Connect with us

Останато

Ангеловска: Преку обуки и креирање вештини за успех до поголема вработеност на младите во земјава

Објавено

на

Преку обуки и креирање на вештини кај младите, до поголема вработеност на младата популација во земјава. Вклучувањето на бизнис-секторот во креирањето на тие вештини, преку едукација, е од особено значење за зголемување на вработеноста на младите.  Министерката за финансии Нина Ангеловска одржа предавање како ментор-волонтер на бесплатната програма “Вештини за успех” за едукација на невработени млади лица во едукативниот центар на Пивара Скопје.

Министерката за финансии посочува дека клучно е ускладувањето на вештините на барателите на работа со побарувачката на пазарот на труд. Ангеловска истакна дека развивањето на претприемничкиот дух и размислување кај младите е од особена важност за растот и развојот на економијата.

„Искористете го вашиот потенцијал до максимум и барајте можност каде другите не можат да ја најдат. Бидете проактивни и секогаш трудете се да испорачате над просекот, како во професионалниот, така и во приватниот живот. И не заборавајте дека знаењето, упорноста, оптимизмот и ентузијазмот ќе ви помогнат да ги надминете предизвиците и да станете посамоуверени и посилни” – им порача министерката Ангеловска на младите кои беа присутни на предавањето.

Како што посочи министерката за финансии невработеноста е на историски најниско ниво од 17,1%, додека вработеноста е на највиско ниво од 47,4%. Стапката на вработеност кај младите од 15 до 24 години, исто така во континуитет расте, но во секој случај треба да се подобри. Кон тоа се дејствува преку активните мерки за вработување, но добредојдени се и иницијативите за општествена одговорност од бизнис-секторот, со кои се зголемува вработливоста кај младите.

Директорот за односи со јавност и комуникации на Пивара Скопје Ламбро Патче, посочи дека преку програмата за бесплатна едукација за невработени млади лица од 18 до 30 години на компанијата е поддржана и од Агенцијата за вработување, како и Министерството за труд и социјална политика со кои имаат потпишано меморандум за соработка. Во 2019 година над 1.700 млади лица поминале низ обуката. Околу 45% од лицата кои ја поминале обуката во првата половина од минатата година се вработиле или самовработиле преку започнување на сопствен бизнис, додека 65% од лицата вклучени во програмата се жени.

Целта на обуките е кај учесниците да се поттикне самодоверба, самопочит и воспоставување врски со релевантни ментори, за охрабрување на претприемничката култура и за мотивирање на младите да ја земат иднината во свои раце. Освен предавањата во училница се организираат и курсеви за едукација кои можат да се следат преку дигиталната платформа.

Останато

ТРИФУН КОСТОВСКИ: Имавме потенцијален инвеститор што сакаше да ја преземе банката, но Народна банка не дозволи…

Објавено

на

На денешната прес конференција бизнисменот Трифун Костовски со неговиот син Коста ја обвинија Народната банка и потесното раководство на Управниот одбор на банката за нејзиното пропаѓање. (more…)

Продолжи со читање

Останато

УЈП: Корисниците на МОЈДДВ кои имаат трансакциска сметка на Еуростандард банка да извршат промена

Објавено

на

Управата за јавни приходи апелира до граѓаните кои во апликацијата МојДДВ имаат внесено трансакциска сметка од Еуростандард Банка, да извршат промена со внесување на валидна трансaкциска сметка, со цел исплата на средства од поврат на ДДВ за физички лица.  (more…)

Продолжи со читање

Останато

Рустеми: „АД Пошта” ја стопираше услугата платен промет, откако ѝ е одземена дозволата на Еуростандард банка

Објавено

на

Генералниот директор на АД Пошта Северна Македонија, Ејуп Рустеми на прес-конференција одржана по повод одземањето на дозволата за работа на Еуростандард банка АД Скопје со која Македонската пошта имаше договор за извршување на услугата платен промет, изјави дека платниот промет што се врши преку АД Пошта Северна Македонија е стопиран и ќе се активира кога ќе биде потпишан договор со друга банка во законска процедура. (more…)

Продолжи со читање

Популарно