Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Останато

Ангеловска: Поголема продуктивност кај идните генерации, само ако од денес почне интензивно да се инвестира во човечки капитал

Објавено

на

Продуктивност и поголемо искористување на човечкиот капитал ќе имаме во иднина само ако уште од сега, па натаму со години, интензивно се вложува во човечкиот капитал. Ова го истакна министерката за финансии Нина Ангеловска на расправата за Буџетот 2020 во Комисија на Собрание. Таа посочи дека во таа насока во Буџетот за 2020 година се предвидени највисоки средства досега за столбовите на човечки капитал, односно образованието, здравството и социјалната грижа – за 168 милиони евра повеќе во однос на 2016 година, а и за 7,2% повеќе во однос на годинешниот буџет.

Како што истакна министерката за финансии со години не се придавало големо значење на вложувањето во столбовите на човечкот капитал. Како резултат на тоа индексот на човечки капитал на Светска банка за земјава е 0,53 или тоа значи дека денешните деца ќе бидат само 53% согласно она што се вложува во нив од аспект на здравство, образование и социјална грижа.

-Средства за образование во 2016 година имало 22 милијарди денари, во Буџет 2020 година за образование има 28,3 милијарди. За 28% се повисоки само инвестициите во образование. Ако сите три столба ги погледнеме по функции имаме предвидено за 168 милиони евра повеќе следната година во споредба со 2016 година. Тоа се инвестиции во човечки капитал кои треба да дадат резултати за да после одреден период, бидејќи имајте на ум дека десетина години не се инвестирало, се подобри продуктивноста на нашите идни генерации – рече Ангеловска.

Ангеловска посочи дека отворањето на еден куп универзитети не е показател за доброто образование на младите, како и дека ако ги запишете сите млади на факултет не значи дека сте се справиле со невработеноста.

Инаку со буџетот за 2020 година предвидени се 154 милијарди денари за вложување во образованието, здравството и социјалата, односно за инвестирање во човечки капитал.

Останато

Иницијатива на ЕЦБ за европска алтернатива на „Visa” и „Mastercard”

Објавено

на

Европската централна банка ја поздрави иницијативата на некои од водечките банки во Европа да го истражи развојот на ривалскиот систем на плаќање што ќе ја доведе во прашање доминацијата на „Visa” и „Mastercard” и заканата од кинеските и американските „Big Tech“ компании. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Мистериозен инвеститор плати 3 милијарди долари за удел во Гаспром

Објавено

на

Рускиот нафтен гигант Гаспром доби 3 милијарди долари продавајќи удел во сопствеништвото на засега мистериозен купувач. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Според Стив Џобс, една карактеристика ги издвојува успешните луѓе од останатите

Објавено

на

Стив Џобс имаше екстремно големи очекувања. Тој се предизвикуваше себеси, но и луѓето околу него, да работат попаметно, повеќе и потешко, така што тој, а и тие, можеа да остварат што сакаат. Џобс веруваше во моќта на пребарувањето, тој веруваше дека сите на некој соодветен начин можеме да се истакнеме во иднина. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange