Connect with us

Анализи

Ангеловска покажа како се троши буџетот, но кој не прави капитални инвестиции?

Објавено

на

Министерството за финансии лансираше нова алатка за директен увид во реализацијата на капиталните инвестиции кои во текот на целата година се под очекуваното, а буџетот е дури и во суфицит. Во период кога има раст на буџетските приходи од променетите даночни стапки и од другите извори на финансирање на државата, реалниот сектор со право реагира на слабата реализација на капиталните инвестиции кои се еден од клучните фактори за економски раст и подобрување на бизнис климата.

Според јавно достапните податоци кои ги објави министерството за финансии заклучно со првите три квартали од година, реализацијата на капиталните инвестиции изнесува само 37,64%. Односно од предвидените 369,2 милиони евра, институциите успеале да искористат само 138,9 милиони евра заклучно со 30 септември 2019 година.

Застрашувачки увид овозможува новата алатка која ја претстави министерката Ангеловска во насока на зајакнување на транспарентноста и на дисциплината на институциите да ги реализираат проектите што ги најавиле при кроење на буџетот.

Владата на Република Северна Македонија како орган на располагање има 37 милиони евра за капитални инвестиции. Реализацијата полоша и од лани, а искористени средства се само 1,3 милиони евра со „успешност“ од 3,69%, што значи дека многу најавени и ветени проекти не се ни започнати со остварување.

Министерството за одбрана кое треба да даде најголем придонес во исполнување на стандардите за членството во НАТО со градење на модерна армија, има реализација на капитални инвестиции од едвај 20%, поточно потрошиле за девет месеци 5,3 милиони евра од вкупно 26,5 милиони евра.

Иако МВР низ годините добиваше се поголем буџет и го зголемуваше бројот на полициски службеници, оваа година со капиталните инвестиции се уште е на „пола пат“. Така ресорот задолжен за јавниот ред и мир, безбедноста и справување со криминалот и корупцијата, досега потрошил 9,7 милиони евра.

Самата институција која ги објави податоците исто така располага со голем буџет за инвестиции и важни проекти, па така ако се тргнат трезорските расходи и плаќањата за обврските на државата, Министерството за финансии може да се пофали со реализација од над 75%. Комбинирано Тевдовски и Ангеловска како министри за финансии стојат зад реализирани 12,8 милиони евра капитални инвестиции.

Министерството за економија задолжено за подобрување на условите за работа на фирмите има помал буџет за капитални инвестиции најчесто наменети за поддршка на приватниот сектор особено малите и средните претпријатија, па така од предвидените 1,6 милиони евра потрошиле половина.

Денес започна со работа новата директна швајцарска инвестиција „Баумер“, но дека странските инвестиции не беа на спектакуларно ниво годинава говори и реализацијата на буџетот од страна на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони. Институцијата која овозможува инвестиции во зоните годинава од буџет од над 8 милиони евра, искористиле само една третина.

Министерството за транспорт и врски преку кое одат најголем дел од инфраструктурните проекти, има реализација на капитални инвестиции од 55%, па така вложени се 33 милиони евра од вкупно 64 милиони евра.

Голем број на институции кои треба да овозможат подобри економски услови, подобри услуги на јавната администрација, подобар и пофер инспекциски надзор, владеење на правото и зајакнување на капацитетите имаат очајна реализација на буџетот од 1 до 5 проценти.

На пример Бирото за регионален развој кое на располагање има буџет од 3,8 милиони евра остварило искористување на средствата од мизерни 1,95% што значи дека за капитални инвестиции од оваа институција „потрошиле“ само 74 илјади евра.

Институции како Државна комисија за спречување на корупција, Комисијата за заштита од дискриминација, Инспекцискиот совет, Агенцијата за поддршка на туризмот, Комисијата за заштита на правото до пристап до информации од јавен карактер, имаат 0 реализација, односно не потрошиле ниту денар на капитални инвестиции од предвидените средства за креирање и спроведување на проекти.

Двата клучни столба за развој на општеството и благосостојбата на граѓаните, како што се образованието и здравството исто така имаат незадоволителна реализација. Министерството за образование за инвестиции потрошило една третина од 27 милиони евра буџет, додека пак ресорот здравство има реализација на нешто под 40% од 10-те милиони евра кои им се на располагање.

Алатката, што ја покажува реализацијата на капиталните инвестиции по институција, на веб-страницата на Министерството за финансии ќе објавува нови податоци на месечно ниво. Истата може да се најде на следниот линк.

Анализи

Генерали Инвестментс: Диверзификација на портфолиото е чекор кон вистинската насока

Објавено

на

Портфолио менаџерите во Генерали Инвестментс составија резиме за тековните случувања кои влијаат врз пазарот на капитал и актуелни совети за инвеститорите. (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Јавен повик за учество на Собрание на акционери на Капитал Банка АД Скопје

Објавено

на

Врз основа на член 56 од Стаутот на КАПИТАЛ БАНКА АД Скопје, Надзорниот одбор на Банката го објавува следниот

ЈАВЕН ПОВИК
ДО АКЦИОНЕРИТЕ НА КАПИТАЛ БАНКА АД Скопје (more…)

Продолжи со читање

Анализи

Кои се петте компании со најголеми добивки во првите три месеци од 2020 година – Од топ 5, три се банки

Објавено

на

Македонскиот приватен сектор имаше нешто послаб прв квартал од тековната година со помала добивка споредено со истиот период минатата година. Според податоците на котираните друштва на Македонска берза во топ 5 компании со најголеми добивки заклучно со 31 март 2020 година три се банки, од кои две се наоѓаат во топ три. (more…)

Продолжи со читање

Популарно