Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Анализи

Ангеловска: Со Предлог-буџетот за 2020 година највисоки средства досега за човечки капитал

Објавено

на

Со буџетот за 2020 година се инвестираат највисоки средства досега за човечки капитал, односно: здравство, образование и социјална заштита. Министерката за финансии Нина Ангеловска на презентацијата на Предлог-буџетот за 2020 година рече дека вкупно 154 милијарди денари ќе се инвестираат во здравството, образованието и социјалната заштита, што е 64% од вкупните расходи или зголемување за околу 10 милијарди во однос 2019 година.

Министерката за финансии посочи дека согласно индексот за човечки капитал на Светска банка, нашата земја има резултат од 0,53%, односно помалку во однос на земјите во регионот. Индексот на човечки капитал покажува дека секој млад човек, кој се раѓа, живее и се едуцира во нашата земја, има услови за да испорача само 53% од својот потенцијал, односно од целосниот потенцијал што го има млад човек кој се развива во здрава средина со квалитетно образование и услови за живот.

“За мене, како млад човек кој што се градел, придонесувал и работел во ова општество поразително е тоа што наместо да се подобрувале – долго време столбовите на човечкиот капитал: здравството, образованието и социјалната политика се уназадувале. Во оваа насока, Буџетот за 2020 година го насочивме кон луѓето и кон подобрување на условите во кои што луѓето ќе можат да исполнат што повеќе од својот потенцијал” – рече Ангеловска.

Ангеловска посочи дека во 2020 за 9% се зголемува буџетот за здравствена заштита кој ќе изнесува 33,7 милијарди денари. Средствата за здравствена заштита се наменети за финансирање на здравствените услуги и превземените мерки во оваа област како зголемување на капитацијата, достапност на лековите во текот на целиот месец, зголемување на надоместоците на специјалистите, како и за зголемување на платите на медицинскиот кадар во јавните здраствени установи.

“Човечкиот капитал во болниците, лекарите и здравствените работници, мора да бидат мотивирани за да работат и да не размислуваат за заминување во странство. Нам ни треба високостручниот кадар во секоја болница. Размислуваме постојано за подобрување на условите во болниците и за изградба на нови. Зашто мора да инвестираме во пристојни, и модерни, услови за лекување. Одвоивме 1,5 милијарди денари за капитални инвестиции во здравството” – рече Ангеловска.

Министерката за финансии посочи дека предуслов за квалитетни идни генерации, е квалитетното образование. Наставниците го помагаат обликувањето на учениците од најраните години, рече Ангеловски и дополни дека како Влада, се одлучни да им покажуваат дека нивниот труд и работа е ценет, затоа за следната година се обезбедени дополнителни средства за повисоки плати.

“Во насока на подобрување на условите во образованието одвоивме и 1,4 милијарди денари за капитални инвестиции, за реконструкција и изградба на училишни згради, спортски и училишни сали, домови. Ќе отпочне и Проект за реконструкција на студентските домови со КФВ банката, а ќе се  продолжи и со реализацијата на Проектот за изградба на фискултурни сали во средните и основните училишта во државата.За првпат годинава, се обезбедија финансиски средства за отпочнување на програма за инклузивно образование” – рече Ангеловска.

Таа посочи дека 80% од развојот на мозокот на детето се случува до петгодишна возраст. Тргнувајќи од начелото дека децата имаат право на квалитетно предучилишно згрижување, воспитување  и образование, Владата на Република Северна Македонија се залага до 2021 да го зголеми за 50% опфатот на деца од предучилишна возраст во установите за згрижување и воспитување. Ангеловска рече дека во 2020 се одвоени 360 милиони денари за изградба на детски градинки и зголемување на постојните капацитети.

Ангеловска истакна дека со обезбедување на соодветно ниво на социјална заштита на најранливите слоеви на населението е од особена важност за постигнување на повисоко ниво на социјална правда.

“Оттука, во буџетот по овој основ планирани се средства во износ од 10,5 милијарди денари, во чии рамки е опфатена веќе започнатата реформа на системот за социјална заштита.И во овој буџет одвојуваме средства за деинституционализација и социјални услуги. Процесот на деинституционализација требаше да извади 180 деца до 18 годишна возраст од институциите, а најголем дел од нив, се веќе сместени во топли домови” – рече Ангеловска.

Министерката за финансии истакна дека со Буџетот за 2020 се предвидува и подобрување на стандардот за возрасните лица.

Инаку приходите во Предлог-Буџетот за 2020 година има проектирана приходна страна од 222 милијарди и 300 милиони денари (3 милијарди 615 милиони евра), што претставува раст од 5,6% споредено со оваа година. Кај расходната страна на буџетот планиран е раст од  5% во однос на минатата година со што вкупните расходи изнесуваат 239 милијарди и 700 милиони денари, односно 3 милијарди 898 милиони евра.

Буџетскиот дефицит за 2020 година е предвиден на ниво од 2,3% од БДП, што е пониско од нивото во 2019 година (2019: 2,5%), согласност со Фискалната стратегија 2020-2022, како и препораките на сите меѓународни организации.

Дефицитот е намален и во апсолутно ниво за 160 милиони денари и истиот изнесува 17 милијарди 385 милиони денари.

Анализи

Ова се најпрофитабилните акции во последните 20 години

Објавено

на

Цените на берзата растат и паѓаат секој ден, но најдобрите компании им носат вредност на своите акционери на долг рок. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Како функционира и што нуди новата алатка Отворени финансии?

Објавено

на

Министерството за финансии со новата дигитална алатка “Отворени финансии” на увид на јавноста ги стави сите трансфери од буџетот на државата, како по извршените трансакции кон корисниците на буџетските сметки односно државните институции, така и кон економските оператори од приватниот и јавниот сектор за набавените стоки и услуги. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Finance Think: Зголемувањето на минималната плата и пензиите може да има негативни последици

Објавено

на

По спроведената мисија со цел консултации за подготовка на Членот IV, Меѓународниот Монетарен Фонд ги оцени економските реформи во Северна Македонија со солиден потенцијал за справување со долгорочните предизвици. И покрај релативно позитивната оценка на економскиот раст, потезите во социјалната, даночната и пензиската сфера, заклучоците укажуваат на неколку економски и социјални политики, кои подолго време се дискутираат во македонската експертска јавност. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange