Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Останато

Ангеловска: Следниот месец започнува МојДДВ#МојаНаграда, половина милион евра награден фонд

Објавено

на

Наградната игра МојДДВ#МојаНаграда ќе започне во текот на следниот месец и наградниот фонд за истата е половина милион евра, рече министерката за финансии Нина Ангеловска на Комисијата за финансирање и буџет во Собранието. Таа посочи дека #МојаНаграда претставува надградување на успешната мерка МојДДВ, како и дека по примерот на многу успешни пракси во светот, преку наградна игра ќе се стимулира борбата против сивата економија.

“Наградната игра наречена мојДДВ#МојаНаграда има награден фонд од половина милион евра. Таа ќе придонесе да се стимулира дополнително земањето на фискални сметки. Мерка која дава резултати како МојДДВ треба да се надградува. Погледнете ги извештаите на Европската комисија за успешни и најдобри практики, како земјите адресирале сива економија со примена на наградни игри и како ги зголемиле приходите за 30 отсто, а ја намалиле сивата економија. Тие ги стимулирале граѓаните, односно применувале стимул а не казни. Со наградната игра и ние ќе ги стимулираме граѓаните кои го надминале месечниот лимит за поврат, да продолжат да скенираат бидејќи можат да добијат вредна парична награда. Исто така, граѓаните ќе бидат мотивирани да ги скенираат сите фискални сметки, без разлика дали имаат 5% ДДВ или нула проценти ДДВ. Сега сите ќе имаат еднаква шанса за добивка” – рече Ангеловска.

Таа посочи дека МојДДВ ги испорачал резултатите за кои бил наменет – сузбивањето на сивата економија, што се огледа по подобрената наплата на ДДВ, како и по бројот на корисници од над 180.000 граѓани кои месечно скенираат околу 8 милиони фискални сметки. Ангеловска рече дека од 1 до 15 декември ќе се изврши првиот поврат на ДДВ кон граѓаните кои скенирале фискални сметки.

Останато

Не ги пропуштајте најголемите Black Friday попусти на Grouper

Објавено

на

Празникот на попустите од година во година станува се попопуларен и кај нас, a љубителите на шопингот очекуваат со нетрпение да се впуштат во потрага по добри зделки и заштеда. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Расте членството во приватните пензиски фондови-задолжителните имаат 505.000, доброволните речиси 25.000 членови

Објавено

на

Бројот на членови кои издвојуваат средства во пензиските фондови со кои управуваат пензиските друштва во рамките на вториот и третиот пензиски столб е во постојан пораст. Според последните податоци од Агенцијата за супервизија на капитално финансираното пензиско осигурување (МАПАС), на крајот на октомври 2019 г. во вториот столб имаше нешто над 505.000 членови чии уплати изнесуваат околу 1,2 милијарди евра. Притоа, КБ Прв отворен задолжителен пензиски фонд, управува со над 620 милиони евра на своите членови, Сава пензиски фонд- со околу 560 милиони евра, додека Триглав пензиски фонд, кој од годинава се вклучи во капитално финансираното пензиско осигурување – со околу 3,7 милиони евра. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Сивата економија ќе ја победиме со примена на Законот против нерегистрирани

Објавено

на

Сојузот на стопански комори на Македонија институционално ги зајакнува воспоставените релации со инспекциските служби се со цел подобрување на  соработката во интерес на компаниите. Во таа насока Габрила Кулебанова, потпретседател на ССК и директорот на Државниот инспекторат за труд Аљајдим Хавзиу со договор за соработка во присуство на компании од приватниот сектори и претставници на инспекторатот ги прецизираа заедничките стратешки цели на делување за следниот период. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange