Connect with us

Останато

Ангеловска: Новите мерки се дизајнирани да го поддржат македонското производство

Објавено

на

Новиот сет мерки e во насока да понуди стимулирање на приватната потрошувачка со акцент на домашната економија, домашната понуда, домашните компании. На тој начин, преку финансиска поддршка на граѓаните, ќе се поддржи и македонското производство, посочи министерката за финансии, Нина Ангеловска на гостувањето во емисијата „Економски магазин“.

„Мерките се така таргетирани со цел да го амортизираат економскиот удар, да понудат стимулирање на приватната потрошувачка со акцент на домашната економија, домашната понуда, домашните компании. Зборуваме за домашни производи и услуги и мораме да имаме предвид дека меѓу погодените сектори се и голем дел од услужните сектори. Ако ја погледнете нашата структура на бруто-домашен производ, околу 65% придонесува приватната потрошувачка. Зборуваме за мерки во периодот на ревитализирање на економијата, при  повторно отворање, односно во моментот кога се отвора малопродажбата, се отвараат молови” – рече Ангеловска.

Таа посочи дека стимулирањето на домашната потрошувачка ќе биде таргетирано.

„Да се помогне на најпогодените, на оние на кои им е најпотребно, на ранливите групи, работниците со мали примања. Зборуваме за сет мерки, од една страна насочени кон групи граѓани, од друга страна насочени кон одредени сектори, сегменти и индустрии.  Се работи за мерки кои на краток рок треба да дадат резултат во економијата за да ние можеме да зборуваме за најмал економски пад споредено со регионот, каков што ни се проектира. Мораме да имаме предвид дека падот на економијата и начинот на кој се справуваме ќе зависи многу од мерките што ги преземаме” – рече Ангеловска.

Министерката посочи дека мерките од првиот и вториот сет направиле одредена амортизација и биле пофалени и од Европската комисија и од Меѓународниот монетарен фонд.

Останато

Бесими: Законот за буџет е готов и поставен на Енер

Објавено

на

Законот за буџет денеска е прикачен на „Енер“. Секој може да се вклучи во јавната расправа. Се работи за реформски закон, усогласен со неколку европски директиви, информира денеска министерот за финансии Фатмир Бесими на состанокот со Македонската банкарска асоцијација. (more…)

Продолжи со читање

Останато

ФИТР: Отворен јавниот повик за иновациски ваучери – високообразовните институции се вклучуваат во развојот на домашната економија

Објавено

на

Од утрово е отворен јавниот повик за иновациски ваучери, наменет за воспоставување соработка во економски развој меѓу домашните компании и универзитетите и истражувачките центри. (more…)

Продолжи со читање

Останато

ЕБОР предвидува пад на економијата од дури 5 проценти годинава и раст од 3 проценти следната 2021 година

Објавено

на

„Брзината со која ќе има опоравување и раст ќе зависи од опоравувањето на економиите во земјите од еврозоната, но и од напредокот на домашните економски реформи, со кои би се подигнало нивото и квалитетот на јавните инвестиции и би се подобрил квалитетот на образованието за да се намали несоодветното ниво на вештини на пазарот на труд”, вели во интервју за МИА Анди Аранитаси, претставник на Европската банка за обнова и развој. (more…)

Продолжи со читање

Популарно