Connect with us

Останато

Ангеловска: Поддршка од 500 милиони евра за граѓаните и стопанството со трите пакети антикризни мерки

Објавено

на

Вкупната вредност на трите пакети aнтикризни мерки кои ги превземаме за поддршка на граѓаните и стопанството за надминување на последиците од КОВИД-19 кризата се проценува на 500 милиони евра, објави министерката за финансии, Нина Ангеловска на својот фејсбук профил.

Ангеловска наведува дека досега, до граѓаните и фирмите исплатени се околу 140 милиони евра државна помош oд кои 40 милиони евра кон граѓаните и 100 милиони евра кон фирмите.

За граѓаните:
* Домашна платежна картичка за над 330.000 граѓани – 28.3 милиони евра.
* Ваучери за домашен туризам за над 117.000 граѓани – 12 милиони евра.
* За самостојните уметници – 65.000 евра
* За спортистите – 400.000 евра
* За паричен надоместок за невработеност – 50% од последната просечна нето-плата – 810.000 евра

За компаниите:
* 14.500 денари финансиска поддршка за над 130.000 вработени во над 19.500 фирми – 83,3 милиони евра
* Бескаматни кредити преку Развојната Банка – поддршка за 1.331 претпријатие и над 16.600 вработени – 12,7 милиони евра досега.
* Субенционирање на 50% од придонесите до просечна плата за погодените компании, за над 2500 компании – 1,4 милиони евра
* Ослободување од аконтации за данок на добивка и данок на личен доход за над 1500 даночни обврници – околу 2 милиони евра

За компаниите, Ангеловска додава дека преку мерката 14.500 денари финансиска поддршка за над 130.000 вработени во над 19.500 фирми – 83,3 милиони евра, бескаматни кредити преку Развојната Банка – поддршка за 1.331 претпријатие и над 16.600 вработени досега 12,7 милиони евра, субенционирање на 50 отсто од придонесите до просечна плата за погодените компании, за над 2500 компании – 1,4 милиони евра и ослободување од аконтации за данок на добивка и данок на личен доход за над 1500 даночни обврници околу 2 милиони евра.

Таа наведе дека во тек на реализација се и други мерки за поддршка за компаниите како што е јавниот повик кој е отворен до 31 јули за финансиска поддршка за инвестиции за зголемување на конкурентноста на компаниите за време на и во пост-ковид периодот за што се буџетирани 20 милиони евра http://economy.gov.mk/doc/2823, како и јавниот повик за субвенции за ко-финансирање на настани http://economy.gov.mk/doc/2824.

„Со овие средства директно се помагаат граѓаните, се заштитуваат работните места и се помага ликвидноста на стопанството, а со тоа се поттикнува и поддржува економската активност. Досегашните мерки придонесуваат за побрзо и полесно надминување на кризата, а ќе помогнат и во фазата на заживување на економијата”, заклучи Ангеловска.

Останато

Еcommerce4all.eu – бесплатна едукативна платформа за развој на прекуграничната е-трговија во ЦЕФТА

Објавено

на

Неодамна е комплетирана – ecommerce4all. eu – првата регионална платформа за е-трговија која претставува информативен центар е-трговија во ЦЕФТА регионот. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Европската комисија предвидува раст од 2 проценти на македонската економија за годинава

Објавено

на

Европската комисија предвидува дека македонската економија годинава ќе забележи раст од два отсто, а во 2024 од 3,1 проценти. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Ќе се издава граѓанска обврзница за финансирање на развојни проекти

Објавено

на

Министерството за финансии планира во јуни да издаде граѓанска обврзница со рок од две години и со примамлива камата. Според министерот за финансии, Фатмир Бесими, новиот финансиски инструмент ќе им овозможи на граѓаните да купат обврзница од минимум 10.000 денари, а со цел развој на финансикиот пазар. (more…)

Продолжи со читање

Популарно