Connect with us

Осигурување

Ангеловска: Осигурителните агенти веќе не продаваат полиси, ги обучуваат клиентите како онлајн да ги купуваат

Објавено

на

Интернетот и онлајн можностите ги сменија навиките во осигурувањето. Само со неколку клика купуваме осигурителна полиса од каде и да сме. Агентите повеќе ја играат улогата на едукатори кои треба да го обучат клиентот како онлајн да ја купи полисата, и за тоа да бидат наградени наместо за печатење и носење на полиса до клиентот. Ова го кажа министерката за финансии Нина Ангеловска на одбележувањето на 10-годишнината од работењето на Агенцијата за супервизија на осигурување.

“Патничко осигурување можеме да извадиме онлајн, но сe уште нема можности за комплетно да се заменат агентите, тие за различни видови осигурувања се уште мора да посредуваат” – рече Ангеловска.

Таа го акцентираше влијанието на дигиталната технологија врз осигурителната индустрија.

“Примената на дигиталните технологии не е веќе прашање на одлука на осигурителните компании, затоа што трката е веќе почната, а тие што нема да ја прифатат на време, ќе ги чувствуваат последиците. Финтек револуцијата која во последниве десетина години се фокусираше претежно на банкарството, го зафати и осигурителниот сектор. Иншуртек e новиот game changer кој нуди можности за анализи кои ги предвидуваат потребите и желбите на клиентите и врз основа на тоа креираат производи кои им одговараат. Со употреба на вештачка интелегенција се инкорпорираат задачите на брокерите во еден микс на најдобри решенија за опслужување на клентите” – укажа министерката Ангеловска.

За презентирање на дигитални решенија во функција на подобрување на процесите на осигурителната индустрија, минатиот месец Агенцијата за супервизија на осигурување и Стопанската комора оганизираа конференција „Insurtech Skopje 2019“. Повеќе стартап компании ги презентираа своите решенија, меѓу кои за дигитализација на европскиот извештај за пријава на штета, за онлајн компарација на цени на осигурување од автоодговорност и каско, како и за решение за прибирање и обработка на податоци за возење.

Според министерката Ангеловска, организирањето на вакви и слични активности го покажува визионерскиот пристап на АСО на осигурителниот пазар, покажувајќи свесност за значењето на технологијата во оваа сфера и прифаќањето на стартапите како клучна алка од екосистемот која може да биде одличен извор на иновации со кои ќе се постигне далеку поголем квалитет и обем на услуги за крајните корисници.

Стабилниот финансиски систем е услов за ефикасна алокација на ресурсите и трајна доверба во финансиските институции. Затоа во земјава континуирано се вложуваат напори за јакнење на финансискиот систем преку обезбедување на подобра регулаторна рамка, прудентна супервизија и ефикасна заштита на потрошувачите. Министерството за финансии очекува растот на пазарот на осигурување да продолжи и во следните години, преку зајакнување на здравите макроекономски политики, добро дизајнираната регулатива и ефикасната супервизија.

Инаку, минатата година, остварена е бруто полисирана премија во вкупен износ од 9,9 милијарди денари, или просечен годишен раст од 5.5%. Последните податоци, заклучно со вториот квартал на 2019 година покажуваат дека на пазарот на осигурување активно работат 16 друштва за осигурување, од кои 11 друштва вршат работи на неживотно осигурување, додека 5 осигурување на живот. Исто така, делуваат 36 осигурително-брокерски друштва, 11 друштвата за застапување во осигурување и 6 деловни банки кои делуваат како застапници во осигурување.

Осигурување

Мој миленик – нов пакет на пазарот од Триглав Осигурување

Објавено

на

Триглав Осигурување воведува нов пакет на пазарот, Мој миленик, наменет за осигурување на кучиња. Пакетот обезбедува лекување на милениците и осигурување од ризиците смрт од болест и од несреќен случај. Триглав, во рамките на пакетот, бесплатно го вклучува и MyKi уредот за следење, како дополнителна алатка за што подобра безбедност на милениците. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Адвокатот Мирослав Вујиќ избран за член на Надзорниот одбор на Триглав пензиско друштво

Објавено

на

Триглав пензиско друштво АД Скопје преку соопштение на Македонска берза ја известува јавноста за промени во Надзорниот одбор на Друштвото. (more…)

Продолжи со читање

Осигурување

Македонски експерти ќе бидат дел од глобалниот настан насловен како „Иднината на осигурувањето во Европа“

Објавено

на

Во организација на водечката меѓународна новинарска агенција „Reuters” се организира Глобален настан насловен како „Иднината на осигурувањето во Европа“. Настанот е виртуелен и ќе биде одржан на 24-ти и 25-ти ноември. (more…)

Продолжи со читање

Популарно