се надмине ваквата состојба, дел од средствата наменети за техничка помош беа искористени токму за оваа намена” – укажа Ангеловска.

Со готовите проекти, првите 35 општини ќе можат да изградат или да аплицираат за финансирање за околу 105 километри локални патишта, а бенефит ќе имаат над 120.000 жители. До крајот на март оваа година ќе се изготви техничката документација и за останатите општини.

Директорот на Канцеларијата на Светска банка во земјава Марко Мантованели истакна дека се исклучително задоволни од досегашната реализација на Проектот за подобрување на општински услуги-МСИП, со кој досега биле изградени повеќе од 24 илјади водоводни приклучоци, повеќе од 200 илјади луѓе имаат пристап до редовно собирање на цврст отпад, како и над 200 километри локални патишта се веќе изградени.

„Осознавме дека не само пристап до финансиите, туку квалитетните проекти и квалитетните предлози се најважната состојка за да имаме успешно спроведување на проектите во општини. Токму затоа задоволни сме што се мобилизиравме и даваме признание на оваа техничка помош за поддржување на техничкиот квалитет, особено кај локалните патишта и одржливоста на инвестициите на локално ниво. Ова е исклучително важна инвестиција и во однос на една паралелна операција која ја поддржуваме, каде финансираме 70 милиони евра во локални патишта со Министерството за транспорт, каде што општините ќе имаат пристап до овие финансии на грантовска основа, кои ќе варираат од 150 илјади евра од најмалиот до најголемиот 1,7 милиони евра. Тоа е една важна линија на финансирање, која ќе биде поддржана со овие технички документации, кои се изработуваат во однос на овој важен проект” – рече Мантованели.

Градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски, рече дека со изготвената проектна документација, населбата Хиподром ќе добие целосна патна инфраструктура, која ќе ги поврзе новиот и стариот дел, проблем кој чекал на реализација повеќе од 16 години.

„Особено сум среќен што децата кои живеат подалеку од ООУ “Вера Јоциќ” повеќе нема да имаат потреба да патуваат со километри за да стигнат до училиштето. Исто така за жителите кои го користат јавниот превоз, лесно ќе биде достапна последната постојка на автобуската линија 50, а побрзо ќе стигнуваат и до трговскиот центар. Едноставно, сега граѓаните лесно ќе можат да циркулираат низ сопствената населба” – нагласи градоначалникот Георгиевски.

Со обезбедената проектна документација, во општина Гази Баба ќе се реконструира улицата пред основното училиште „25-ти Мај“ а околу 1.400 деца што учат во него ќе бидат побезбедни затоа што е предвидено да се изградат тротоари а со новиот сообраќаен режим се предвидува намалување на брзината на движење по улицата на 30km/h. Во Охрид, ќе се реконструира улицата „Ѓорче Петров“ каде постоечкиот коловоз е во лоша состојба, со удатни дупки и пукнатини, а асфалтот се рони.  Општина Свети Николе доби проектна документација за изградба на нов заобиколен пат околу градот, во должина од 2 км, за да можат товарните камиони од населените места во Источниот и Североисточниот плански регион да имаат директен пристап до новопланираната модерна регионална депонија кај месноста Мечкуевци којашто треба да биде изградена во следните 3 до 5 години. За Општина Зелениково, изготвен е проект за реконструкција на патот од с.Орешани до автобуската станица во селото, а во општина Липково над 5.800 жители ќе имаат бенефит од реконструкцијата на локалниот пат меѓу С. Оризари и С. Слупчане во должина од 3 км.

Останато

Се менува Законот за ДДВ, ќе се прифаќаат електронски фактури

Објавено

на

Со крајна цел да се олесни процесот на издавање, пренос и прием на фактура, ќе се даде можност за користење на фактура во електронска форма – pdf или друг електронски формат – се предвидува во измените на Законот за данокот на додадена вредност кои беа усвоени од страна на Владата. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Арафат Муареми: Отворена е истрага за Еуростандард банка, а има и индиции за злоупотреба на европските фондови

Објавено

на

Финасиската полиција отвори предистрага за „Еуростандард банка“, изјави вчера во емисијата Трилинг на ТВ24 директорот на управата Арафат Муареми.

(more…)

Продолжи со читање

Останато

Македонската компанија „Брејнстер“ го освојува австрискиот пазар со обуки за дигитални вештини

Објавено

на

Најпознатата македонска компанија од сферата на образованието базирано на потребите на индустријата, по пет години од своето постоење во земјава се шири во Европа. Брејнстер е еден од ретките македонски брендови кои успешно просперираат на австрискиот пазар. Првите предавања во Виена официјално започнуваат во понеделник, во рамки на т.н. Bootcamps посветени на двете во моментот најбарани и најплатени професии во дигиталниот свет – UX/UI Design и Data Science. (more…)

Продолжи со читање

Популарно