Connect with us

Останато

Ангеловска: Прифатени се околу 5.000 приговори за домашната платежна картичка од категоријата – Млади лица

Објавено

на

Прифатени се околу 5.000 приговори за домашната платежна картичка од категоријата Млади лица – средношколци и студенти од 16 до 29 години, објави министерката за финансии Нина Ангеловска на својот фејсбук профил.

Во текот на денешниот ден овие лица ќе бидат додадени на листата на kupuvandomasno.gov.mk и нивните платежни картички ќе почнат да се печатат.

„Проверка на сите поднесени приговори од оваа категорија граѓани ја врши Министерството за образование и наука, а во текот на следните неколку денови очекуваме да ја финализираат проверката за евентуално дополнителни прифатени приговори.

Заедно со претходно усвоените приговори, досега вкупно се прифатени 7.000 приговори!

До крајот на неделата треба да се завршат сите проверки на сите приговори вклучително и проверките од УЈП, МТСП, АВРМ и ФЗОМ со што ќе се затворат сите поднесени приговори и ќе информираме за вкупната конечна бројка на прифатени приговори.

Сите кои ги исполнуваат условите ќе добијат домашна платежна картичка.”, објави министерката Ангеловска.

Останато

Фирмите што ќе остварат загуба годинава, нема да имаат обврска да исплатат К-15

Објавено

на

Правните субјекти кои оваа година нема да остварат добивка нема да треба да исплатат К-15 на своите вработени, но оние кои ќе остварат добивка, согласно закон и колективен договор треба да исплатат К-15 и други издатоци, изјави премиерот Зоран Заев, апелирајќи и до оние кои нема да остварат добивка, но имаат финансиска моќ да го сторат тоа. (more…)

Продолжи со читање

Останато

5 работи кои вработената на шалтер би сакала да ги знаете

Објавено

на

Порталот „Неа.мк” – портал наменет за припадничките на понежниот пол направи кратко истражување за жените кои работат во банка, на шалтер и секојдневно се соочуваат со „интересни“ ситуации. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Поддршка за исплата на плати и за месеците октомври, ноември и декември

Објавено

на

Преку нов пакет економски мерки вреден 470 милиони евра Владата ќе се обиде во третиот квартал од годинава да го спречи падот на БДП од вториот квартал и со зголемена економска активност и јавна потрошувачка да предизвика раст на БДП во четвртиот квартал и на тој начин да создаде предуслови за растот на економијата од 4,8 проценти во 2021 година што неодамна го најави министерот за финансии Фатмир Бесими. (more…)

Продолжи со читање

Популарно