Connect with us

Останато

Ангеловска: Реотварањето на економијата – побрзо, приходите во јуни – подобри од очекуваното

Објавено

на

Наплатата на приходите во јуни значително подобра од проекциите, што укажува на тоа дека реотварањето на економијата ќе оди побрзо од очекуваното. За јуни наплатата на приходите во однос на лани е 9,6%, што е подобрување во однос на претходните два месеци. Дури има и натфрлање на одредени давачки за високи проценти во однос на лани како кај персоналниот данок на доход и придонесите. Ова го истакна министерката за финансии Нина Ангеловска на редовната прес-конференција за месечното извршување на буџетот, кои во насока на зголемена транспарентност е одржуваат од почетокот на COVID-19 кризата.

Во периодот јануари – јуни, вкупните буџетските приходи се остварени на ниво од 44% од ребалансот или во износ од 87,4 милијарди денари. Ова е за 9% помалку во однос на истиот период лани. Процентот на остварување во однос на планот, е речиси ист како и минатата година, посочи министерката, што укажува дека е задржана динамиката на наплата на приходите.

„Мора да се напомене дека реализацијата на вкупните приходи во јуни е значајно подобра од очекувањата, – реализацијата на приходите во јуни е за 9.6% пониска во однос на јуни минатата година, додека во сценариото бевме подготвени за 20% пониски. Даночните приходи во првата половина од година бележат пад од 13% на годишно ниво и изнесуваат 47,3 милијарди денари. Досега се реализирани 44% од планот, што е речиси непроменета реализација во однос на план споредено со лани. Само за јуни, согласно сценариото од ребалансот проекциите беа во надолна линија со очекуван пад од нешто над -20%, додека остварениот пад е -14,4%. Ова е позитивна разлика од околу 700 мил.денари. По падот од 31% и 29% во април и мај респективно, се забележува позитивно придвижување и подобрена наплата кај даноците” – рече Ангеловска.

Таа посочи дека како резултат на владините мерки за поддршка на исплата на плати има позитивни движења кај приходите од персоналниот данок на доход каде се забележува раст од 1,7%, како и кај придонесите кои кумулативно од почетокот на годината забележуваат раст од 8%.

 И кај ДДВ -то има нагорен тренд. Ако во април и мај падот кај ДДВ беше -43,5% и -33%, во јуни изнесува -7,5%. Негативните стапки опаѓаат во второто тримесечје.

Повратот на ДДВ, исто така, се одвива непречено и фирмите го добиваат повратот во регуларна динамика. Во услови на криза, повратот на ДДВ во првото полугодие од 2020 е повисок за 660 милиони денари спредено со истиот период лани или 6% повеќе. Ублажувањето на падот на приходите од ДДВ,  меѓу другото се должи и на спроведените мерки за поддршка на личната потрошувачка, вели министерката.

Расходната страна во првото полугодие бележи раст на годишно ниво, во најголем дел како резултат на преземените мерки во борба против КОВИД-19 кризата, вели министерката за финансии, така што вкупните расходи изнесуваат 113 милијарди денари, што е зголемување од 9,9% на годишно ниво или 10,2 милијарди денари. Оправданоста за ваквиот пораст на расходите се содржи во исплата на: повисоки пензии, социјална помош, плати, како и поддршка за фирми и граѓани погодени од КОВИД во износ од околу 5,4 милијарди денари или 88 милиони евра. Дефицитот во буџетот во првото полугодие е остварен во износ од 25,9 милијарди или 3,8% од БДП, и е согласно проекциите, односно согласно планираната динамика.

„Целта на Министерството за финансии е да обезбеди континуирано извршување на Буџетот, без застој, во законски утврдените рокови – вработените да земат плата, социјално загрозените да ги добијат навремено своите надоместоци, фирмите редовно да ги наплаќаат своите побарување кон буџетските коирсници, да нема заостанати обврски, како и навремен поврат на данок. Тука се и мерките за КОВИД, поддршка која државата ја дава на граѓаните и фирмите, во согласност со можностите, преку домашната платежна картичка, преку субвенционраните плати и придонеси, преку одложувањата на плаќањата на даночните обврски. Останува обврската и одговорноста на државата да ги обезбеди и испорачува јавните добра и услуги до сите, особено сега, во овие тешки времиња”, вели Ангеловска.

Министерката за финансии посочи дека очекува и во третиот и четвриот квартал од годината постепено опоравување на домашната економија, кое ќе биде поддржано од реализација на третиот сет на мерките наменети за заживување на економската активност.

Останато

УЈП: Корисниците на МОЈДДВ кои имаат трансакциска сметка на Еуростандард банка да извршат промена

Објавено

на

Управата за јавни приходи апелира до граѓаните кои во апликацијата МојДДВ имаат внесено трансакциска сметка од Еуростандард Банка, да извршат промена со внесување на валидна трансaкциска сметка, со цел исплата на средства од поврат на ДДВ за физички лица.  (more…)

Продолжи со читање

Останато

Рустеми: „АД Пошта” ја стопираше услугата платен промет, откако ѝ е одземена дозволата на Еуростандард банка

Објавено

на

Генералниот директор на АД Пошта Северна Македонија, Ејуп Рустеми на прес-конференција одржана по повод одземањето на дозволата за работа на Еуростандард банка АД Скопје со која Македонската пошта имаше договор за извршување на услугата платен промет, изјави дека платниот промет што се врши преку АД Пошта Северна Македонија е стопиран и ќе се активира кога ќе биде потпишан договор со друга банка во законска процедура. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Фондот за осигурување на депозити: Депонентите во Еуростандард банка АД Скопје ќе бидат обештетени за своите депозити, но не повеќе од денарска противвредност од 30.000 евра по депозит

Објавено

на

Фондот за осигурување на депозити согласно Решението на гувернерот на Народна банка на Република Северна Македонија бр. 15 -20139/1 од 12 август 2020 година за укинување на дозволата за основање и работа на Еуростандард банка АД Скопје ги известува сите физички лица – депоненти на Еуростандард банка АД Скопје дека обесштетувањето по основ на вкупни депозити кои ги имаат во Банката ќе започне во рок од 20 дена и ќе се изврши во согласност со законските прописи. (more…)

Продолжи со читање

Популарно