Connect with us

Останато

Ангеловска: Се подготвува ребаланс на Буџетот, неопходно е намалување на платите на администрацијата

Објавено

на

Министерката за финансии, Нина Ангеловска во денешното гостување на ТВ 24 најави дека Министерството за финансии подготвува ребаланс на Буџетот.

Таа воедно додаде дека и во услови на вонредна состојба се тече нормално, се исплаќаат предвремено пензии и плати, како и дека мерките кои досега ги донесе Владата биле одлично дизајнирани и дека голем број на компании се пријавиле за да ја искористат помошта која им се нуди.

„Буџетот е ликвиден да ги извршува своите основни обврски. Се тече нормално, субвенциите ги исплативме, повратот на ДДВ е за 26 проценти поголем од лани од април, плати, пензии, социјална помош, се тече нормално. За ребаланс, ние почнавме со изработка на ребаланс. Генерално, во моментов предизвик е неизвесноста, предизвик е да се појде од што пореалистични проекции на приходната, а од друга страна и расходната страна. Проекцијата на министерството за финансии е 3,4 проценти буџетски дефицит“, изјави Ангеловска.

Министерката јасно укажа дека не се откажува од идејата да се намалат платите на администрацијата.

„Не се работи на намалување во услови на криза. Се работи за намалување во услови кога, како ја добиваме сите платата, кога продуцираме и одиме на работа. И не плаќаат за сработеното, добиваме надомест, за тоа што сме го придонеле. Во ситуација кога половина месец не се работеше, не се одеше на работа, дел поради рестриктивните мерки, дел поради тоа што ротираше администрацијата со секој еден ден, во услови кога е намалена потрошувачката поради не трошење на услуги, не користите возило. Во услови кога не плаќате кредити бидејќи истите ви се одложени. Еден сосема поинаков контекст кој што не може да се спроеди со било која друга криза каде што би рекле ние ќе се стимулира приватна потрошувачка“, нагласи Ангеловска.

Останато

„НEзаштитена пpирода“ – Изложба на фотографии на Велиан Јагев за подигнување на свесноста за животната средина, поддржана oд ПроКредит Банка

Објавено

на

Во соработка со фотографот Велиан Јагев, ПроКредит банка организира патувачка изложба на уметнички фотографии од ретки и уникатни птици кои живеат на територијата на Македонија, изработени од страна на Пикс Плус. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Еcommerce4all.eu – бесплатна едукативна платформа за развој на прекуграничната е-трговија во ЦЕФТА

Објавено

на

Неодамна е комплетирана – ecommerce4all. eu – првата регионална платформа за е-трговија која претставува информативен центар е-трговија во ЦЕФТА регионот. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Европската комисија предвидува раст од 2 проценти на македонската економија за годинава

Објавено

на

Европската комисија предвидува дека македонската економија годинава ќе забележи раст од два отсто, а во 2024 од 3,1 проценти. (more…)

Продолжи со читање

Популарно