Connect with us

Останато

АНГЕЛОВСКА: Не сум повлекувала готовина свесно поради инсајдерски информации, туку наменски купив стан и инвестирав во фонд

Објавено

на

По бројните негативни коментари и реакции дека најверојатно министерката за финансии користела инсајдерски информации дека Еуростандард е пред стечај па во два наврати го повекла депозитот, министерката за финансии Нина Ангеловска се огласи со соопштение во јавноста во кое тврди дека парите и биле потребни за да купи стан.

Таа вели дека средствата ги повлекувала уште од минатата година и не ги префрлала во други банки, туку ги користела за други инвестиции.

Би сакала уште еднаш да ѝ ги соопштам на јавноста фактите и воедно да ги демантирам сите неточни информации кои тенденциозно се пласираат. Не е точна ни сумата која се наведува во текстовите – уште од минатата година преку половина од тие депозити се инвестирани во инвестициски фонд. Единствено што е точно во досега пласираните информации е дека сум имала депозит во Еуростандард банка.

Таа тврди дека средствата и биле за бизнис инвестиции уште пред да стане министерка, а дел од парите ги искористила за да купи стан, бидејќи како што вели таа, живеела под кирија, и истиот го пријавила во Антикорупциската комисија.

Ангеловска вели дека не ја донеа таа одлука врз основа на состојбата во која се наоѓала Еуростандард банка, додека нејзиниот ресор кој го води не го регулира работењето на деловните банки.

Пласирањето на неточни и тенденциозни информации во јавноста, го оценувам како обид за дефокусирање на јавноста, преку мое дискредитирање и нарушување на мојот углед. Цврсто сум убедена дека и овојпат јавноста ќе ги препознае фактите, пред лажните вести што се пласираат со цел да се креира погрешна перцепција“, додава Ангеловска во соопштението.

Останато

PayPal ќе дозволи употреба на криптовалути

Објавено

на

„PayPal” објави дека ќе им овозможи на клиентите да купуваат, продаваат и чуваат „Bitcoin” и други криптовалути користејќи ги неговите паричници на Интернет. Почнувајќи од почетокот на 2021 година, клиентите исто така ќе можат да ги користат овие виртуелни монети за да купуваат кај 26 милиони поврзани трговци. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Новиот корона бран ја намали деловната активност во Еврозоната

Објавено

на

Во октомври, економската активност во еврозоната се намали, бидејќи ограничувањата како резултат на ширење на корона вирусот, повторно стапија на сила, покажуваат прелиминарните податоци. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Авиокомпаниите ќе прават исти пресметки како и банките

Објавено

на

Кога британскиот туроператор Томас Кук се врати на пазарот минатиот месец, му требаше начин да ги убеди клиентите дека стана посигурен по неговиот банкрот во 2019 година и дека немаат за што да се грижат при резервацијата во пауза за време на пандемија. (more…)

Продолжи со читање

Популарно